Москва одговара на санкциите на САД?

Москва и Техеран во 2007 година потпишаа договор за испорака на системите С-300. На фотографијата: С-300 ПМ. Извор: mil.ru.

Москва и Техеран во 2007 година потпишаа договор за испорака на системите С-300. На фотографијата: С-300 ПМ. Извор: mil.ru.

Одговор на санкциите на САД против претпријатијата од рускиот военоиндустриски сектор може да стане обновувањето на руско-иранскиот договор за испорака на системите ПВО С-300 на Техеран. Во секој случај, Иран се надева на тоа. Како што изјавува Мехди Санаи, амбасадор на Иран во Русија, ова прашање сега се разгледува.

Според Мехди Санаи, Техеран очекува дека Русија ќе му продаде на Иран С-300 или други, уште посовремени зенитни ракетни системи. „Наши претставници од Министерството за одбрана во повеќе наврати преговараа со партнерите во Русија“, изјави амбасадорот за агенцијата Интерфакс. „Мислам дека меѓу нив постои добро заемно разбирање. Се надевам дека ќе добиеме С-300 или некој друг, уште посовремен систем,. Ова прашање сега се решава“. 

„Иран сè уште го смета за важечки договорот за испорака на С-300, зашто санкциите кои беа воведени во согласност со резолуцијата 1929 на Советот за безбедност на ОН, не се однесуваат на договорот за купување С-300, со оглед на тоа дека тој е потпишан пред воведувањето санкции“, потсети дипломатот и додаде дека станува збор за „одбранбено, а не за офанзивно оружје“. 

Да потсетиме дека Москва и Техеран во 2007 година потпишаа договор за испорака на системи С-300 и дека на реализацијата на овој договор се спротивстави државниот врв на Израел и на САД. Советот за безбедност при ОН во 2010 година ја усвои четвртата по ред резолуција со која на Иран му се воведуваат санкции. Во оваа резолуција за првпат се воведени ограничувања поврзани со продажба на конвенционално оружје на Техеран, вклучувајќи ги тука и ракетите и ракетните системи, тенковите, јуришните хеликоптери, воените авиони и воените бродови. 

Руската страна тогаш изјави дека ограничувањата од новата резолуција се однесуваат и на договорот со кој се предвидува испорака на системите С-300ПМУ1 на Техеран. 

Тогашниот претседател на РФ Дмитриј Медведев на 22 септември 2010 година потпиша указ “За мерките на почитување на резолуцијата 1929 на Советот за безбедност на ОН од 9 јуни 2010 година“. Русија на 7 октомври истата година го поништи договорот за продажба на С-300 на Иран. Иран поднесе тужба до Меѓународниот арбитражен суд во Женева против руската компанија “Рособороноекспорт“ поради непочитување на договорот за испорака на С-300, и бараше отштета од 4 милијарди долари. 

И руските експерти не ја исклучуваат можноста претходниот договор со Иран за испорака на системи С-300 да добие нов импулс во меѓународната ситуација што настана по санкциите кои САД ги воведе за претпријатијата од рускиот военоиндустриски сектор. 

Рускиот текст на порталот на Московски комсомолец. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња