Русија, Украина и ЕУ се вратија на преговарачка маса

Извор: Ројтерс

Извор: Ројтерс

Страните постигнаа консензус за испорака на хуманитарна помош на истокот од Украина

Шефовите на МНР на Русија, Украина, Германија и на Франција за првпат по еден и пол месец се сретнаа со цел да дискутираат околу ситуацијата во Украина. Преговорите кои се одржаа на 17 август во Берлин се покажаа како мошне тешки, така што страните не успеаја да се договорат за сопирање на огнот. Сепак „четворката“ има намера да продолжи со работа поврзана со подготовка на план за регулирање и подготовка на самитот ЕУ-Украина-Русија, на кој овој план ќе биде конечно утврден. 

Во 18 часот „четворката“ министри допатува во вилата „Борзиг“, каде се наоѓа гостинската резиденција на германското МНР, и помина таму пет часа. Домаќинот на средбата, министерот за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер во пресрет на средбата изјави дека тој има големи надежи за преговорите, кои можат да стават крај на насилството во источна Украина и да помогнат испорака на хуманитарна помош за населението. По завршувањето на средбата тој излезе, со цел да даде изјава за резултатите. Според тонот на неговото обраќање, резултатите од консултациите се повеќе од скромни. „Се договоривме дека најпрво ќе реферираме за резултатите на нашата средба во нашите земји и на нашите влади и потоа – најверојатно во вторник – ќе решиме на кој начин ќе ја продолжиме нашата дискусија“, изјави министерот. Тој ги нарече преговорите тешки, но изрази надеж дела учесниците успеале да дојдат до „определен прогрес“. 

Украина и санкциите го стегнаа Гаспром
Гаспром е подготвен да ја намали цената на гасот за европските потрошувачи. Во компанијата се плашат од новите меѓународни санкции и од засилена конкуренција на европскиот пазар. На Гаспром не му одговара да го изгуби својот дел од пазарот – за првпат по шест години корпорацијата забележа чиста загуба според кварталните резултати.

Шефот на украинската дипломатија Павло Климкин не даде никакви изјави, но неговите твитови не беа многу оптимистички: „Пет часа тешки разговори. Но, веројатно, за да се придвижиме, потребно е многу пати по пет часа“. Освен тоа, Климкин напиша и дека Киев не направил компромис: „Нема место за компромис онаму, каде државата треба да премине преку својата црвена линија. Украина не ја премина“. 

Министерот за надворешни работи на РФ Сергеј Лавров на журналистите им ги изнесе своите видувања во врска со средбата на брифинг во понеделникот утрото. Тој со жалење констатираше дека постои отсуство на прогрес во врска со прашањето за прекинување на огнот во Украина. Тоа, според Лавров, е „најважната задача, зашто луѓето гинат, се урива граѓанската инфраструктура“. 

„Ние ја потврдивме нашата руска позиција, која се состои во тоа дека прекинувањето на огнот, и тоа го деклариравме во повеќе наврати, треба да биде неусловено. Украинските колеги, за жал, продолжуваат да поставуваат различни услови, при што тие се сосема нејасни, вклучувајќи, како што тие велат, обезбедување на непреодност на границите“, додаде министерот. 

Според него, Русија нема „ништо против тоа контролата врз режимот на преминување на границата да биде максимално ефикасен“. Во врска со ова во Москва сакаат набљудувачката мисија на ОБСЕ во Украина да добие беспилотни летала за мониторинг на границата од украинска страна. 

Затоа беше постигнат определен прогрес во низа насоки. „Пред сè, тоа се однесува на конечно постигнатиот консензус во однос на хуманитарната помош за населението на југоистокот на Украина“, објаснува шефот на руското МНР. 

Обвинувањата на Запад и на Киев на адреса на Москва во врска со зголемувањето на тензиите во соседната земја, Лавров категорично ги одби. Концентрацијата и движењето на вооружените сили на руската територија во близина на украинската граница, според него „се поврзани со воените дејствија во регионот и се диктирани од интересите за безбедност“. „Претпазливоста не може да биде излишна, а ние сме обврзани да покажеме будност. На неколку километри, ако не на стотина метри, од нашата граница се води вистинска воја“, изјави тој. 

Лавров е уверен дека ситуацијата може да се придвижи од мртвата точка со заложба на Вашингтон. „За жал, САД не беа присутни на берлинската средба, но ние им испраќаме сигнал на нашите партнери во Вашингтон, со цел тие да влијаат врз киевските власти и да добијат прекинување на оваа братоубиствена војна и, потоа, почеток на преговарачкиот процес“, забележа тој. Впрочем, меѓународните заложби за регулирање на ситуацијата на истокот на Украина се бесполезни, додека Киев применува сила, изјави Лавров. 

Не е за изненадување тоа што претседателот на Франција Франсоа Оланд се обрати до властите на Украина со барање да бидат повоздржани во користењето воена сила. Според него, неделната средба во Берлин би можела да претставува прв чекор кон спроведувањето самит за украинското прашање „во нормандски формат“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња