Русија и НАТО во исто време на Балтичкото море

Силите и средствата на Министерството за одбрана на Русија според бројот на војниците и според количеството вооружување и воената техника во воената вежба во Калининградската област можат да се споредат со силите и со средствата ангажирани во пограничните маневри што ги изведуваат земјите на НАТО. Извор: РИА Новости.

Силите и средствата на Министерството за одбрана на Русија според бројот на војниците и според количеството вооружување и воената техника во воената вежба во Калининградската област можат да се споредат со силите и со средствата ангажирани во пограничните маневри што ги изведуваат земјите на НАТО. Извор: РИА Новости.

Министерството за одбрана на Русија започна маневри во Балтичкото море. Во него учествува Балтичката војска, падобранските десантни трупи и военото воздухопловство на Руската Федерација. Воената вежба се изведува паралелно со маневрите на НАТО Saber Strike-2014 и Baltops-2014 во истиот регион.

Русија му одговори на НАТО со десантирање 

Според планот за маневрите, руските единици ќе вежбаат рутински задачи поврзани со заштитата на границата на Русија и поморските комуникациски линии, а исто така и со потрага по подморници и бродови на условен противник и нивно уништување. 

Во воените вежби ќе учествуваат единиците на противвоздушната одбрана, ловци-бомбардери Су-34, хеликоптери Ми-24 и бомбардерот Ту-22М3. Десантните падобрански единици ќе вежбаат одбивање на непријателско десантирање на зададена територија. Според информацијата на Управата на информативната служба на Министерството за одбрана на Русија, силите и средствата на Министерството за одбрана на Русија според бројот на војниците и според количеството вооружување и воената техника во воената вежба во Калининградската област можат да се споредат со силите и со средствата ангажирани во пограничните маневри што ги изведуваат земјите на НАТО. 

Ова не е последна воена вежба на руската армија оваа година. Вооружените сили на Русија практично цело лето и поголемиот дел од есента ќе ја помнат на полигоните, на тенкодромите и на стрелиштата. Планирано е до крајот на годинава Руските единици а стратешки намени (РВСН) да лансираат 12 интерконтинентални балистички ракети од различни видови. Како што соопштуваат од командата на РВСН, станува збор за предвидени и пробни лансираа кои се вршат во рамките на експерименталлно-конструкторските работи во создавање перспективни модели ракетни техники (не е прецизирано за кои конкретни модели станува збор), како и лансирање со цел усовршување на боевите компоненти на ракетните комплекси, а исто така и на лансирање ракети во рамките на програмата за нивна ликвидација и истовремено испраќање космичка техника во орбитата.

Пентагон ќе биде навремено известен за лансирањето ракети

Кога станува збор за лансирањето на ракети во рамките на програмата за нивна ликвидација, познато е дека меѓу нив ќе биде и конверизионата ракета „Днепар“. Тоа е преработена варијанта на најопасната ракета „Воевода“(Р-36М2 или SS-18 Satan, како што се нарекува на Запад). Таа ќе полета во вселената од позицискиот реон „Јасни“ кај Оренбург. Другите пробни лансирања на ракетите „Топољ-М“ (SS-27) и „Јарс“ (РС-24) ќе бидат извршени, како и обично, од космодромот „Плесецк“ (Архангелска област) и од полигонот Кура на Камчатка, додека тестирањето на новите боеви компоненти за ракети ќе биде извршено од полигонот Капустин Јар во правец на Бајкконур. Пред тоа, според изјавите на надлежните, стратешките ракетни единици ќе учествуваат во 40 штапски, 20 командно-штапски и 50 тактички воени вежби. Сиве овие маневри ќе бидат ненадејно, како и воените вежби во другите родови на војската. 

Припадниците на РВСН знаат дека ќе има воени вежби, но не знаат кога и каде ќе се изведуваат тие. Тоа ќе им биде соопштено пред почетокот на маневрите. За волја на вистината, за претстојното лансирање на стратешки ракети однапред се известува Пентагон, зашто Русија и САД ја презедоа оваа обврска во Спогодбата за ограничување на стратешкото офанзивно вооружување (СТАРТ-3). Вашингтон однапред ќе знае за двете планирани пробни лансирања на стратешките ракети „Булава“ (SS-N-30) од подморницата „Владимир Мономах“. Ова се прави со цел земјите-потписнички на спогодбата СТАРТ-3 да знаат дека станува збор за пробно, а не за воено лансирање ракети. 

100 илјади скокови со падобран 

Ова лето треба да биде изведена и воена вежба а бродовите и на единиците на воената морнарица. Кон средината на јуни на полигонот кај Калининград ќе започне вториот по ред натпревар на посадите на борбените возилата на крајбрежната единица на Балтичката флота. Склучен настан за морнарите ќе биде заедничката руско-индиска воена вежба „Индра 2014“.Тука не се сметаат походите на руските воени бродови во Средоземното море и во Аденскиот залив за заштита на трговските бродови од нападите на сомалиските пирати. 

Руските војници ќе земат учество во маневрите „Индра 2014“, во руско-монголската вежба „Селенга 2014“, во командно-штапската вежба со мировните сили на Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ) „Неуништливо братство 2014“ (која ќе биде изведена во Киргистан), како и во низа други маневри. Како што соопшти потполковникот Евгениј Мешков, претставник на Десантните падобрански групи во управата на информативната служба на Министерството за одбрана, падобранците ќе изведат над 100 илјади скокови со падобран, од кои 40 илјади само во јуни. Ќе десантираат и луѓето и воената техника. Заклучна фаза на годинашниве маневри ќе биде стратешката воена вежба „Восток 2014“ која се планира за септември. 

Во неа ќе учествуваат сите родови на војската, како и воените единици во рамките на ОДКБ, а исто така и новите модели на борбената техника и системите за логистика.

Сиве овие воени маневри можат да бидат одговор на активностите на Северноатлантскиот блок во близина на руските граници. „Ваквото ангажирање на трупите на Алијансата во близина на границата со Русија не можеме да го сфатиме поинаку од демонстрација на непријателски намери“, изјави за Интерфакс заменик-министерот за надворешни работи Владимир Титов. 

Според него, Москва не може да биде рамнодушна кон милитаризацијата на околните држави и ќе биде принудена „да ги преземе сите неопходни политички и воено-технички мерки“ за да биде сигурна во својата безбедност.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња