Русија останува без големиот фудбал?

Низа високи функционери од европските земји повикуваат на Русија да ѝ биде одземено правото да биде домаќин на светското првенство во фудбал во 2018 година. Извор: AP

Низа високи функционери од европските земји повикуваат на Русија да ѝ биде одземено правото да биде домаќин на светското првенство во фудбал во 2018 година. Извор: AP

Низа високи функционери од европските земји повикуваат на Русија да ѝ биде одземено правото да биде домаќин на светското првенство во фудбал во 2018 година. Руските функционери, пак, сметаат дека јазикот на забрани и бојкоти е неконструктивен. Во ФИФА тврдат дека шампионатот ќе се одвива на територијата на Русија.

Сè уште не успеаја да стивнат страстите од светскиот шампионат 2014, а јавноста веќе почна да зборува за следниот Мундијал кој треба да се одржи во Русија. Всушност, дискусии воопшто не се водат на спортска тема. Низа западни политичари започнаа да го поставуваат прашањето за одземање на статусот домаќин на светското првенство во фудбал на Русија поради нејзината политика во однос на Украина. 

Фудбалот како составен дел од санкциите 

Доколку мартовските изјави на американските сенатори-републиканци Марк Керк и Ден Коутс за неопходноста од исклучување на руската национална репрезентација од светскиот шампионат 2014 поради присоединувањето на Крим не беа сфатени сериозно, сега ситуацијата е поинаква. Повикот на Русија да ѝ се одземе правото за првпат да биде домаќин на светскиот шампионат се слушна од устите на високи функционери.  

Тешко дека некоја репрезентација ќе реши да го бојкотира фудбалскиот шампионат во 2018 година. Тоа ќе биде најсилен удар по репутацијата на земјата и на нејзините фудбалери, кои жестоко се борат за правото на учество во финалниот дел на турнирот.

Вјачеслав Колосков, поранешен заменик-претседател на ФИФА 

Така, британскиот вицепремиер Ник Клег повика на пожестоки санкции во однос на Москва. Според него „незамисливо“ би било да ѝ се даде можност на Москва да се гордее со престижот за  организирање на светски турнир, Клег смета дека однесувањето на Русија ги има надминато сите граници и, доколку биде дозволено таа да биде домаќин на светското првенство, останатиот свет ќе се покаже себеси слаб и лицемерен. 

Вицепремиерот на Велика Британија го поддржа лидерот на владејачката десноцентристичка коалиција во парламентот на Германија Михаел Фукс. Лишувањето на Русија од можноста да го организира светското првенство во фудбал ќе ѝ зададе на земјата поголем удар, одошто економските санкции, изјави политичарот за германското издание Handelsblatt Online. 

Загриженост во врска со местото на кое ќе се одвива следниот светски шампионат покажаа и некои луѓе од светот на фудбалот. Поранешниот тренер на фудбалската репрезентација на Холандија Џон ван Шип повика на бојкот на светското првенство, доколку тоа се одвива во Русија. „Се обраќам до Кралскиот фудбалски сојуз на Холандија, до владата на земјата и до ФИФА: бојкотирајте го светското првенство во фудбал во Русија“, напиша поранешниот помошник на легендарниот Марко ван Бастен на својот Твитер-акаунт. Твитот исто така беше дополнет со хаштагот #MH17 – бројот на авионот на авиокомпанијата Malaysia Airlines, кој леташе на линијата Амстердам – Куала Лумпур, кој на 17 јули се урна на југоистокот од Украина. 

Русија доби поддршка од ФИФА 

Сепак овие наводи не го убедија раководството на ФИГА. Во својата официјална изјава претставниците на организацијата изјавија дека бојкотот на спортските настани, а исто така и политиката на изолација и на конфронтација не се најефикасните методи за решавање на проблемите. „Светското првенство ги обединува репрезентациите и земјите од сиот свет“, се вели во изјавата. Во организацијата се уверени дека светското првенство ќе се одвива на територијата на Русија. 

Путин пред најголем предизвик досега
Фјодор Лукјанов, претседател на Советот за надворешна и одбранбена политика, во интервју за Russia Direct ги толкува најважните моменти од обраќањето на Путин во Советот за безбедност на РФ на 22 јули. Претседателот на РФ тогаш изјави дека Русија „не гледа директни надворешни закани“, но и дека „адекватно“ и „симетрично“ ќе одговори на зајакнатото присуство на НАТО во Источна Европа.

Министерот за спорт на Русија Виталиј Мутко смета дека реагирањето на острите изјави на политичарите е непрактично. „Постоеле бојкоти во историјата на светскиот спорт: Олимпијадата во Москва во 1980 година беше бојкотирана. Потоа сите признаа дека тоа било погрешно. Затоа е бесмислено да се реагира на изјавите на политичарите кои од тоа си прават имиџ“, изјави Мутко. 

Светското првенство не е поле за политички дискусии 

Слична позиција има и првиот заменик-претседателот на РФС, европскиот шампион Никита Симонјан: „Главната цел на светскиот шампионат е да ги сплоти сите земји-учеснички. Турнирот треба да биде спроведен под паролата фер-плеј. Зошто да се даваат вакви остри изјави? Светскиот шампионат претставува празник за фудбалот, а не поле за политички дискусии. Светското првенство во Бразил уште еднаш го покажа тоа. Пред турнирот многумина велеа дека инфраструктурата на Бразил не е подготвена за турнирот, и дека поради уличниот криминал многу гледачи нема да заминат во Јужна Америка. Како резултат на тоа фудбалското првенство 2014 стана еден од најпосетените турнири во целата историја, а квалитетот на стадионот не предизвика никакво сомневање“, забележа Симонјан во разговор со новинарот на “Руска реч на македонски“. „За жал, некому му оди во полза да се развие ваква информациска војна. Но, ние немаме време да мислиме на тоа сега. Сега сите треба да се смират и да почнат да размислуваат за подготовките за претстојниот турнир“. 

Почесниот претседател на РФС, а во минатото заменик-претседател на ФИФА (1980-1996) Вјачеслав Колосков за „Руска реч на македонски“ изјави дека руските власти добиле поддршка од раководството на ФИФА. „Светското првенство во 2018 година ќе се одржи во Русија, за тоа нема сомнение. Настанатата ситуација ја разгледувавме со господинот Валке (генералниот секретар на ФИФА – заб. ред.) и со господинот Балтер (претседателот на ФИФА – заб. ред.).Тие нè поддржуваат во оваа ситуација. Во ФИФА сите се заинтересирани настаните во Украина да не направат пречки во организацијата на светското првенство. Ја градиме потребната инфраструктура: стадиони, бази, хотели. Можеби малку доцниме со роковите за изградба, но уверен сум дека ќе завршиме на време“. 

„Тешко дека некоја репрезентација ќе реши да го бојкотира фудбалскиот шампионат во 2018 година. Тоа ќе биде најсилен удар по репутацијата на земјата и на нејзините фудбалери, кои жестоко се борат за правото на учество во финалниот дел на турнирот“, подвлече Колосков.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња