Како пресудата за ЈУКОС ќе влијае врз Русија?

Според решението на Арбитражниот суд во Хаг, Русија треба да им врати на поранешните акционери на компанијата ЈУКОС околу 50 милијарди американски долари. Извор: AP

Според решението на Арбитражниот суд во Хаг, Русија треба да им врати на поранешните акционери на компанијата ЈУКОС околу 50 милијарди американски долари. Извор: AP

Поранешните акционери во некогашната најголема руска нафтена компанија ЈУКОС го добија предметот против Русија во Арбитражниот суд во Хаг, со што добија 50 милијарди американски долари. Доколку Русија не успее да ја докаже својата правдина во апелација, тогаш на барање на тужителите може да се конфискува кој било имот на земјата во странство, а кое не се користи за владини потреби.

Суштината на решението 

Според решението на Арбитражниот суд во Хаг, кое беше објавено на 28 јули годинава, Русија, како страна што го изгуби спорот, треба да им врати на поранешните акционери на компанијата ЈУКОС околу 50 милијарди американски долари. На оваа сума беа проценети 70% од компаниите што им припаѓаат на тужителите, а исто така и не до крај добиените дивиденди со засметан попуст за ризик. Тоа е всушност компензација за банкротирањето и за продажбата на активите на нафтената компанија во 2004 година.  

Во 1993 година кога судот во Луксембург ја прифати тужбата против Русија од страна на швајцарската фирма Noga. Сумата на тужбата беше 300 милиони американски долари, и компанијата во текот на неколку години конфискуваше руски воени авиони, изложбени слики, сметки на компании итн.

Според мислењето на судот, Русија ја нарушила Енергетската повелба и во 2004 година де-факто ја експроприрала нафтената компанија од нејзините законски сопственици. Всушност, клучниот актив на ЈУКОС, нафтената компанија Југанскнефтас, премина под контрола на државната Роснефт. Како што изјави министерот за надворешни работи на РФ Сергеј Лавров, Русија ќе се жали на решението на арбитражата во судовите во Холандија, а подоцна ваква изјава дадоа и од Министерството за финансии на Русија. Според официјалните податоци од ресорното министерство, Русија ја нема ратификувано Енергетската повелба, туку само има потпишани договор за присоединување, што значи дека процесот не може да се одвива во судот во Хаг. 

Во секој случај, според аналитичарот на инвестицискиот холдинг ФИНАМ Антон Сороко, „ова е сигнал за тревога за инвеститорите кои со сите правди и неправди се истуркуваат од нашата земја“. Згора на тоа, потенцијално можат да настрадаат и најголемите државни нафтени компании Роснефт и Гаспром, кои судот во Хаг ги нарече бенефициенти од банкротството на ЈУКОС. „Со оглед на тоа дека во судскиот процес Гаспром и Роснефт беа повикани како лица кои се одговорни заедно со Руската Федерација, ова значи дека судската одлука за побарување 50.02 милијарди американски долари се однесува и на нив“, вели правникот на адвокатското биро „Плешаков, Ушкалов и партнерите“ Дмитриј Горбатенко. Според него, ова би можело да значи дека постои можност за преадресирање на исплатата на компензацијата за сметка на Гаспром и на Роснефт, а во најлош случај и конфискација на нивниот имот во странство. „Безусловно, решението ќе има политичка компонента. За руските компании решението на судот лежи во заедничкото поле за противдејствие на дејноста на рускиот бизнис“, се согласува главниот аналитичар на UFS IC Алексеј Козлов. 

Активите се под закана 

По пресудата на Арбитражниот суд во Хаг, Русија има 10 дена за поднесување приговор во судовите во Холандија, вели постариот партнер на адвокатското биро „Јурлов и партнерите“ Владислав Цепков. Според него, до 15 јануари 2015 година Русија треба да го исплати својот долг, зашто во спротивен случај на сумата ќе се пресметува камата. 

Што велат експертите за ослободувањето на Ходорковски?
Претседателот на Русија Владимир Путин потпиша указ за помилување на поранешниот претседател на ЈУКОС Михаил Ходорковски. Указот стапува во сила од денот на неговото потпишување, 20 декември 2013 година. Аналитичарите се уверени дека ова е мошне добра вест за Русија. Според социолошките анкети, граѓаните исто така позитивно ја прифаќаат оваа вест.

Во поновата руска историја активите на земјата веќе беа конфискувани врз основа на тужби во странски судови. Најпознатиот случај беше во 1993 година кога судот во Луксембург ја прифати тужбата против Русија од страна на швајцарската фирма Noga. Сумата на тужбата беше 300 милиони американски долари, и компанијата во текот на неколку години конфискуваше руски воени авиони, изложбени слики, сметки на компании итн. Сепак во 2009 година Федералниот апелационен суд на САД конечно ги одби барањата на Noga од Русија. Од друга страна, на германскиот бизнисмен Франц Зелдермаер во 1998 година му успеа да добие од Русија 2 милиони евра во Стокхолмскиот арбитражен суд. Во 2010 година Стокхолм ја конфискуваше зградата на руското трговско претставништво во Шведска, а во февруари 2014 година зградата беше продадена на аукција, а парите му беа исплатени на бизнисменот. 

Како што прогнозираат експертите, доколку Русија не успее пред апелационата инстанција да ја докаже неправилноста на одлуката поврзана со ЈУКОС, тогаш тужителите ќе бараат продажба на руските активи во странство. Според правникот од адвокатското биро „Плешаков, Ушкалов и партнерите“ Дмитриј Горбатенко, можат да бидат конфискувани „кои било активи на Руската Федерација врз кои не постои државен имунитет“. Како што забележува раководителот на информациско-аналитичкото одделение на групацијата за ревизија и консалтинг „Градиент Алфа“ Виталиј Цветков, не може да се конфискува единствено имот во странство кое се користи за државни потреби, меѓу кои се амбасади, конзулати, претставништва, а Русија не поседува комерцијален имот во износ од 50 милијарди американски долари во странство. „Под закана се странските активи на државните компании, но не постои правосилна практика за конфискација на ваквиот вид недвижности, што значи дека судските процеси за овие активи ќе бидат долги и сложени“, вели експертот.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња