Киев не заминува од ЗНД

Извор: ИТАР-ТАСС

Извор: ИТАР-ТАСС

Официјалните лица и експертите потсетија на позитивните страни за Украина кои произлегуваат од добрите односи со Русија.

Киевските власти веднаш по изјавата на висок функционер за тоа дека Украина ќе ја напушти Заедницата на независни држави побрзаа да ја демантираат оваа вест. Во исто време Министерството за надворешни работи на Руската Федерација и експертите предупредија дека таквиот чекор од страна на Киев може да има сериозни последици за економијата на Украина. 

Советот за национална безбедност и одбрана (СНБО) на Украина ја демантираше информацијата за тоа дека секретарот Андреј Паруби наводно дал нова изјава за излегување на земјата од  Заедницата на независни држави. „Андреј Паруби ниту вчера, ниту денес нема дадено никаква нова изјава која се однесува на излегувањето на Украина од Заедницата на независни држави“, се вели во соопштението што е објавено на веб-страницата на СНБО. 

Прво интервју на новиот претседател на Украина
Петро Порошенко е подготвен да ѝ го плати на Русија гасот, а вети дека „случајот Крим“ ќе го решава на суд.

Се одбележува дека единствена изјава во врска со оваа тема Паруби има дадено на 19 март. Тогаш тој изјави дека се започнати процедурите за излез на Украина од ЗНД. Покрај тоа на 27 мај вршителот на должност министер за надворешни работи Андреј Дешица изјави дека нацрт-документите за излез на Украина од ЗНД се наоѓаат во администрацијата на украинскиот парламент. 

Во исто време МНР на РФ изјави дека доколку Украина навистина реши да излезе од ЗНД, тогаш таквото решение ќе предизвика поголем удар врз неа, одошто врз Заедницата. „Тоа нема да биде удар врз ЗНД, туку врз самата Украина, всушност со излегувањето од ЗНД ќе настрада самата Украина, која има потреба од Заедницата како на економски, така и на хуманитарен план, таа е учесник во цела низа спогодби во рамките на Заедницата кои нејзе ѝ се во полза“, изјави заменик-министерот на МНР на РФ Василиј Небензја. 

Заменик-директорот на Институтот за земјите на ЗНД Владимир Жарихин за Росијскаја газета изјави дека излегувањето од Заедницата за Киев може да биде сложено: „Ова го полажа искуството на Грузија. Формално таа ја напушти ЗНД, но побара да останат во сила оние договори кои биле склучени во рамките на организацијата, а не на билатерална основа. Истото се однесува и на Украина. Доколку нејзините власти сепак донесат одлука за излегување, тогаш тој политички гест пред сè ќе биде удар врз интересите на милиони Украинци“. 

Според експертот, безвизниот режим помеѓу РФ и Украина важи во рамките на заедничкиот договор на ЗНД. Во случај на излез од организацијата постоечкиот договор за безвизен режим ќе треба одново да се склучи. Ќе постојат и економски последици: „Не треба да се заборави на зоната за слободна трговија на ЗНД. Доколку Киев излезе од Заедницата, тогаш тоа значи напуштање и на зоната за слободна трговија“. 

„Мислам дека Украина ќе заземе паметна позиција, слична на онаа што ја зазеде Грузија, односно на почетокот ќе дојде политичка изјава во врска со излегувањето од ЗНД, а потоа ќе започнат потивки разговори за тоа дека Украина наводно излегува од ЗНД, но дека во определени спогодби таа би сакала да остане. Односно, таа ќе сака да остане онаму каде што е полесно за неа, но политички трескајќи ја вратата, со цел тоа да го искористи како механизам за притисок“, изјави за РИА Новости генералниот директот на Центарот за политичка конјунктура Сергеј Михеев. 

Експертот на Рускиот совет за меѓународни работи Иван Гуменјук смета дека излегувањето на Украина од ЗНД претставува сигнал за светот дека оваа земја има намера да се пренасочи кон Европа и кон НАТО. „Многу поинтересно е, секако, што ова е прв чекор и ова претставува извесно послание за тоа каде Украина планира да се движи. Понатамошните чекори што можат да следат по излезот од ЗНД е договор со ЕУ, потоа стапување во НАТО во најкус рок, бесцаринска трговија со ЕУ“, смета експертот.

Според материјалите на ИТАР-ТАСС,РИА Новости,  Росијскаја газета. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња