Украински војници во Ростовската област. Извор: РИА Новости
Војниците сакаат да се вратат дома
Украинските војници не се деморализирани. Велат дека на почетокот немало проблеми со снабдување зашто муниција и храна им била доставувана со авиони. Тешкотиите настанале „кога започнало да се уриваат авиони“.
Многу војници се од западот на Украина. Во просек имаат од 35 до 40 години. Униформата и багажот им се уредни, а судејќи според односот на војниците и офицерите, дисциплината во единицата не е нарушена.
Кога украинските војници почнале да чувствуваат недостиг од муниција, храна и вода за пиење, немале голем избор: можеле да загинат, да се предадат на силите на самоодбраната или да ја уништат техниката и да преминат во Русија, како што направиле.
Војниците нерадо се претставуваат зашто стравуваат од кривично гонење во Украина. Јуриј е од Киевската област, има 50 години. Вели дека неговата единица била опколена околу еден месец.
„Последните четири дена водевме тешки борби“, се сеќава Јуриј. „Постојано стрелаа кон нас од минофрлач. Пред да преминеме во Русија непрекинато се боревме 11 часа“.
Јуриј вели дека „80% од воената техника и од возилата на бригадата се уништени“. Само два тенка успеале да се пробијат низ опсадата. Пред тргнувањето во Русија Јуриј со мобилен телефон го фотографирал својот уништен тенк и фотографијата ја испратил на својот син „за да не помисли дека татко му туку-така се предал“.
Тој напоменува дека не морале да ги погребуваат загинатите на боиштето зашто припадниците на проруската самоодбрана дозволувале да се изнесуваат телата на загинатите и да се евакуираат ранетите..
„Кога решивме да преминеме во Русија имавме околу 40 ранети, а имаше и многу загинати“, додава Јуриј.
Неговиот соборец, 40-годишниот Михаил потврдува: „Загубите беа огромни“.
Михаил е од едно село од Киевската област. Тенкот му бил кренат во воздух кога единицата паднала во заседа во реонот на градот Красни Партизан во Луганската област.
„Бев повикан на 10 март на десетдневна воена вежба и на дополнителна обука. Тогаш никој не споменуваше војна“, раскажува Михаил.
Многумина од војниците во разговор со дописникот на Комерсант изразиле желба „да се вратат дома и на работа“, но не знаат каде ќе ги испратат кога ќе стасаат назад во Украина. Претпоставуваат дека ќе мораат повторно да заминат на фронт.
Киев ги заборавил опколените војници
Според официјалните податоци, на 4 август на територијата на Русија преминале 438 украински војник, меѓу кои и 164 граничари. За нив е отворен хуманитарен коридор со кој стасаа на територијата на Руската Федерација. Во привремениот прифатен камп „можеа да се истушираат, да добијат чиста облека и храна“, по што повеќе од 180 украински војници се вратија дома преку контролниот пункт „Матвеев Курган“. Беше предвидено во следните 24 часа и останатите војници да се вратат во Украина.
Во Киев потврдија дека „голема група војници од 72 моторизирана бригада“ била принудена да ја премине украинско-руската граница. Според претставник на прес-центарот за воени операции Алексеј Дмитрашковски, опколените војници решиле да ја преминат границата кога останале без муниција.
Експерти од Киев за Комерсант изјавија дека масовното преминување на украинските војници на територијата на Русија покажува на можноста дека групата опколена во таканаречениот „јужен котел“ наскоро ќе престане да постои како воена формација. Пред околу еден месец 4 до 5 илјади украински војници беа опколени во зоната помеѓу самопрогласената Донецка Народна Република (ДНР) и границата на Русија. Задачата на оваа група била да ја отсече ДНР од Русија, но не успеала во тоа и се нашла во опсада.
Кога украинските војници почнале да чувствуваат недостиг од муниција, храна и вода за пиење, немале голем избор: можеле да загинат, да се предадат на силите на самоодбраната или да ја уништат техниката и да преминат во Русија, како што направиле. Според мислењето на соговорникот на Комерсант од Киев, примерот на војниците од 72 моторизирана бригада наскоро би можеле да ги следата и останатите припадници на уште две единици разбиени во „јужен котел“, 28 гардиска механизирана бригада и 78 специјална воздушно-десантна бригада. Во тој случај опколената групација фактички ќе престане да постои.
Но, Киев како да не е заинтересиран за судбината на опколените војници. Се зборува само за успесите во другите делови на фронтот и за „скорешна победа“ над силите на самоодбраната. Советникот на украинскиот претседател Јуриј Луценко изјави дека Киев „има сосема неочекуван план за конечно освојување на Донецк“.
Рускиот текст на сајтот на Комерсант.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче