Извор: Ројтерс
Градските власти на Москва ќе издвојат околу 450 милиони рубли (околу девет и пол милиони евра) за компаниите што ќе се занимаваат со организација на проекти за изнајмување велосипеди. Властите на овој начин сакаат да го ослободат градот од големите транспортни метежи. За купување 4.5 илјади велосипеди и за организација на 200 пункта за нивно изнајмување ќе бидат потрошени дополнителни 600 милиони рубли (околу 12.7 милиони евра), што ќе ги издвојат Банката на Москва и Сбербанк.
Новиот спонзор на московскиот проект за изнајмување велосипеди е Сбербанк. За ова на својот Твитер-профил напиша блогерот Иљја Варламов, кој се наоѓаше на седницата на комисијата на Државната дума за транспорт, пренесува РИА Новости.
На седницата било објавено дека минатогодишните црвени велосипеди ќе бидат заменети со нови, зелени, и дека старите од 1 јули ќе бидат повлечени од проектот и ќе бидат испратени во други региони, со оглед на тоа дека тие не се „доволно квалитетни“ за Москва. Претходно се пишуваше дека тие ќе му бидат предадени на градот Санкт Петербург.
За купување 4.5 илјади велосипеди и за организација на 200 пункта за нивно изнајмување ќе бидат потрошени дополнителни 600 милиони рубли (околу 12.7 милиони евра), што ќе ги издвојат Банката на Москва и Сбербанк.
Како што изјавил за агенцијата The Village извор од Банката на Москва, таа не го напушта проектот, туку во него ќе учествува преку соработка со Сбербанк. И без оглед на тоа што велосипедите сега ќе бидат во боите на Сбербанк, на нив ќе стои логото на двете банки. Од Банката на Москва за уредништвото на списанието The Village изјавиле дека новите велосипеди ќе тежат 24 килограми и дека гуверналот на велосипедот ќе има уред за плаќање.
Да потсетиме дека првиот проект за изнајмување велосипеди во Москва започна со работа на 1 јуни 2013 година, кога градските власти им предложија на жителите на престолнината нов вид транспорт, односно им овозможија од автомобил да преминат на велосипед со цел да се намали метежот во центарот на градот. Токму поради тоа системот за изнајмување беше организиран така што граѓаните почесто избираа велосипед за мала оддалеченост: да кажеме од работа до метро. Пилот-проектот го финансираше Банката на Москва (трошоците изнесуваа околу 2.1 милиони евра), а дистрибутер на велосипедите беше чешката компанија Homeport.
Но, сега финансиското осигурување на проектот ќе се состои од два дела. Првиот се инвестициските трошоци за кои ќе бидат одговорни спонзорите: со тие пари ќе се лупат велосипедите и инфраструктурата за изнајмување. Според податоците на весникот Комерсант за 2.5 илјади велосипеди и за 150 места за изнајмување Банката на Москва и Сбербанк оваа година издвоиле околу 12.7 милиони евра, а уште 2 илјади велосипеди ќе бидат купени до 2016 година. „Сбербанк го поддржува овој проект зашто е општествено одговорна банка која активно го поддржува здравиот начин на живот“, се вели во соопштението од банката. „Детали од проектот не се откриваат“. Треба да се истакне дека учеството на банките во проектот за изнајмување велосипеди не им носи приход. Градските власти велат дека ваква шема се применува во Париз и во Лондон, а спонзорот притоа добива рекламен простор.
Според материјалите на Комерсант и на списанието The Village.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче