Медведев: Русија нема да го моли Западот да ги укине санкциите

Западните земји самите ќе дојдат и ќе предложат укинување на санкциите, смета премиерот на РФ Дмитриј Медведев. Тој потенцира дека Русија нема претрпено голема штета од западните санкции.

Русија нема да го моли Западот да ги укине санкциите, изјави премиерот на РФ Дмитриј Медведев, пренесува РИА „Новости“.

„Нема да молиме за ништо. Вие добро ја знаете нашата литература. Михаил Булгаков има една прекрасна фраза во книгата „Мајсторот и Маргарита“, кога Воланд вели дека никогаш ништо да не молите, самите ќе ви понудат и самите ќе ви дадат сѐ. Така и ние никогаш нема да молиме за укинување на санкциите. Самите ќе дојдат и ќе речат: ајде, на крај, да завршиме со ова, затоа што никому не му е подобро, на сите им е само полошо“, изјави Медведев во интервјуто за магазинот „Тајм“.

Шефот на руската влада потенцира дека Русија не настрада многу од тие мерки, а одговорност за нив сносат земјите на ЕУ и оние држави кои ги поддржаа, особено САД и Канада.

„Веројатно ни причинија неколку непријатни моменти. Многу? Не многу. Се развиваме, живееме, се разбира, ќе преживееме. Дали ја сменија политичката позиција на властите на Руската Федерација? Не ја сменија. Дали имаат поддршка од населението на Руската Федерација? Вие прекрасно знаете, имаат и тоа таква, каква што овде ниедна политичка сила нема, затоа што никому не му се допаѓа кога твојата земја ја притискаат“, истакна Медведев. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња