Клинцевич: НАТО се подготвува за „глобален удар“ врз Русија

Северноатлантската алијанса, со распоредувањето сили во поранешните советски воени бази во Европа, подготвува база за глобален напад врз Русија, изјави првиот заменик-претседател на Комитетот на Советот на Федерацијата за одбрана и безбедност Франц Клинцевич.

„Тие имаат многу сериозни планови во рамките на концептот на тнр. глобален удар. НАТО ги активира нашите стари советски бази во балтичките земји, Романија, Полска, распоредува луѓе таму“, изјави Клинцевич за „Интерфакс-АВН“.

Тој истакна дека бројот на војниците на НАТО се зголемил за 19 пати во овие земји. Во апсолутни бројки, рече сенаторот, тоа можеби не е премногу, а ризикот е низок. „Но, всушност, се подготвува простор каде што може да биде доставена опрема и да се подготви основа за реализација на големите планови“, изјави сенаторот.

Тој потенцираше дека рускиот Генералштаб ја следи ситуацијата во врска со активностите на НАТО во близина на руската граница. „Се разбира, ние ќе пренасочуваме (борбени средства), преместуваме (сили) земајќи предвид како се одвива активноста на НАТО. И, се разбира, тоа, пред сѐ, им се заканува на земјите каде што се наоѓаат системите за противракетна одбрана.

Истовремено, смета сенаторот, во моментов Русија не треба особено да ја загрижуваат активностите на НАТО во близина на руската граница. „Да, тие се интензивираа, при што повеќе ја затегнаа ситуацијата, обдувајќи се да покажат дека Русија има некакви агресивни намери во Русија“, потенцира Клинцевич.

Тој исто така ја коментираше неодамнешната изјава на полскиот министер за одбрана дека еден баталјон на НАТО во Полска ќе биде во можност да ја задржи „руската агресија“. „Од гледна точка на еден разумен човек тој министер воопшто не разбира што се тоа современа војна, средства и што може да направи еден баталјон“, изјави Клинцевич.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња