Може ли Крим да остане без вода?

Изминатиот викенд украинските власти го запреа снабдувањето со вода за пиење за полуостровот. Извор: РИА Новости.

Изминатиот викенд украинските власти го запреа снабдувањето со вода за пиење за полуостровот. Извор: РИА Новости.

Минатиот викенд украинските власти го запреа снабдувањето со вода во Северо-кримскиот канал, од кој со вода за пиење се снабдува 80% од полуостровот. Наместо сто кубни метри вода во секунда, кои се предвидени за ова време од годината, моментално низ него поминуваат само шест. Се создаде реална опасност дека во следниве неколку месеци два милиони Кримјани, а заедно со нив и гостите налето, ќе почувствуваат недостиг од вода, вклучувајќи ја и онаа за пиење.

Речиси единствен извор за вода на полуостровот е Северо-кримскиот канал со должина од 500 километри кој е изграден во шеесеттите години од минатиот век. Водата во него доаѓа од Каховскиот резервоар на Днепар. Благодарение на него и на изградениот систем за наводнување на Северен Крим пустината се има претворено во градина полна со живот, а жителите на јужните морски градови добија непречен пристап до вода. 

Како што изјави Полад Полаѕаде, претседател на советот на Сојузот на работници во водниот транспорт и на стручњаци за наводнување, поранешен министер за водостопанство на СССР, минатиот викенд нагло (за повеќе од десет пати) е намалено снабдувањето со вода. „Ова значи дека украинските власти во Херсконската област ги затвориле вентилите“, изјави тој. „Постои можност осум кримски резервоари да останат празни, што значи дека во следниве неколку месеци, вклучително и летната сезона, Кримјаните ќе минуваат низ тежок недостиг од вода. Ситуацијата е уште посложена зашто Украина уште од времето на осамостојувањето не се занимавала со поправка и реконструкција на каналот. Каналот се наоѓа во многу лоша состојба, во транзитот се губи и до 45% од водата. Потребно е да се преземат мерки“. 

Крим дава алтернатива за Јужен тек
Присоединувањето на Крим кон Русија може кардинално да ги подобри параметрите на проектот Јужен тек. Се појави можност за алтернативна маршрута – преку територијата на полуостровот, што за двапати ќе го намачи трошоците за морскиот дел од проектот.

Не постојат многу алтернативи. Според мислењето на Полад Полаѕаде, не се исплатува да се гради водовод од Кубањ, зашто тоа би чинело многу. Освен тоа, Северо-кавкаскиот регион и без него кубури со вода. 

Таканаречените води од природен слив (од топење на снегот на планините и од ретките дождови), што се имаат акумулирано во останатите 15 резервоари низ целиот Крим, не се од големо значење. Во нив има високи наноси тиња, така што тие не одговараат за чување вода за пиење. Ниту вадењето подземни води нема да го реши проблемот, туку ќе помогне само на локално ниво, за потесен круг луѓе. 

Еден од излезите е да се изградат фабрики за дестилирање вода. Да кажеме, на Азовското море кое е речиси несолено. Бидејќи ова троши многу енергија, организаторите мораат да размислуваат за прашањето на дополнителни извори на енергија. Во оваа смисла кракот на гасоводот по дното на Црното море Тамањ-Керч, кој можеби ќе стане дел од Јужен тек, би бил мошне корисен и навремен. 

Владимир Кашин, претседател на Одборот на Државната дума за природни ресурси, експлоатација на природата и екологија, смета дека е потребно да се искористи искуството од други држави, како што е Израел, каде речиси сета слатка вода (и за пиење, и за земјоделство, односно за јужно наводнување) се добива од морето. „Не треба да се прави драма од ситуацијата“, вели тој, „жителите на Крим во секој случај ќе имаат вода. Ако е потребно, ќе ја донесеме со авион, со водени транспортери, Сепак водата е потребна и за индустријата и за земјоделството. Ако тлото не се наводни, ќе настане засолување, и тогаш со години ќе биде неупотребливо. Затоа се надеваме дека меѓународните организации ОБЕС, Парламентарното собрание на Советот на Европа, кои ќе имаат свое влијание на украинските власти, повторно ќе го воспостават водоснабдувањето на Северо-кримскиот канал“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња