Прво интервју на новиот претседател на Украина

Петро Порошенко. Извор: РИА Новости / Михаил Воскресенски

Петро Порошенко. Извор: РИА Новости / Михаил Воскресенски

Петро Порошенко е подготвен да ѝ го плати на Русија гасот, а вети дека „случајот Крим“ ќе го решава на суд.

Дописникот на весникот Комерсант успеа да поразговара очи в очи со Петро Порошенко. Разговорот излезе малку хаотичен, но ова е прво интервју со штотуку избраниот претседател на Украина. 

Кога сме кај федерализацијата. Постојано зборувате дека Украина е унитарна држава, дека нема да има федерализација. Зошто? Ако погледнеме, постојат многу сојузни држави во околината. Русија, Сојузна Република Германија на крајот на краиштата... 

Полска, Белорусија... Да? Не. Ниту Полска, ниту Белорусија, ниту Молдавија... Па, нема во окружувањето сојузни држави. Само Германија, и толку. 

А, Русија?, се спротивставив. 

Да, добро. Русија зазема половина свет со својата територија. Но, Русија всушност не е сојузна држава. Сојузната држава има слаба централна власт. Сакате да кажете дека Русија има слаба централна власт? 

Не, не е слаба! 

Сојузна држава е кога лавовски дел од власта им е предаден на субјектите на федерацијата. А, постои ли тоа во Русија? Знам дека никакви ингеренции не се предадени. Кога ќе спроведеме децентрализација на државата, а не федерализација, нашите региони ќе имаат значително поголеми ингеренции одошто субјектите на федерацијата во Русија. 

Можеби децентрализацијата всушност и претставува федерализација?

Не. Децентрализација е кога ние, од наша страна, ги оставаме ингеренциите на силниот центар, но од друга страна им го предаваме правото на регионите, правото на заедниците да го решаваат апсолутното мнозинство проблеми во секојдневниот живот на луѓето. А, тие ги решаваат така што не се обраќаат до центарот. 

Па, за тоа и зборувам. 

Вклучувајќи ги и проблемите кои можат да ја вознемират русофонската заедница. Да кажеме, кој јазик ќе се зборува. Зошто некој постојано се обидува да го постави прашањето за втор државен јазик? А, зошто се обидуваме да ги присилиме граѓаните што живеат во Тернопол, Лавов, Житомир, во Виниција, Полтава, Чернигова, Черкаси втор јазик да им биде рускиот? Тоа не треба да се прави. Имаме определен статус-кво, и сите промени треба да бидат посветени на тоа да ги решиме проблемите, доколку тие му пречат некому во животот. 

Не се сложувате ли дека всушност се случи насилно освојување на власта во Украина? 

Кој ви го кажал тоа? 

Да кажеме, го видовме тоа во директен пренос на телевизија. 

Каде сте го виделе? Какво насилно освојување? Кој што освојувал, кажете ми. Еве, јас на 1 декември, нека се знае, и тоа го емитуваа сите телевизиски канали, токму застанав во одбрана на полицијата и го спречував насилното освојување на која било административна зграда. 

Мојата принципиелна позиција за време на сите судири беше следнава: јас сум против освојување на која било зграда. А, денес се гледа дека мојата позиција ја поддржаа мнозинството украински граѓани. 

Значи, извинете, но лага е ако некој се обидува да го оправда делувањето со тоа што тврди дека не постои државата Украина. Кога некој се обидува да го оправда она што го прави како што е влегувањето на војска на странска држава на територијата на друга држава. Тоа се нарекува кршење на меѓународното право, тоа се нарекува акт на агресија. И тоа не е добро, ниту лошо. Зборувам без емоции. Но, едноставно постои позиција. Ако сметаме дека тој случај може да се предаде на кој било меѓународен суд (Меѓународниот суд во Хаг или Меѓународниот суд при ОН), ќе одбереме судска инстанција, па таа нека донесе одлука. И тоа е една од варијантите по која може да се оди.

Но, отприлика можеме да замислиме каква одлука ќе донесе судот во Хаг. 

Најдете некој друг суд. Има суд во Стокхолм. 

Но, не постои таков суд кај нас... 

Постои. Меѓународниот арбитражен суд во Санкт Петербург. За разгледување на трговските спорови на ЗНД. 

Значи сметате дека во светот нема судови кои можат да ги решат ваквите меѓудржавни проблеми? Има. Затоа и се основани ОН. 

Погледнете: денес Русија поради своите дејствија, за жал, се најде во меѓународна изолација. 

Но, посетата на Владимир Путин на Кина не зборува за тоа дека Русија е во меѓународна изолација. 

Добро. Не го кажувам тоа со злоба. Зборувам за високата цена што денес сите мораат да ја платат, 

Со сочувство зборувате? 

Секако. Воопшто не се радувам на изолацијата. Воопшто. И зборувам токму со сочувство. Не вреди сето тоа, сите тие цени што сега целиот свет – и Русија, и Украина – ќе треба да ги платат.

Сакав да Ве прашам дали сакавте да станете претседател? 

На тоа гледам како на сопствен крст, ако ме сфаќате што сакам да кажам.

Ќе го платите ли гасот? 

Гасот? Дали ќе го платиме? Секако дека ќе го платиме. Која цена... 

И понатаму инсистирате на 268 долари за 1.000 кубни метри? 

Засега не сум стопански субјект. 

Но, имате свое гледиште. 

Сметам дека државата Украина не е должна. Имаме стопански субјекти, имаме спогодби меѓу стопанските субјекти кои постојано се менуваат: или 260, или 460, или 550. Тоа воопшто не е пазар. Сакам да ја платам пазарната цена за гасот. Не би сакал да плаќам политичка цена. 

Но, долгот што постои сепак треба да се плати, нели? 

А, долгот за освојувањето на Черноморнефтегас исто така постои. И тој треба да се плати, нели? Освоивте наша, украинска бушотина – кој ќе плати за неа? Од неа вадите гас. Во неа се вложени украински инвестиции од државниот буџет. Мислите дека и за тоа треба да се плати? Се наоѓа на територијата на Херсонската област. 

Но, за тоа прашање, веројатно, треба одделно да се поразговара... 

Гледате, колку интересно! Долгот треба да се плати, а за ова треба да се разговара. За сè треба да се разговара. 

Ете, гледате, ме прашавте дали треба да се плати долгот? А, јас Ви велам: за сè треба да се разговара.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.