Извор: Аљона Репкина
Имено во ѕидовите на касарните се зародил еден од најважните феномени на руската корпоративна култура – пушална. „Кој не пуши – тој работи“, гласи една војничка мудрост. Едноставното отсуство на работникот на своето место значи дека тој избегнува да работи, а доколку е отиден на пушење, значи дека е зафатен со нешто. Ваквиот стереотип на однесување беше пренесен имено од советската војска, каде цигарите беа вклучени во секидневноста. Во канцелариите ова е уште поактуелно, доколку и шефот е пушач. Сега, со забраната за пушење на јавни места во Русија, ситуацијата почнува малку да се менува, но тоа е долг процес, а феноменот на пушалните постои веќе подолго време.
![]() |
Шеф – и татко и цар и робовладетел „Лидер во Русија е 'театарот за еден актер'. Тука за успех треба да се знаат потребните луѓе, тука довербата е најважна... |
Работата е во тоа што во советските претпријатија, па и сега во руските канцеларии, со многу ретки исклучоци, рекреативни зони за работниците не се предвидени. Работниците, пак, од своја страна, имаат потреба некако да се одморат, а стандардната пауза за ручек не е погодна за тоа. „Пуш-паузата“ стануваа таа прекрасна причина „од оправдана причина“ да се оддалечиш од работното место, да се проветриш, едноставно на одмориш пет минути, неколку пати во денот.
Во пушалните, пак, се создавала посебна атмосфера. Пушалната ги прави луѓето рамноправни, обединети под една слабост. Може да се постои пет минути и да се пуши, а може и да се разговара со колегите за некои други теми, да се разговара за последните трачови или за работни прашања. Мажите разговараат за своите колешки, за политиката. Доколку постои силна хиерархија и доколку началството е достапно, пушалната станува една од малкуте можности да се сретнеш шефот во неформално опкружување и да си ги решиш своите прашања.
![]() |
За тастерите и за нивната с(о)вест Секој оној што се родил во СССР, од мали нозе знае дека не постои подобра навреда од „тужибабење“. Тужибабењето е неспорен непријател на општеството... |
„Се сеќавам, одненадеж добив унапредување“, се сеќава еден соработник на една голема адвокатска компанија. – „Нам долго ни ветуваа дека некој од одделот ќе добие унапредување, а кандидати имаше двајца – јас и еден мој колега. Исто работевме, ниту тој, ниту, пак, јас со ништо особено не се издвојувавме, едноставно си ја работевме својата работа. Со еднаква веројатност можеа и него да го унапредат. Но, јас пушев и затоа шефот, кој исто така пушеше, знаеше како изгледам. Тој потоа самиот ми честиташе за унапредувањето во пушалната и воедно кажа кој бил мојот соперник. Тој него го немаше видено и се сомневаше во тоа дека добро работи. Јас, пак, за своите успеси во работата понекогаш раскажував во пушалната“.
Жените во претпријатијата, за кои исто така нема предвидено посебни места за одмор, исто имаат потреба од свој агол. Тој агол е кујната. Во фирмите каде што нема кујна, овој агол е местото каде што се наоѓа чајникот. Жените на работа носеа бисквити, чај и си правеа „чајанки“ – непланирана пауза на половина час. Тука, исто така, се решавале сите важни прашања, се разговарало за последните трачови, поискусните колешки им давале совети на помладите во врска со личниот живот.
Една сметководителка на една позната фирма за бизнис-консалтинг се сеќава: „Постарите колешки за време на чајанката постојано се обидуваа да ме советуваат дека, демек, некое момче е мило, друго добро. Ми велеа дека, демек, имам 23 години, а сум сама. Преку глава ми беше од нив. Сепак, јас се омажив тогаш за колега“.
Од советските фирми овие традиции се префрлија и во канцелариите. Мажите исто така учествуваат во чајанките, а жените одат во пушалните.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче