Русија и НАТО се сретнаа во Брисел

Извор: AFP / East News

Извор: AFP / East News

Во понеделникот во седиштето на НАТО во Брисел беше одржана првата по тримесечна пауза средба на Советот Русија-НАТО (СРН) на ниво на амбасадори. Да потсетиме дека средбата на СРН на ниво на министри за надворешни работи можеше да се одржи уште на почетокот на април, но таа беше откажана. Во Северноатлантската алијанса беше донесена одлука да се замрзне цивилната и воената соработка со Москва. Сепак беше речено дека доколку е потребен политички дијалог во СРН средбите можат да се одвиваат на ниво на амбасадори и на повисоко ниво.

Со идеја да се спроведе вонредно заседание на СРН кое би било посветено на ситуацијата во Украина веднаш по трагедијата во Одеса излезе Москва. Сепак страните долго не можеа да ги усогласат датумите: Русија повикуваше средбата да биде одржана колку што е можно порано, додека алијансата предлагаше таа да се одржи на 27 мај. 

Немањето желба за согласност на предлогот на НАТО од страна на Русија шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров го аргументираше на следниов начин: „Ние повеќе од еден месец, речиси еден месец по Одеса, побаравме да се повика СРН, чесно, отворено, гледајќи очи в очи еден на друг, да позборуваме за тоа како сето тоа можеше да се случи. Западните партнери, членовите на НАТО одбија да го повикаат Советот, и одеднаш по уште едно потсетување милосливо се согласија, рекоа дека се подготвени, но само на 27 мај. Тоа беше испланирано така за да може да се даде легитимитет на изборите од 25 мај, ова за нас е без сомневање“. Ваквиот развој на настаните не ѝ одговараше на Москва. 

Прво интервју на новиот претседател на Украина
Петро Порошенко е подготвен да ѝ го плати на Русија гасот, а вети дека „случајот Крим“ ќе го решава на суд.

Како и да е, заседанието со учество на амбасадори од 29 земји (сите членки на НАТО плус Русија) сепак беше свикано. Од руска страна на него учество зеде постојаниот претставник при НАТО Александар Грушко. „Смислата на денешното заседание е во тоа да се разговара за ситуацијата од областа на безбедноста во Украина, - изјави тој за Руска реч на македонски. – На границата со Русија пламти војна, и ние сметаме дека е неопходно да се впрегнат сите сили за да се стави крај на насилството и ситуацијата да се насочи кон мирен, преговарачки тек. Ние ги повикавме членовите на Советот да побараат од киевските власти веднаш да престанат со казнената операција на југоистокот од земјата и да пристапат кон исполнување на Женевската спогодба од 17 април и на 'патната карта' на ОБСЕ“. 

Ова, според мислењето на Грушко, би овозможило да се запре „специјалната операција на украинските безбедносни сили, во која настрадаа десетици лица, а која е изведена со цел да се задушат протестите, кои започнаа како реакција на превратот од 22 февруари“. Потоа, да се премине кон национален дијалог во Украина и кон уставна реформа која би била прифатлива за сите. 

„Ние ги потсетивме членовите на СРН на тоа дека во февруари алијансата ја повика украинската влада веднаш да запре со насилството, со акцент на недопустливоста за употреба на вооружени сили во политичкиот процес, - вели Грушко. – Не гледаме причина зошто истата изјава да не биде повторена и сега“. 

Рускиот потпретседател обрна внимание на тоа дека НАТО на Киев – на својот „партнер поради мир“ – му дава техничка помош, охрабрувајќи ги новите украински власти на продолжување на насилните дејствија. Со тоа, според мислењето на Грушко, алијансата врз себе презема дел од одговорноста за ескалација на состојбата и за уривање на политичкиот процес. 

Украина стара и нова
Формалната легитимност на изборите во Украина, кои не се одржани во целата земја, туку се одвиваа во опкружување кое е далеку од нормалното, може да биде оспорена. Луѓето, изморени од хаосот и од неизвесноста, се решаваат за угледен и разумен лидер, кој е во состојба да ги решава проблемите. Единствено на овој начин може да се објасни победата на милијардерот Порошенко уште во првиот круг на изборите.

Се разбира, потпретседателот не можеше да не ја забележи активноста без преседан на НАТО во близина на руската граница: „Таа е излишна, неадекватна, ја ослабува стабилноста, безбедноста и предвидливоста во Евроатлантскиот регион. Очигледно дека демонстрирањето на воените мускули, повикувањето кон зголемување на воените трошоци се контрапродуктивни. Тоа е пат кон ќор-сокак. Ваквите дејствија предизвикуваа зголемување на тензијата во Евроатлантскиот регион и го минираат постоечкиот систем на безбедност во регионот“. 

Грушко ги предупреди колегите од СРН дека дополнителното разместување на голем број воени сили на алијансата во земјите на Централна и на Источна Европа ќе се смета како нарушување на обврската од основните договори со Русија. Во тој случај излезот на нашата земја од Основниот акт Русија-НАТО ќе биде само една од можните опции, рече тој. 

„Во воениот ресор, како што е познато, се земаат предвид потенцијалите, а не намерите, кои, како што покажаа последните настани, можат да бидат променливи. Затоа, доколку увидиме дека новите ставови на НАТО кон Русија бидат преточени во соодветни дејствија во сферата на воената изградба, дека тие се изразуваат во зголемување на воениот потенцијал на НАТО кон Истокот, од наша страна ќе бидат преземени неопходни мерки, со цел да се зачува безбедноста на Русија“, изјави Грушко. 

„Во целина, разговорот беше доволно сложен, но постоеше интерес. Своите мислења ги кажаа сите членови на Советот. Се надеваме дека тоа ќе даде некаков резултат“, заклучи рускиот потпретседател. 

Во секој случај, учесниците на заседанието позитивно се изјаснија во врска со повлекувањето на руската војска од пограничните делови со Украина, иако повикаа овој процес да биде проследен со дополнителни мерки на транспарентност. Руската страна стави акцент на разбирањето на натовците за неопходноста од исполнување на Женевскиот договор и за признавањето за тоа дека единствен излез од кризата е политичко-дипломатската регулација. Сепак, никој не го покрена прашањето за тоа кога може да се одржи следното заседание на СРН.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња