Рускиот претседател Владимир Путин на 19 декември на прес-конференција изјави дека руските тајни служби „не соработуваа со Сноуден на оперативен план“. Извор: AFP/East News
Молбата на Едвард Сноуден за продолжување на рокот на престој на територијата на Руската Федерација е предадена во Подмосковкото одделение на Федералната миграциска служба, потврди за новинарите Анатолиј Кучерна, адвокат на Сноуден.
„Процедурата на руското законодавство е мошне едноставна: доколку граѓанин на некој држава сака да остане или да живее на територијата на Русија, во конкретниов случај тоа е Едвард Сноуден, тогаш мора да ја помине процедурата на привремен азил. Ние ја минавме таа процедура“, изјави Кучерна. Тој истакна дека на 31 јули истекува овој рок.
„Ги предадовме документите за продолжување на неговиот престој на територијата на Русија“, изјави адвокатот.
Тој одби да прецизира „со каков статус (тие) сакаат да добијат продолжување“. „Одлуката останува на Федералната миграциска служба“, објасни адвокатот.
Во Федералната миграциска служба не ја коментираат можноста за продолжување на привремениот азил на Едвард Сноуден. Државните органи истакнуваат дека тоа е доверлива информација која не може да им биде пренесена на медиумите.
Да потсетиме дека Сноуден доби азил на 1 август 2013. 30-годишниот Сноуден, кој на медиумите им предаде податоци за тоа дека американските тајни служби имале меѓународен проект за прислушување, а во јуни минатата година пребега во Русија и повеќе од еден месец помина во транзитната зона на аеродромот Шереметјево.
Рускиот претседател Владимир Путин на 19 декември на прес-конференција изјави дека руските тајни служби „не соработуваа со Сноуден на оперативен план“.
Сноуден во САД е обвинет за прекршување на два члена од законот на САД за шпионажа (недозволено објавување информации кои се однесуваат на националната одбрана и намерено предавање на податоците на американските разузнавачки служби на лица кои немаат право за добивање такви податоци).
Тој е, исто така, обвинет и за кражба на сопственост на владата на САД. Според секоја точка од обвинението на Сноуден му се закануваат по десет години затвор.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче