Возот кој следуваше по маршрутата Москва-Кишинев се судри со товарен воз на 80 километри од Москва. Извор: Ројтерс.
Шест лица загинаа, а 45 повредени кога патнички воз пол со патници се судри со товарен воз во Наро-Фоминск, западно од Москва. Петмина од шесте загинати се државјани на Молдавија, изјави министерот за здравство на Московската област Нина Сусланова.
„Товарниот воз кој се судри со патнички воз утринава носел товар за концернот Рено од Романија“, изјави за Интерфакс извор запознаен со ситуацијата.
„Настрадаа 50 лица, од кои шестмина загинаа во несреќата. Петнаесет од повредените се наоѓаат во тешка состојба“, стои во извештајот на Министерството за вонредни состојби.
Патничкиот воз кој се движел на маршрутата Москва-Кишинев се судрил со товарниот воз на 80 километри во 13 часот по московско време.
„Поради оштетување на пругата 16 вагони на товарниот воз 1484 излегол од колосекот, а потоа се случил страничен удар со патничкиот воз Москва-Кишинев. Два вагони на патничкиот воз се оштетени“, стои во службениот допис на министерството.
Подоцна властите потврдија дека бојот на загинати во железничката несреќа се искачил на шест. Осумнаесет итни служби и една возушно-медицинска екипа работат на лице место.
Според извори во агенцијата, 25 лица се однесени во болница по несреќата.
„Дваесет и пет лица се пренесени во болница во 14 часот по московско време“, изјави изворот за Интерфакс.
Истражните органи веќе покрена криминалистичка истрага. Во тек е истражување, со цел да се дојде до причината за несреќата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче