Платите на руските функционери

Владимир Путин за една година добил околу 100 илјади долари, а вториот човек според државната хиерархија, премиерот Дмитриј Медведев, околу 118 илјади долари. Извор: ИТАР-ТАСС

Владимир Путин за една година добил околу 100 илјади долари, а вториот човек според државната хиерархија, премиерот Дмитриј Медведев, околу 118 илјади долари. Извор: ИТАР-ТАСС

По распадот на СССР бројот на функционери во Русија значително порасна и сега е отприлика трипати поголем. Руските функционери заработуваат многу помалку од нивните европски и американски колеги, но затоа уживаат големи повластици од државата, на пример добиваат стан, можат бесплатно да завршат уште еден факултет и да користат специјализирани клиники и лекувалишта.

Ниска заработувачка 

Овој месец беа објавени податоците за заработката на раководителите во Русија и во САД. На пример, во 2013 година претседателот на Русија Владимир Путин, судејќи според поднесениот извештај, имал неколку пати помала заработка од својот американски колега Барак Обама. Путин за една година примил 3.672.000 рубли (околу 100 илјади долари), а вториот човек во државната хиерархија, премиерот Дмитриј Медведев 4.259.000 рубли (околу 118 илјади долари). За споредба, во истиот период приходот на Обама изнесува 481 илјада долари, додека вториот човек во американската хиерархија, потпретседателот на САД Џозеф Бајден заработил 407 илјади долари. Европските колеги исто така имаат неколку пати поголема плата од руските државници. Годишниот приход на германската канцеларка Ангела Меркел изнесува околу 280 илјади евра, додека претседателот на Франција Оланд заработува 180 илјади евра годишно.

Пратениците на Државната дума (долниот дом на рускиот парламент) исто така поднесоа извештаи за своите примања. Според нив тие во просек заработуваат до 3 милиони рубли годишно. Мината година просекот изнесувал 2 милиони рубли (56 илјади долари). 

И инаку државните службеници во Русија заработуваат многу помалку од нивните колеги во другите земји, но затоа државата им дава големи повластици и привилегии. Високите функционери, на пример, можат да користат државни автомобили, викендичка и специјална телефонска линија. Државните службеници од понизок ранг исто така имаат определени повластици. Според законот „За државна цивилна служба“, функционерите имаат право на субвенции за купување стан или право на приватизација на службен стан, но само еднаш во кариерата. Токму така градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин стана сопственик на стан од 308 квадратни метри во центарот на градот. Голема повластица е и можноста за студирање на сметка на државата, и тоа не само кога станува збор за стручно усовршување или за стажирање, туку и во случај на добивање на уште една високообразовна диплома, која инаку во Русија се плаќа. Освен тоа, државните службеници користат специјализирани клиники и лекувалишта. 

Во услови кога приватниот бизнис не доживува процут, државната работа во Русија станува сè популарна. Според податоците на Независниот институт за социјална политика, бројот на граѓани од таканаречената „средна“ класа, вработени во државна служба, во 2013 година бил за една третина поголем одошто во 2007.

Вкупен број 

Според законот „За државна цивилна служба“, функционерите имаат право на субвенции за купување стан или право на приватизација на службен стан, но само еднаш во кариерата. Токму така градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин стана сопственик на стан од 308 квадратни метри во центарот на градот.

По распадот на СССР бројот на функционери во Русија е значително зголемен и сега е отприлика трипати поголем, вели Александар Дорофеев, генерален директор на компанијата за консалтинг „Аркаим“. Невозможно е прецизно да се спореди бројот на државните службеници, зашто станува збор за различни системи на државно устројство. „Можат да се издвојат три нивоа на државни службеници: цивилни државни службеници на федералните органи на извршната власт, службеници на субјектите на Руската Федерација и службеници на градските администрации“, објаснува Руслан Корчагин, шеф на научно-истражувачкиот центар за државна управа на Меѓународниот институт за државна служба и управа при Руската академија за стопанство и државна служба (РАНХиГС). Изминативе неколку години во Русија во просек на илјада жители имало 4.5 државни службеници, додека во САД овој показател изнесува 6.5. Според податоците на Андреј Клименко, во руските државни служби има постојан недостиг од кадри. 

На пример, според податоците на Организацијата за економска соработка и развој, во системот на централната управа на Русија се вработени над 600 илјади лица. За споредба, во Велика Британија овој број изнесува 420 илјади, а во Канада 260 илјади, во Португалија 620 илјади, во Турција 1.8 милиони, во САД 2 милиони лица. 

Вкупниот број претставници на извршната власт во Русија, односно федерални, регионални и градски функционери, според податоците на Државниот завод за статистика („Росстат“) изнесува околу 1.3 милиони лица. Но, сепак, ако се земе превид бројот на жители во Русија, тогаш бројот на функционери, според податоците што ги наведува Максим Кљагин, аналитичар на менаџерската компанија „Финам менаџмент“, е барем двојно помал во однос на споредливите вредности во развиените земји. Перспективните луѓе во државната служба би можело да ги привлече таканаречената монетизација на повластиците. „Ние во повеќе наврати предлагавме поголемиот дел од повластиците да се монетизира со цел подигнување на ефективноста на буџетските расходи“, вели Андреј Клименко, директор на Институтот за државна и градска управа на Националниот истражувачки универзитет „Висока економска школа“. Според него, младите луѓе треба да ги привлечат поголемите плати на ниво кое може да се спореди со пазарното.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња