За тастерите и за нивната с(о)вест

Извор: Аљона Репкина

Извор: Аљона Репкина

Многумина сметаат дека корпоративната култура во Русија, ако не отсуствува во принцип, барем е лошо развиена и наведуваат примери за корпоративни култури во крупните западни компании. Сепак корпоративната култура во Русија постои, и, секако, таа си има свои особености. „Руска реч на македонски“ собра податоци од најголемите руски кадровски агенции, помуабети со вработени од различни корпорации и состави список од најважните особености на корпоративната култура во Русија.

Секој оној што се родил во СССР, од мали нозе знае дека не постои подобра навреда од „тужибабење“. Тужибабењето е неспорен непријател на општеството. Децата ги мразат тужибабите, а воспитувачите не ги почитуваат. Иако, се чини, би требало да ги сакаат своите информатори. Кога децата ќе потпораснат, нивното однесување ќе се нарекува со поинакви зборови – шпион или тастер.

Шеф – и татко и цар и робовладетел
„Лидер во Русија е 'театарот за еден актер'. Тука за успех треба да се знаат потребните луѓе, тука довербата е најважна, а покажувањето на власта е лош пример за управување. Оние што тоа го сфатиле, брзо направија кариера и се збогатија“.

Шпионирањето и тужибабењето традиционално се сметаат за едно од најгрдите престапи во Русија. Се работи за тоа дека не постоел ниту еден цар, ниту еден претседател, генерален секретар или началник за кои зад грб не се зборувале непријатни работи. Во минатиот век во царска Русија и во СССР многумина имаат лежено во затвор и во логор откако биле шпионирани. Како тие можеле да ги сакаат шпионите? А, останатите, оние кои имале можност добро да поразговараат со оние што лежеле и кои ги усвоиле моралните закони од зад решетките, зошто би ги почитувале шпионите? 

Шпионирањето работниците го вршат од различни причини. Една работа е клеветењето, лажењето – да се извалка соперникот, претендентот за некое место кое би сакал да го заземе шпионот. Но, има и „шпионирање“ со цел воспоставување правдина, на пример, за некој несовесен колега, од чија неодговорност страда родното претпријатие. 

Еден раководител на металуршко претпријатие се сеќава на еден случај од советската практика. „На еден партиски состанок, Иванов изјави дека претходниот ден Петров во собата за пушење раскажувал политички вицови, додека во тој момент во кривичниот законик на РСФСР јасно било пропишана кривична одговорност за тоа. Петров одлежал десет години затвор за антисоветска агитација. Но, ова решение го сметале за праведно само оние кои го почитувале кривичниот закон на РСФСР – за него Иванов бил граѓанин со свест, непокорлив борец за правдина и за светла иднина. А, оние што го мразеле кривичниот закон, Иванов бил „тастер“. Лично јас го сметав за „тастер“, но законот си е закон“. Без оглед на целите според кои се раководи некој човек, во руската корпоративна средина нема проштевање за „тастерите“ – тоа е дамка што не се мие.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња