Битката за Крим во Големата татковинска војна

Војници на кејот на Севастопољ пукаат во воздух од автомат. Салут во чест на ослободувањето на градот. Извор: РИА Новости

Војници на кејот на Севастопољ пукаат во воздух од автомат. Салут во чест на ослободувањето на градот. Извор: РИА Новости

Големата татковинска војна за Крим започнала, како и за целиот Советски Сојуз, утрото на 22 јуни 1941 година, а завршила пред точно 70 години, во мај 1944 година.

За СССР полуостровот бил важна база за воената морнарица, аеродром за удар по нафтените резерви на Хитлер во Романија, а по поразот на Црвената армија во 1941 година станал природна крепост, која ги одвлекувала силите на противникот од правецот на основниот удар. 

За Германците освојувањето на Крим значело отворање пат кон Кавказот и им давало контрола врз комуникациите во северно Прицрноморие, а во 1943 година  полуостровот требал да ги привлече кон себе силите на Црвената армија, која напредувала кон Западот. 

Полуостровот преживеал три години ужас, а во тоа време бројот на населението се намалил за двапати.

Одбраната на Севастопољ

На почетокот на Големата татковинска војна Севастопољ бил едно од најсигурните места во светот. 

Одбранбениот реон на градот вклучувал во себе десетици позиции, мински полиња и две таканаречени „оклопни батерии“ – ББ-30 и ББ-35, кои Германците ги нарекле „Максим Горски“, а, исто така, и 165-зенитна батерија, која Германците ја нарекле тврдината „Сталин“. Овој дел бил поврзан со подземна мрежа премини и арсенали, кои биле ископани во карпестите масиви. 


Расчистување на талвег од фашистички мини. Извор: РИА Новости 

Германците не успеале во еден наврат да го заземат градот во 1941 година, а кога на 2 јануари 1942 советската армија ослободила дел од Керченскиот Полуостров, Германците сосема ја повлекле војската од Севастопољ. 

Сепак, советската армија не успеала да се закрепи на полуостровот. За време на повлекувањето советската војска потрпела големи загуби, а советските делови што ја прикривале евакуацијата (имало околу 10 илјади луѓе) биле отсечени од патот и заедно со дел од локалните жители биле принудени да заземат одбранбена позиција во Аџимушкајските каменоломи. 

Каменоломите станале последната точка во одбраната на Крим. Германците ги освоиле дури по четири месеци, кога на крајот од 170-дневната опсада од околу 13.000 луѓе живи останале само 48. 

Во јули 1942 година Германците го освоиле Севастопољ. За време на одбраната на градот, од октомври 1941 година до јули 1942 година, загинале 156 илјади војници на Црвената армија. 

Партизани 

Уште пред инвазијата на Германците на Крим била создадена инфраструктура за водење партизанска војна. Уште претходно биле создадени скривалишта со оружје и со храна, било формирано раководството на идните одреди. 

Во периодот на фашистичката окупација на Крим дејствувале повеќе од 200 тајни организации и групи, во кои биле вклучени до 2.500 луѓе. Партизаните организирале диверзии на железницата, извршувале напади врз непријателските гарнизони. 

Воениот споменик ППШ-41
Типски споменик на советскиот војник-ослободител: шлем СШ-40, пелерина-шатор и масивен автомат со тешка барабанеста рамка и со карактеристична облога на цевката со штанцувани јајцевидни отвори: ППШ-41, автомат (пиштол-митралез) Шпагин, образец 1941. Шест милиони од овие автомати имаат минато низ Големата татковинска војна од почетокот до крајот и станаa еден од лесно препознатливите симболи на тоа тешко време.

Популарноста на партизаните растела и со „новото правило“, кое било донесено од страна на окупаторите, а кое предвидувало систематско истребување на локалното население. 

Само од крајот на 1941 до почетокот на 1942 година германските окупатори стрелале околу 12 илјади луѓе во Феодосија и седум илјади во близината на Керч. 

Илјадници луѓе биле одведени во концентрациони логори, а најголем од нив бил концентрациониот логор на територијата совхозот „Красниј“. 

Во формирањето на одредите, кои се бореле со локалното население и со партизаните, активно учествувале кримско-татарските националисти. 

Повеќе од 60 илјади кримски Татари војувале во Црвената армија, а учеството на Татарите во партизанските движења било некаде околу 17 илјади лица. Од редовите на кримските Татари дошол и еден од најпознатите советски асови од оваа војна Султан Ахмет-Хан, кој има соборено 30 авиони на противникот. 

Ослободување 

Советската војска тргнала кон Крим есента 1943 година и веднаш успеала да ги освои предмостијата за офанзива на северот и на истокот од полуостровот. 

Во текот на зимата 1944 година советската војска водела непрекината борба, но, сепак, не успеа веднаш да си го врати полуостровот. 

Во Крим Германците имаа создадено мошна длабоко ешалонирана обрана со групација од 195 илјади војници и офицери. Советската војска била создадена од 470 илјади луѓе. 

На 8 април 1944 години советската армија преминала во напад на северот на полуостровот, а по три дена на истокот, така што веќе на 18 април Крим, без Севастопољ, бил исчистен од Германците. 

По кратка подготовка, на 7 мај започнал главниот напад на делот под Севастопољ, кој бил под власт на Германците. Главниот удар се вршел на истото место каде што две години претходно тоа го сториле Германците, на делот од Сапун-гора – височината Горнаја. 

По засилената авијатичка и артилериска подготовка, во напад тргнале офанзивните групи. Вечерта била заземена Сапун-гора, а следниот ден непријателот бил истиснат од Мекензиевите планини. 

На 9 мај, една година пред победата над Германија, во 8 часот изутрина започнала генералната офанзива за Севастопољ. 

Поривот за офанзива бил толку голем, што борците во недостиг од пловила почнале да го преминуваат заливот на импровизирани средства. Вечерта на 9 мај Севастопољ бил ослободен во целост. 

Војниците на армијата на Хитлер што останале живи се повлекле на 'ртот Херсонес и биле притиснати кон морето. 

Според сеќавањето на жителите, на 100 метри од брегот водата не се гледала – сѐ било преполнето со трупи од војници на противникот, со коњи, со возила, со воена техника. Така завршил германскиот престој на Крим.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња