Путин ги повика странските бизнисмени да останат во Русија

Извор: Ројтерс

Извор: Ројтерс

Говорејќи на Санктпетербуршкиот меѓународен економски форум, Владимир Путин ги повика меѓународните партнери да останат во Русија, им вети дека Фејсбук и Твитер нема да се затворат, а исто така и покажа подготвеност да ги признае претседателските избори во Украина и да работи со новата киевска власт.

За работата со партнерите 

Во својот говор шефот на државата вети дека ќе им даде помош на странските инвеститори во Русија. „Мислете за своите придобивки и за можните дивиденди, работејќи во Руската Федерација, не подлегнувајте под притисоците, на притисоците, одете по својот пат, и вие ќе постигнете успех, а ние ќе ви помагаме“, рече Путин. Во блиска иднина, според него, во Русија ќе започне процесот за поедноставувања за водење бизнис. Веќе оваа година во долниот дом на рускиот парламент ќе се разгледува пакет од пет нацрт-закони за поедноставување на водењето бизнис. „Инвеститорот не треба да чека. Максимално благопријатните услови за работа нему му се потребни денес, а не некогаш во иднина. Во услови на потреба за обезбедување на повисоки темпа на раст, сметам дека е неопходно веќе до крајот на годинава Парламентот да го разгледа целиот пакет нацрт-закони“, рече Путин. Како резултат на тоа, властите се надеваат дека до 2018 година Русија ќе влезе во списокот на 20 земји со најдобра инвестициска клима. Руските власти исто така суштествено ќе ја поедностават процедурата за избор на инвестициски проекти под државна гаранција и ќе го намалат рокот за донесување одлука за нив. 

„Беа тоа најдобрите и најлошите времиња...“
Изборот на воведната реченица од „Приказната за двата града“ на Чарлс Дикенс за слоган на годинашниов Санктпетербуршки меѓународен економски форум можеби е необичен, но секако ја одразува неизвесноста на сегашниот момент во Русија, но и надвор од нејзините граници. Форумот се организира во време кога за позицијата на Русија во меѓународната економска заедница поретко се зборува во пошироките кругови.

Одговарајќи на прашањето за тоа дали постои план за затворање на Фејсбук, Твитер или на нивните руски аналози, претседателот на Русија ги отфрли гласовите за затворањето на меѓународните социјални мрежи од страна на државата. „Ние немаме план ништо да затвораме“, рече Путин на пленарното заседание. 

Прашањето за санкции 

Воведувањето санкции од страна на западните земји за Русија засега немаат некакво силно негативно влијание врз економијата на земјата, изјави претседателот Владимир Путин. „Засега сето тоа нема сериозно негативно влијание врз нашата економија. Се надевам дека лошото сценарио нема да се случи“, рече шефот на државата. Уште повеќе тој претпостави дека со тоа што настојуваат на санкции во однос на Русија, САД сметаат дека ќе добијат конкурентска предност во своите трговско-економски врски со Европа. „Други сериозни и длабоки причини едноставно не чувствувам, не разбирам, но сметам дека ќе преовлада здрават смисла“, рече Путин. 

Една од основните теми во обраќањето на рускиот претседател беше ситуацијата во Украина. Според него, Русија ќе соработува со новите владејачки структури во Украина по изборите, а исто така се надева дека ќе запрат и воените дејствија. „Ние и сега работиме со луѓето што ја контролираат власта (во Киев), но по изборите, секако, ќе соработуваме и со новоизбраните структури“, рече Путин. Руската страна исто така е загрижена од ситуацијата со новинарите од Русија, кои беа притворени во Украина. 

Згора на тоа, руските власти се надеваат дека ќе се договорат со Украина во врска со гасот, без оглед на тоа што засега Киев одбива да го плати долгот. „Како на свои можам да кажам: добро, сакате попуст, но вие платете го долгот барем за оној период додека важеше попустот, а тие не сакаат. Па, кажете, како да работиме, а?“, рече Путин. Претходно премиерот на Русија Дмитриј Медведев изјави дека ситуацијата во Киев го наметнала отсуството на нормални односи помеѓу владите на двете држави, иако контактите на работно ниво продолжуваат. 

Ситуацијата во Украина за Русија е од животна важност, а за САД таа е техничко прашање, смета Владимир Путин. „Кога станува збор за Украина, знаете во што е проблемот: за нас тоа е од животно значење, а во Америка прашањата поврзани со Украина се решаваа на техничко ниво. Јас лично се занимавав со тој проблем“, рече тој. 

Стратегија за иднината 

Наесен годинава Русија ќе изгради своја стратегија во областа на увозот, вети Владимир Путин, говорејќи на пленарното заседание на Санктпетербуршкиот меѓународен економски форум. „За сметка на модернизацијата на индустријата, изградбата на новите претпријатија, локализацијата на конкурентното производство во Русија ќе можеме, без нарушување на нормите на меѓународната трговија и воведувајќи никакви ограничувања и забрани, суштествено да го намалиме увозот за многу позиции, да им го вратиме сопствениот пазар на националните производители“, рече тој. Во прв ред станува збор за производството на програмската поддршка, радиоелектронската опрема, за текстилната индустрија, за пазарот на прехранбени производи. Путин додаде дека притоа ќе биде разработен цел пакет мерки за поддршка на домашните претпријатија, кои можат да произведат вакви конкурентни производи. Меѓу другото ќе биде создаден и специјален фонд за развој на руската индустрија. 

Истовремено со настапот на Владимир Путин на Санктпетербуршкиот меѓународен економски форум курсот на националната руска валута почна да расте. Од своја страна поранешниот министер за финансии, дамнешен соработник на рускиот претседател Владимир Путин, Алексеј Кудрин, за новинарите изјави дека главното во говорот на Путин била изјавата за Украина и односите на Русија со Западот. „Сфаќаме дека станува збор за претпоставка за очекување, за желба, но сепак, денес постојат големи надежи дека ситуацијата ќе се среди и сите ќе се вратиме на работната патека“, изјави Кудрин по пленарното заседание.

Санктпетербуршкиот меѓународен економски форум се одвива на фонот на заострените односи на Русија со САД и со ЕУ. Како резултат на тоа многу шефови на меѓународни корпорации го откажаа своето учество. Според податоците на Њујорк Тајмс, помошниците на претседателот на САД ги убедувале раководителите на американските корпорации да не заминуваат на форумот. Според податоците на заменик-министерот за економски развој на Русија Сергеј Бељаков, 15% од компаниите кои се регистрирале, го откажале своето учество на Санктпетербуршкиот меѓународен економски форум.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња