Кој води информациска војна?

Претставниците на најголемите светски весници се собраа во Москва на 26 и 27 јуни на петтата средба на партнерите на проектот Russia Beyond the Headlines, во кој влегува и „Руска реч на македонски“.

Претставниците на најголемите светски весници се собраа во Москва на 26 и 27 јуни на петтата средба на партнерите на проектот Russia Beyond the Headlines, во кој влегува и „Руска реч на македонски“.

Настаните околу Украина го доведоа светот не само до нова информациска војна, туку во јавното мислење во светот предизвикаа сериозни разлики за претставата за реалност. До ваков заклучок дојдоа меѓународните стручњаци за време на панел-дискусијата одржана во Москва во рамките на петтата средба на партнерите на проектот Russia Beyond the Headlines, во кој влегува и „Руска реч на македонски“.

Реториката на информациската војна 

Дури ни за времето на Студената војна реториката на спротивставените страни не беше толку емотивна и субјективна, колку што е за време на украинскиот конфликт, сметаат стручњаците на RBTH. 

„Се соочивме со проблемот на поедноставување на еден сериозен етнокултуролошки и историски проблем на Украина во медиумите во Русија и на Западот“, истакна претседателот на президиумот на Советот за надворешна и одбранбена политика, Фјодор Лукјанов. Според него, луѓето не секогаш можат да ја воочат разликата помеѓу фактите и емотивните изјави во медиумите, што доведува до тоа многу работи да бидат претставени искривено. Притоа не постои јасна претстава за тоа дека до крвопролевањето во Украина доведе токму незадоволството на народните маси од политичарите.

Кризата во Украина може да доведе до хуманитарна катастрофа
Без разлика на кризата во Украина, која трае веќе подолго време, Советот за безбедност на OН продолжува да бара решение и за другите меѓународни проблеми, вклучувајќи ја војната во Сирија, активацијата на исламските радикали во Ирак, иднината на Авганистан. За сето тоа зборува постојаниот претставник на Русија во Организацијата на Обединетите Нации Виталиј Чуркин во своето ексклузивно интервју.

„Денес во медиумите има премногу информации за Украина, во 'информациската војна' на читателите им се сервираат премногу податоци. И во нивната глава настанува конфузија“, вели Лукјанов.

Со овој став се сложува и уредникот на неделникот „Комерсант-Власт“ Александар Габуев. Според него, фактот што не само читателите, туку и новинарите што работат „за масите“ недоволно го познаваат етнокултуролошкиот, историскиот и политичкиот контекст на настаните, што доведува до пропаганда и извртување на претставата за состојбата на нештата. „Со цел и покрај сите недостатоци на 'масовното' новинарство да се унапреди квалитетот на работата на вака ориентираните новинари, потребен е нивен постојан контакт со политичките лидери кои се одговорни за донесувањето одлуки од двете страни. Инаку информацијата станува еднострана и добива пропагандистички карактер“, додаде Габуев. 

Соработникот на компанијата за издаваштво и за информирање во областа на финансиите Dow Jones, што го издава дневниот весник The Wall Street Journal, а исто така и гостин-уредник на додатокот на Russia Beyond the Headlines во истиот овој весник, Грег Волтерс, го поддржува ова гледиште. Според него, една од причините поради која Русија ја изгуби информациската војна за време на грузиско-осетинскиот конфликт во август 2008 беше максималната затвореност на руските власти кон новинарите, што траеше до крајот на конфликтот. 

„Сосема едноставно добивавме коментари од грузиските политичари и од државните службеници на највисоките позиции. Лично го разбудив министерот за одбрана на Грузија во три часот по полноќ за да добијам одговори на моите прашања. Властите во Тбилиси сакаа светот да ја дознае нивната гледна точка на настаните во регионот и тие тоа го постигнаа“, истакнува новинарот. Русија, од друга страна, комуникацијата со странските новинари ја започна дури по завршувањето на конфликтот. 

Што претставува Украина за Европа? 

Лукјанов смета дека Киев има поголеми шанси да стане дел од „европското семејство“ одошто Москва пред 20 години, но сегашната власт тоа нема лесно да го постигне. „Украина, кога станува збор за нејзината подготвеност да стане дел од Европа, е бесконечно далеку од својата цел. Потребна е доследна примена на драконските мери за земјата да се усогласи со стандардите на ЕУ. Не знам колку е можно тоа да се постигне во моментов“, вели тој. 

Според Грег Волтерс, гостин-уредник на додатокот на Russia Beyond the Headlines во  The Wall Street Journal, една од причините поради која Русија ја изгуби информациската војна за време на грузиско-осетинскиот конфликт во август 2008 беше максималната затвореност на руските власти кон новинарите, што траеше до крајот на конфликтот.

Но, и Европа не е сигурна дали е подготвена во своите редови да прими уште една членка, макар и само на основа на спогодба за асоцијација. „Се покажа дека настаните во Украина се мошне неочекувани за Европската Унија. Бевме неподготвени од повеќе страни: од една страна беше силната и решителна волја на народот да се приближи на ЕУ, а од друга страна беа политичарите кои се бореа за реализација на сопствените интереси во регионот“, изјави советникот на уредништвото на RBTH, поранешниот директор на Светската асоцијација на весници (WAN-IFRA) Тимоти Болдинг. 

Тој, меѓу другото, истакна дека Европа се преоптоварила со проширувањето и дека Унијата има свои внатрешни дилеми што треба да ги реши пред да почне да дава изјави и да донесува одлуки во врска со Украина. 

Лукјанов додаде дека Европа сè уште не го доживува Киев како дел од своето „семејство“ и дека заинтересираноста за оваа земја се појавува пред сè поради сложените и замрсени односи со Русија. „Украина е последица на замрсеното историско клопче во односите помеѓу Москва и Европа. Комплексот историски настани предизвикува вознемиреност меѓу западните сили“, додаде тој. 

Како што истакна Лукјанов, политичката култура на Украина се состои во тоа што своите проблеми ги префрла на плеќите на надворешните сили. Претходно тоа беше Русија, а сега тоа се САД и Европската Унија. 

Претставниците на најголемите светски весници се собраа во Москва на 26 и 27 јуни на петтата средба на партнерите на проектот Russia Beyond the Headlines, во кој влегува и „Руска реч на македонски“. Годинава на конференцијата учество зедоа 26 најголеми весници од 23 земји од светот. Меѓу нив имаше врвни менаџери, уредници и претставници на водечките светски весници како што се The Washington Post, The Wall Street Journal, The Daily Telegraph, Le Figaro, The Economic Times, China Business News, La Nacion и други.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња