Опасностите на московското метро

Извор: ИТАР-ТАСС

Извор: ИТАР-ТАСС

Според првичните податоци, бројот на загинатите како резултат на излегувањето на вагоните од шините во московското метро порасна на 22 лица, соопштуваат од Министерството за вонредни состојби.

Инцидентот се случи во пикот, кога стотици илјади московјани одеа на работа. Експертите и обичните луѓе зборуваат за несовршенството на метрото во престолнината и укажуваат на наглиот пораст на несреќни случаи во последниве неколку години. Но, дали е навистина така, зашто според раководството на Московскиот метрополитен, бројот на прекини во работата на метрото е намален за двапати за последниве десет години.

Ова воопшто не е прв инцидент во метрото на главниот град, а никој не ни ги кажува конкретните причини. Во последниве години се зборува исклучиво за технички причини, а се собраа многу... Причините за несреќите се кријат многу подлабоко. Сосема е можно да станува збор за некомпетентност на луѓето што се занимаваат со опслужување на системот за безбедност.

Сергеј Митрохин

раководител на политичката партија „Јаболко

Како што јавува РИА Новости, само во 2014 година во московското метро се случиле неколку големи вонредни случаи. Најголемиот беше на 21 март, каде поради потопување на шините на дел од Арбатско-Покровската линија беше запрено движењето меѓу станиците Шчелковскаја и Партизанскаја (на истокот од градот – заб.. ред.). Службите за спасување евакуираа околу 600 лица, а како последица на несреќата загина работник на Московскиот водовод. Според првичните податоци причина за несреќата е спроведување на ремонт на површината, при што бил оштетен водоводот. 

Претходно за најголема несреќа се сметаше онаа од 5 јуни 2013 година. Тогаш се запали кабел на преминот меѓу станицата Библиотека имени Ленина и Охотни рјад (во центарот на градот – заб. ред.), што доведе до зачадување. 4.5 илјади патници беа евакуирани, а 50 се здобија со повреди. Движењето беше вратено во нормалата кон средината на денот, а самиот инцидент доведе до сообраќаен колапс во Москва. 

Што велат властите на престолнината 

Како што забележува началникот на Московскиот метрополитен Иван Беседин, во последниве 13 години бројот на прекини во работата во метрото на престолнината е намален за двапати. Под „прекин“ вработените во метрото подразбираат каков било настан кој довел до прекин во движењето на возовите. Тоа може да биде од техничка неисправност, а може и паѓање на некој човек на шините. Исто така е и забележувањето на оставени предмети кога е потребно да се повикаат оперативни служби, зашто не се знае дали тие претставуваат опасност. И, секако, несреќни случаи, како оној на кој бевме сведоци вчера. „Во 2000 година бројот на прекини во Московскиот метрополитен беше 4,928, а резултатите од 2013 година покажуваат дека имало 2.064 прекини. Исто така ние гледаме и со колкаво темпо расте преносот на информации, и секој случај станува јавно достапен. Во ваква една ситуација од нас се бараат уште пооперативни методи на реагирање“, вели Беседин. 

Денес во Москва е прогласен ден на жалост поради загинатите лица при несреќата што се случи на Арбатско-Покровската линија.

Вкупната должина на метрото во главниот град изнесува 900 километри. Во последниве неколку години жителите на Москва станаа сведоци на десетина големи несреќи во метрото. И како што изјави поранешниот пратеник на Московското градско собрание и раководител на политичката партија „Јаболко“ Сергеј Митрохин, неопходно е да се постави прашањето за професионализмот на луѓето што се наоѓаат на чело на метрополитенот, а исто така и за транспарентноста на работата на системот. 

„Ова воопшто не е прв инцидент во метрото на главниот град, а никој не ни ги кажува конкретните причини. Во последниве години се зборува исклучиво за технички причини, а се собраа многу... Причините за несреќите се кријат многу подлабоко. Сосема е можно да станува збор за некомпетентност на луѓето што се занимаваат со опслужување на системот за безбедност“, забележува Митрохин. 

Според него, московјаните од чиновниците немаат добиено подробна информација за причините на претходните несреќи, така што луѓето се станати заложници на непрозрачноста на системот. 

Непријатна вистина 

Како резултат на несреќата на Арбатско-Покровската линија на метрото загинаа 22 лица. 

Забележлив е фактот што жителите на Москва веќе им имаат соопштувано на властите за неисправности на делот помеѓу станиците Парк победи и Славјански буљвар. Како што пишува граѓанскиот активист Сергеј Молостов на својот профил на Фејсбук, претходно тој имал испратено официјално писмо во одделот на Московскиот метрополитен со соопштение за „вибрации на вагоните на преминот од станицата Киевскаја кон станицата Парк победи и од станицата Парк победи кон станицата Славјански буљвар на Арбатско-Покровската линија. Градските власти му одговориле дека „шините се во соодветство со техничките норми, дека не постојат отстапки, а големината на вибрациите соодветствува на техничките норми“.

Вчера, пак, истражниот комитет на РФ донесе одлука за поведување постапка за несреќата.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња