Анатолиј Кузнецов: На пограничната територија на Русија во моментов се наоѓаат 414.726 лица. Исто така 20.461 лице веќе имаат побарано привремен азил. Извор: ИТАР-ТАСС
Како што изјави советникот за информации на претставништвото на Управата на врховниот комесар на ОН за бегалци Галина Негрустоева, податоците на претставништвото на Обединетите Нации во Русија не се разликуваат од оние на Федералната миграциска служба (ФМС).
„Нашите соработници отпатуваа во пограничните делови, ние видовме сè со свои очи, така што немаме причина да не им веруваме на информациите на миграциската служба на Русија“, ги потврди за „Руска реч на македонски“ податоците на ФМС на Русија Негрустоева. Според изјавата на институцијата на 7 јули годинава, во моментот во Русија живеат околу 1.8 милиони државјани на Украина, а меѓу нив 480 илјади лица се дојдени од регионите на воени дејствија.
Според информациите на Министерството за вонредни состојби на Русија, за прием на украинските државјани функционираат 300 пункта за привремен престој на бегалците.
Поголемиот дел од државјаните на Украина засега не се обраќале во Федералната миграциска служба за добивање официјален статус на бегалци. Дел од луѓето се сместени во привремените логори во блиските региони, а дел заминале кај своите роднини и пријатели на територијата на Русија.
„На пограничната територија на Русија во моментов се наоѓаат 414.726 лица. Исто така 20.461 лице веќе имаат побарано привремен азил, и оваа бројка ќе расте, а добиените статуси ќе се менуваат“, изјави заменик-раководителот на Федералната миграциска служба на Русија Анатолиј Кузнецов во понеделникот на седницата на Граѓанската комора на Руската Федерација.
Државјаните на Украина можат слободно да се наоѓаат на територијата на Русија во рок од 90 дена, а потоа мораат да се вратат во својата татковина или да добијат дозвола за престој преку Федералната миграциска служба. Како што забележа Кузнецов, мошне е популарна програмата за доброволна преселба на сонародниците.
Според Негрустоева, советникот за информации на претставништвото на Управата на врховниот комесар на ОН за бегалци, во моментот во Русија живеат околу 1.8 милиони државјани на Украина, а меѓу нив 480 илјади лица се дојдени од регионите на воени дејствија.
„Од почетокот на граѓанската војна оваа можност е покачена за пет пати. Државјани на Украина кои сакаат да добијат руско државјанство има седум пати повеќе, а такви што сакаат да добија привремен престој – четири пати повеќе. Главно на соработниците на Федералната миграциска служба им се обраќаат жители од Донецката, Луганската и Днепропетровската област“, вели претставник на миграциската служба.
Информациите што доаѓаат од оваа служба велат дека приемот на граѓани е организиран во десетици региони на Руската Федерација. Во некои од нив поради големиот наплив на бегалци објавена е вонредна состојба.
Според информациите на Министерството за вонредни состојби на Русија, за прием на украинските државјани функционираат 300 пункта за привремен престој на бегалците.
Погрешната страна на војната
Во исто време , директорот на автономната некомерцијална организација „Московско биро за помош во заштитата на правата на човекот“ Александар Брод забележува дека во моментов официјално барање за добивање статус на бегалец имаат поднесено само 1.300 лица. Според него, олку нискиот број е показател на нискиот степен на правната писменост на граѓаните што ја минуваат границата.
„Сега е многу полесно да се добие статус на бегалец, за тоа се потребни три месеци. Процедурата е поедноставена специјално за оние кои доаѓаат од зоните на конфликт. Статусот на бегалец овозможува добивање бенефиции, користење социјални услуги и добивање можност за работа. Се доделува статус на една година, кој потоа може да биде продолжен“, вели Брод.
Според него, додека барањата се разгледуваат, луѓето ќе можат да добијат работа преку мобилните служби за вработување, кои работат во пограничните региони.
„Бегалците ќе можат брзо да добијат место во угостителската дејност – готвачи, работници во кујна. Исто така се потребни и градежници. Платите за овие специјалности за државјаните на Украина не се разликуваат од оние за месните жители и достигнуваат до 40 илјади рубли (900 евра)“, вели претставникот на службата за вработување Жана Денискина.
Како што изјави шефот на администрацијата на претседателот на Руската Федерација Сергеј Иванов, во блиска иднина бегалците од Украина кои решиле да останат во Русија, ќе можат да сметаат и на финансиска помош. Средствата за вдомување на ново место тие ќе ги добијат преку федералната програма за доброволно преселување на сонародниците, во која е решено да се приклучи Ростовската област која се наоѓа на границата со Украина и најблискиот Ставропољски крај.
Забелешки
Информации за бегалците од Крим: http://comments.ua/life/467099-bezhentsi-krima-provedut-sezd-kieve.html
Московско биро за помош при заштитата на човековите права: http://www.president-sovet.ru/composition/3113/
Материјалот беше изменет по неговото објавување. Претставникот на ОН не го кажа бројот на украинските бегалци, туку ги потврди податоците на Федералната служба за миграција на Русија за нивниот број, а исто така и достоверноста на информациите дадени од Федералната служба за миграција на Руската Федерација. „Руска реч на македонски“ им се извинува на своите читатели за неточната формулација.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче