Извор: Аљона Репкина
Со почетокот на затоплувањето на односите со Западот, петгодишните планови, клучните показатели на ефективноста во планската економија, задолжителните добротворни работни саботи и партиските собири никаде не исчезнале, но односот кон нив кардинално се изменил.
Малкумина со сериозност се однесувале кон старите пароли, луѓето сè повеќе се кикотеле на нив. Сепак, идеолошката работа на пропагандистичката машина не престанувала и не се приспособувала кон новите услови и упорно продолжувала на луѓето да им ги натура концептите, кои имаа изгубена секаква содржина и актуелност. Со распадот на Советскиот Сојуз ништо не стана подобро.
Долго време во Русија не постоеја никакви тимбилдинзи, иако сите ја сфаќаа и ја осознаваа неопходноста од сплотување на колективот. Така во Русија се појавија „корпоративите“, културно-масовни настани во современа смисла на зборот. За сметка на компанијата се поставуваше маса, се купуваше алкохол, мезиња, а во крупните компании се најмуваа „ресторани“, во кои сè плаќаше компанијата. Пријателски да се напиеме, да испееме по некоја песна и да каснеме за сметка на компанијата, а по пат да се разговараат животните проблеми, како на работа, така и во политиката – ете тоа е лицето на рускиот „корпоратив“.
Станува збор имено за периодот на појавувањето на оваа појава. Сега корпоративите во голема мера се изменија, постојат и специјализирани агенции на професионални аниматори, кои имаат разработено програма. На современите корпоративи има и спортски настани, и наградни игри, и наградување на најдобрите работници. Сепак има и некои особености што останале.
„Знаете како велат: доколку утрото по корпоративот не ви е срам, значи дека тој поминал лошо“, - се шегува аниматор од една од најголемите агенции. „Кога организираме корпоративи, без разлика дали е во некој ресторан или е на природа, освен културно-забавната програма, секогаш треба да ја осмислиме и трпезата. Се сеќавам, еднаш правевме корпоратив за една агенција за недвижнини. Нивниот директор беше младо момче, беше поборник на здравиот начин на живот, па затоа од менито сосема исклучивме алкохол, а потчинетите беа од различна возраст. Кога дојдоа и кога видоа дека на масата воопшто нема алкохол, туку само салата, веднаш почнаа да се загрижуваат. Еден дел беше убеден дека началството решило да заштеди, а други се загрижиле дека фирмата, најверојатно, е во криза. Дури и мене ми приоѓаа за да се информираат“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче