Русија прва ја укинала смртната казна во Европа

Извор: Владимир Вјаткин / РИА Новости

Извор: Владимир Вјаткин / РИА Новости

Најстрогата казна во Русија за првпат била укината пред 270 години. Без оглед на мораториумот, и понатаму се расправа околу прашањето за смртната казна.

Кон крајот на мај 1744 година Елизавета Петровна, ќерка на рускиот цар Петар Велики, им наредила на сите државни институции во главниот град да ги испратат документите за осудените на смртна казна и пресудата да не се извршува без царска наредба. Така уште пред 270 години Русија се откажа од смртните казни. Но, не засекогаш. 

Обид да се слушне волјата на народот 

Во Русија во последно време се предлага да се укине мораториумот на смртната казна, делумно за тоа зборуваат парламентарците наведувајќи аргументи за потребата од построго казнување на педофилите. Токму овие денови за „хипотетичката можност за примена“ на смртната казна зборуваше шефот на истражниот комитет на Русија Александар Бастрикин. 

Лубјанка: Плоштад на насилството и слободата
Зборот „Лубјанка“ стана апелатив исто како и „ГУЛаг“. На овој плоштад кој се наоѓа во самиот центар на Москва се наоѓаа Чека, ОГПУ, НКВД, КГБ, ФСБ. Егзекуции, насилства, тортура... Абревијатурите се менуваа, а сржта остануваше иста – ништо добро тука не може да се чека.

Русите мошне приврзано се однесуваат кон смртната казна. Пред две години фондот „Јавно мислење“ спроведе анкета, според која се покажа дека 62% од испитаниците се согласуваат да се врати смртната казна. 72% од испитаниците изјавиле дека треба смртно да се казнат сексуалните злосторства врз малолетници, 64% се изјасниле за примена на најстрогата казна против убијците, а 54% против терористите. 12% сметаат дека казната треба да се примени врз оние што ја предале државата. 

Стручњаците се уверени дека властите не би требале да ги слушаат жителите. Марија Канабих, претседател на непрофитната организација Меѓурегионален добротворен фонд за помош на затворениците, е категорички против смртната казна. „Смртната казна нема да ја подобри ситуацијата, зашто едни ригорозни мерки раѓаат други“, изјавува таа за „Руска реч на македонски“. 

Лев Пономарев, раководител на проектот За човековите права, во интервју за „Руска реч на македонски“ изјави дека жителите веќе одамна го поддржуваат ваквото мислење, и тоа не само во Русија. „Постои мит дека заострувањето на казните може да го намали бројот на злосторствата. Но, светското искуство покажува дека ништо не може да се реши на тој начин“, вели активистот. „На ниво на ОН спроведено е истражување во десетина земји, кое ја потврдува оваа теза. Притоа укинувањето на смртната казна доведува до општа хуманизација на општеството“. 

Пономарев укажува на тоа дека луѓето кога зборуваат за смртната казна, се раководат од стратегијата на лична одмазда и изјавуваат: „А, тебе да ти го убијат детето, не би сакал смртна казна за сторителот?“. „Власта во државата мора да мисли за намалување на бројот на злосторства, за намалувањето на агресијата во општеството, за можните грешки и за оние кои се невино казнети“, изјавува тој. 

Денес Белорусија е единствената држава во Европа во која се применува смртната казна.

Според одлуката од 1744 година, Руската Федерација пред сите останати европски држави го хуманизирала системот на казните, се вели во весникот Московски комсомолец. Овој документ формално не ја исклучил одредбата за казните од законот, но во практика се случило токму укинување на смртната казна. 

Без оглед на тоа укинување, сепак имало такви кои биле казнувани со смртна казна. Од 1741 до 1825 година казнени се седуммина, меѓу кои бил и познатиот Емељјан Пугачов. Но, тоа се случило кога Елизавета Петровна повеќе не била на власт. Подоцна рускиот цар Павел Први изрекол резолуција: „Фала му на Бога, во Русија нема смртна казна и јас нема да ја воведувам“. 

Тој мирен временски период завршил, па од 1825 година бројот на смртни преседи за време од 80 години достигнал 625. За волја на вистината, 191 пресуда не биле извршени. 

Почетокот на дваесеттиот век бил мошне свиреп: за само три години (од 1905 до 1908) биле убиени околу 2.200 луѓе за време на задушувањето на востанијата.

Во следниот временски период со доаѓањето на чело на советската власт па сè до 1947 година бројот на жртвите бил стравотен. Неколку стотици илјади луѓе биле осудени на смртна казна. Историчарите се сложуваат дека реалниот податок се движи нешто над 600 илјади лица. Кога би гледале формално, во овој временски период секојдневно во просек биле казнувани околу 1.200 луѓе.

На 26 мај 1947 година Јосиф Сталин ја укинал смртната казна, но повторно ја вовел на почетокот на педесеттите години од минатиот век. 

Од 1962 година смртната казна во СССР почнала да се применува и за економски прекршоци, да кажеме за „махинации со девизи“. Така од 1962 до 1990 година биле стрелани 24 илјади луѓе. 

По распадот на Советскиот Сојуз и по преориентацијата на државата кон демократските вредности нагло падна бројот на осудени. Во текот на 5 години, од 1991 до 1996, извршени се 163 пресуди, а на 2 септември 1996 година извршена е последната смртна пресуда. А, претходно, на 18 мај 1996 година, рускиот претседател Борис Елцин издаде одлука „За постепено намалување на примената на смртната казна, поврзано со влезот на Русија во Советот на Европа“. На 16 април 1997 година донесен е мораториум на смртната казна. На 3 јуни 1999 година 703 затвореници кои биле осудени на стрелање добиле казна доживотен затвор. На 19 ноември 2009 година Уставниот суд ја оцени смртната казна како противречна со меѓународните обврски на Руската Федерација.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња