Лавров: Москва не е заинтересирана за распад на ЕУ

Русија не е заинтересирана за ослабување или распад на ЕУ, смета на изградба на односите со силен и единствен партнер, изјави министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров на прес-конференцијата за резултатите од минатата година.

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров истакна дека денес може да се види „колку сложено се формира единствената линија на ЕУ“. Според неговите зборовите, тоа се однесува не само на миграциската криза, пренесува „Взгљад“.

„Ние не сме заинтересирани ЕУ да слабее, за да во неа се појават некакви пукнатини, за да се распадне. Ние сме заинтересирани за единствена, силна ЕУ, со која комфорно се работи и во економијата, и за сите други прашања, но ние не можеме да не го видиме она што се случува“, рече Лавров.

Притоа министерот ја потенцираше клучната улога на Германија во обезбедувањето на единството на Европската унија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња