Постојаниот претставник на РФ Виталиј Чуркин ја повика меѓународната заедница да побара од киевските власти прекинување на „војната со украинскиот народ“. Извор: UN PHoto
На својот настап на 14 февруари пред членовите на Советот за безбедност на ОН, постојаниот претставник на РФ Виталиј Чуркин ја повика меѓународната заедница да побара од киевските власти прекинување на „војната со украинскиот народ“ и предупреди дека во спротивно ќе бидат прекинати преговорите кои се закажани за 17 април, а на кои ќе учествуваат РФ, ЕУ, САД и киевските власти. Тој подвлече дека „имено од Западот сега зависи можноста за избегнување граѓанска војна во Украина“.
„Меѓународната заедница треба да побара од приврзаниците на Мајдан да престанат со војната со сопствениот народ“, изјави Чуркин. Според него „западните спонзори на приврзаниците на Мајдан“, а исто така и САД кои стојат зад нив треба „да ги зауздат своите штитеници кои излегоа од контрола, да ги натераат да се оградат од неонацистите и од другите екстремисти и да престанат со примената на вооружена сила против украинскиот народ“.
Чуркин изјави дека доколку украинските власти се обидат да применат воени формации на југоистокот на Украина, Москва може да се откаже од учеството во четиристраните преговори. Да потсетиме дека преговорите во формат „3+1“ со учество на Русија, Украина, ЕС и САД треба да започнат во Женева на 17 април.
Впрочем, во Москва засега не губат надеж за позитивен исход. Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на 12 април изјави дека смета оти деескалација на украинската криза е сосема можна. Министерот, сепак, се пожали дека позицијата на Москва не секогаш наоѓа на разбирање на Западот. „Како одговор на нашите напори за почитување на принципите на меѓународното право и создавање заеднички систем за безбедност ние добивме политика на раширување на геополитичкото влијание на Западот на Исток, која стана, всушност, ново издание на курсот на воздржување на Русија“, рече Лавров.
Виталиј Чуркин подвлече дека „имено од Западот сега зависи можноста за избегнување граѓанска војна во Украина“.
Од своја страна, постојаниот претседател Чуркин ги повика западните партнери да престанат да го вперуваат прстот во Москва: „Некои, дел од кои се наоѓаат во оваа сала, упорно не сакаат да ги видат вистинските причини за она што се случува во Украина, постојано велејќи дека на југоистокот е замешана Москва. Треба да се престане со тоа“. Тој го нарече лажно соопштението за тоа дека руската армија се подготвува да ја премине границата со Украина. „Треба да се престане со ширењето невистини за тоа дека сме собрале воени единици на границата, кои се подготвени за неколку часа да дојдат уште малку и до Ламанш. Дека сме испратиле орди агенти за да ги координираат акциите на жителите на Украина кои протестираат“, изјави Чуркин.
Впрочем, наводите на рускиот дипломат не беа уверливи за членовите на Советот за безбедност. Во својот настап претставникот на САД при ОН Саманта Пауер изјави дека немирите во југоисточните региони „биле испланирани и организирани“ од страна на Москва. Верзиите за тоа дека Москва се обидува да го направи „кримското сценарио“ во јужните области на Украина ги поддржаа делегациите на Франција, Велика Британија, Австралија, Литванија и на Луксембург.
Според материјалите на „Комерсант“, „Взгљад“, „Газета.RU“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче