„Обама срамно ја изгуби војната против радикалниот ислам“

Шиитски волонтери пристигнуваат во голем број, со цел да го бранат Багдад и повторно да ги освојат териториите што ги зазедоа радикалните исламисти. Извор: AFP.

Шиитски волонтери пристигнуваат во голем број, со цел да го бранат Багдад и повторно да ги освојат териториите што ги зазедоа радикалните исламисти. Извор: AFP.

„Обама срамно ја изгуби војната против радикалниот ислам“, вака го оценува новото влошување на состојбата во Ирак директорот на Институтот за Блиски Исток Евгениј Сатановски. Овој руски стручњак е уверен дека катастрофата што го снајде Ирак наскоро ќе се повтори во Авганистан. Притоа за САД, кои го предизвикаа ова сценарио, „тоа е многу полошо од 11 септември“.

Евгениј Јанович, зошто владата ја изгуби контролата над ситуацијата во Ирак? 

Евгениј Сатановски: Возможно е владата воопшто и да не ја контролирала ситуацијата. Владата или не контролирала дел од територијата, или водела политика која доведе до граѓанска војна, Токму затоа во сунитските региони исламистите на „Исламската држава Ирак и Леванта“ (ИДИЛ) имаа поддршка од локалните шеици кои не добија дел од нафтениот колач, ниту место во пирамидата на власта. 

Силите на ИДИЛ не успеаја на територијата на Ирак да префрлат повеќе од 3 илјади свои војници од вкупно 6-7 илјади со кои располагаат. Останатите се борат во Сирија. Но, сепак, ирачката армија брзо се распадна, војската се разбега, во рацете на терористите паднаа стотици оклопни транспортери, современа авијатичка техника, воената опрема вредна милијарди долари. Според мене, Владата ништо немала под контрола. И ваквата ситуација не постои само во Ирак, туку истото ќе се случи и во Авганистан. 

Соседите се подготвуваат за колапс во Авганистан
Амбасадорот на Руската Федерација во Таџикистан зборува за тоа што треба да се очекува по 2014 година.

Познато е дека ирачкиот парламент не успеа да изгласа воведување вонредна состојба во земјата, зашто не беше постигнат кворум. Зошто тие не можат да се договорат? 

Во Ирак одамна никој со никого се нема договорено. Таму или постои диктатор, како што беше Садам Хусеин, или угледните лидери се обидуваат да станат Садам Хусеин. Знаеме дека курдските, шиитските и сунитските пратеници, во принцип, меѓу себе не можат да се договорат. Ова се однесува дури и на шиитите. Дури и во услови кога се заканува смртна опасност, Владата и парламентот не се во состојба да се обединат. 

Белата куќа разгледува други облици за помош на ирачките власти. За каква помош може да стане збор? 

Можеби американскиот претседател се помолил за здравјето на ирачкиот народ. Соединетите Американски Држави го оставија Ирак на цедило, исто како што го оставија и Авганистан. И во најбрзо време, по заминувањето на американската војска од Авганистан, таму ќе се случи истото што се случи и во Ирак, ако не и полошо. Апсолутно е бесмислено да се слуша што зборува американскиот претседател. 

Сад ја разгледува можноста за бомбардирање на позициите на терористите од ИДИЛ не само во Ирак, туку и на територијата на Сирија. 

Тоа е само симболична поддршка, што нема да му помогне на премиерот Нури Малики и на Ирак.

Каква е разликата каде ќе бидат фрлени тие неколку бомби, со кои Американците сакаат на симболичен начин да покажат дека ја следат ситуацијата – тоа нема да ги запре исламистите.

Оваа одлука е задоцнета барем една година. 

Каква е разликата каде ќе бидат фрлени тие неколку бомби, со кои Американците сакаат на симболичен начин да покажат дека ја следат ситуацијата – тоа нема да ги запре исламистите. А, вистинската војна против радикалниот ислам, Обама срамно ја изгуби. 

Не можам да кажам дали новата „зелена терористичка интернационала“ ќе се концентрира на терористички суперакции во стилот на 11 септември или милитантните акции на исламистите против Америка ќе добијат нов облик. Во секој случај, ситуацијата во Ирак значи веројатно појавување на исламистичка квазидржава, и тоа на голема територија со огромни резерви на нафта, оружје и на обработлива земја (оваа држава економски ќе биде целосно независна). А, тоа е многу полошо од 11 септември. 

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров настаните во Ирак ги нарече пропадната авантура на САД и на Велика Британија во Ирак... 

Тешко е човек да не се сложи со тоа. Јас би употребил дури и потешки изрази. Тоа е катастрофа, и тоа катастрофа што далеку ги надминува регионалните рамки. Соединетите Американски Држави, без сомнение, постапија максимално неодговорно. Во Ирак не требаше ни да се влегува, но кога веќе Америка ја окупираше оваа земја, сосема е сигурно дека не требаше да ја остави на цедило – онака како што тоа го направи претседателот Обама. 

Ќе интервенира ли Русија во Ирак и како ќе заврши ирачкиот конфликт? 

Русија мора да се занимава со кризата во Украина и со мошне тешката ситуација во Средна Азија, каде по заминувањето на американската војска од Авганистан, ќе започне средноазиската „пролет“. За Русија многу позначајни региони од Ирак се: Узбекистан, Киргистан и други републики од Средна Азија.

Освен тоа, сметам дека Руската Федерација нема доволно ресурси за да интервенира секаде каде што може. 

За Ирак постои само едно сценарио – катастрофален распад на земјата со непредвидливи последици за целиот регион. И, секако, нагло паѓање на производството на нафтата, со колапс на нафтениот пазар, зашто е јасно дека ќе дојде до пораст на цените. 

Евгениј Сатановски е директор на Институтот за Блиски Исток, професор на МГУ „М.В. Ломоносов“ и поранешен претседател на Рускиот еврејски конгрес. 

Рускиот текст на порталот vz.ru.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња