Ах, тие врски!

Извор: PhotoXPress

Извор: PhotoXPress

Патот до врвот лежи во знаењето, во книгите и во доброто образование. Во најмала рака така нè учат од детство. Но, во практика е малку поинаку – најчесто не е доволно да се има диплома и да се биде амбициозен, значајна улога во нашата понатамошна кариера играат врските.

Поглед одоздола 

Според истражувањата на стручњаците на Руската академија за народно стопанство и за државна служба, образованието е навистина еден од најважните фактори за животниот успех – во групата со најголеми приходи 25% од испитаниците имаат високо образование. За споредба: само 9.9% од испитаниците во оваа група немаат професионално образование. 

Без оглед на тоа, 46.8% од испитаниците сметаат дека факултетот има голема симболичка улога, додека успешните познанства се уште поважни за понатамошно напредување во работата. Во зависност од годините луѓето на различен начин ја оценуваат својата сила. На возраст од 18 до 29 години има 28.6% оптимисти кои веруваат во себе и во своите професионални навики, а не во „добрите врски“, додека на возраст над 40 години овој процент изнесува 15-16. „Доколку зборуваме за градежниот бизнис во Москва, поголемиот дел од луѓето што ги знам имаат дојдено 'до врвот' врз основа на своите врски во општеството. Многу помал број се оние кои тоа го постигнале благодарение на својата ревност, познанствата или на работните способности“, вели Артјом Вербицки, помошник на генералниот директот за надворешно економски врски на компанијата ГК РВН. Како што истакнува Вербицки, високото образование останува важен фактор, зашто без знаење претставникот на компанијата не може да врши ни банални преговори, но поголемиот дел од луѓето во градежниот бизнис, за жал, се пробиваат за сметка на роднини и познаници. 

Пуш-пауза за решавање проблеми
Во Советскиот Сојуз целото машко население беше обврзано да мине низ воена служба. На таков начин, со определени чисто војнички „традиции“ и норми на однесување беше запознаен речиси секој маж. Многу од овие норми тие ги имаа пренесено и во цивилната служба.

„Сите се обидуваат насекаде да постават некој 'свој'. Тука функционира принципот 'Ако ти помогнам, и ти некогаш ќе ми се оддолжиш'. Во 99.9% од случаите попрво ќе земат човек кој има препораки 'од врвот', одошто висококвалификуван стручњак. Не знам како може да се бориме со тоа“, истакнува стручњакот. „Надежта на личните врски е стар руски проблем, исто како слабото почитување на законите“, уверен е Михаил Черних, раководител на одделот за општествена мобилност при Институтот за социологија. Според него 'врските' постоеле отсекогаш – од дореволуционерното феудално општество до социјалистичкото. А, во период на криза и нестабилност, работа има сè помалку, расте вредноста на секое местење и започнува борбата за „ресурси“ за место. 

Врските и Русија 

„Ниското ниво на доверба е една од причините зошто во Русија луѓето најчесто се потпираат на личните врски одошто во развиените европски држави“, истакнува Владимир Магун, раководител на лабораторијата во Вишата економска школа. „Русите во својот живот се потпираат на релативно тесен круг луѓе – семејство, роднини, пријатели. Најдалечната граница се пријатели на пријателите. Во општество во кое не постои доверба личните врски, сакаш – не сакаш, стануваат универзален механизам за добивање информации и за донесување одлуки“. 

Што ги зачудува странците во Русија
Откако ќе се преселат во некоја друга земја, новодојдените често се зачудени од некои навики на локалните жители. Ние решивме да ви раскажеме што ги зачудува странците во оваа мистериозна, чудна, марсовска земја Русија.

„Но, постои и сфера во животот во која можат да се избегнат личните врски. Мислам на сферата на трговијата, каде во советско време значењето на 'врската' беше огромно. Со преминот кон пазарна економија и со исчезнувањето на дефицитот падна сиот тој сложен капитал на лични врски, десетиците имиња на нашите ливчиња со ознака 'облека', 'месо', 'риба' итн. станаа непотребни. Сите купувачи, без разлика на своите познанства со продавачите, се најдоа во иста ситуација“, вели Магун.. Преминот кон пазарната економија значајно ги смени работите во државата. Во Русија доаѓаат да работат многу странски стручњаци. Според мислењето на Сара Нијар, одговорна уредничка во одделот за меѓународни вести на еден голем руски медиумски холдинг, мирнотијата е главен квалитет за странец да успее во Русија. 

Професионализмот и понатаму останува на цена, Прашање е само како тој ќе биде изразен. „Постојат мноштво културни особеност и разлики во корпоративната етика и во меѓусебните односи во Русија и во САД. Но, тоа не го менува фактот дека работодавачот ќе провери колку е сигурен вработениот. А, можеби луѓето 'со препорака' нема да ја поминат оваа проверка“, вели новинарката. 

Што е со останатиот свет? 

Неформалните врски играат улога во која било точка на светот и во кое било општество, само што тие обично се доведуваат во рамнотежа низ формализирани процедури, низ други канали на општествена мобилност. Западните стручњаци се уверени во тоа дека целата работа е во културно-историските корени. Во неодамнешното истражување „Култура и институции“, кое го спроведе Националното биро за истражување на САД научниците забележаа: во работа што ќе те доведе до успех најмногу веруваат во САД, Канада, Индија и во некои други држави. Сепак бројот на овие држави не е голем.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња