Поддршка на Латинска Америка за Русија

Зградата на кубанското Национално собрание на народната власт во Хавана (Капитолио). Фотографија: Марко Занферари.

Зградата на кубанското Национално собрание на народната власт во Хавана (Капитолио). Фотографија: Марко Занферари.

Ситуацијата поврзана со приемот на Крим во Руската Федерација потсетува на ситуацијата која настана откако Москва во 2008 година ја призна независноста на Абхазија и на Јужна Осетија. Додека западот категорички одбива да ја признае промената на правниот статус на Крим, земјите во развој застануваат на страната на Москва. Лидери на низа латиноамерикански држави станаа нови, помалку-повеќе отворени сојузници на Москва во врска со прашањето за Крим. Тие истакнуваат дека е поминато времето на монополарниот свет.

Кон крајот на минатата недела Министерството за надворешни работи на Русија им се заблагодари на раководството на Никарагва за поддршката во врска со ситуацијата на Крим. Според извори на „Руска реч на македонски“ во рускиот надворешнополитички ресор, заменик-министерот за надворешни работи на РФ Сергеј Рјапков ѝ се заблагодари на никарагванската страна за цврстата и доследна поддршка на позициите на Русија во врска со Крим и Севастопољ, како и со рускиот приод кон решавањето на кризата во Украина. Рјапков разговарал со Луис Ортега, специјален претставник на претседателот на Никарагва за трговско-економска соработка на Русија кој допатува во работна посета на РФ.

Руското Министерство за надворешни работи му изрази благодарност и на амбасадорот на Куба во Москва Емилио Лосадо Гарсија за принципиелната позиција на кубанската страна во поглед на Крим и на регулирањето на кризата во Украина. 

Кина се подготвува активно да ѝ помага на Москва
Санкциите и заминувањето на западните инвеститори по украинската криза ќе ја натераат Русија сериозно да воспостави односи со источните соседи. Во среднорочна перспектива Азија може да биде главен пазар за продажба на руската стока и извор на капитал и технологија.

Претходно поддршка за Русија изрази и претседателот на Венецуела Николас Мадуро. Заканите на Западот дека ќе воведат санкции за Русија тој ги окарактеризира како безобразие. „Наместо да му се заканува на Путин, светската заедница треба да му додели Нобелова награда за мир, зашто тој ја запре војната во Сирија и спречи војна во Украина“, изјави Мадуро во една венецуелска радиоемисија. 

Според него она што се случи на Крим е всушност одговор на подривањето на украинската демократија. „Сета одговорност за овој формат го презема антируската политика на САД и на дел од Европа“, рече тој. Тие сакаат да ја опколат Русија за да ја заслабнат, да ја срамнат со земја и да ја разорат. Тоа е нивна дамнешна желба што ја негуваат веќе 300 години и која многу западни елити се обидуваат да ја реализираат. Тие не може да го направат тоа со помош на Наполеон, ниту, пак, со помош на Хитлер, иако Наполеоновиот случај во Франција и Хитлеровиот во Германија се две сосема различни појави. Но, сепак, сега тие во согласност со истата традиција повторно јуришаат на Русија. Но, и овој пат ќе останат со куси ракави. 

Претседателот на Венецуела ги обвини земјите кои не ги признаваат резултатите од референдумот на Крим за примена на двојни стандарди, потсетувајќи на Косово и на Фокландските острови. На сличен начин реагираше и претседателката на Аргентина Кристина Фернандез де Кирхнер. Таа изјави дека САД и Велика Британија со непризнавањето на присоединувањето на Крим кон Русија демонстрира политика на двојни стандарди. 

Кирхнер го спореди кримскиот референдум со минатогодишниот плебисцит на Фокландските острови, кои Аргентина ги смета за своја територија. Меѓународната заедница ја призна волјата на жителите на архипелагот кои со мнозинство гласови се изјаснија да останат во состав на Велика Британија и покрај протестот на Буенос Аирес. „Инсистираме принципот на територијален интегритет на кој апелираат големите сили да важат за сите. Или ќе се придржуваме на истите принципи или ќе живееме во свет во кој не постојат закони и каде важи правото на посилниот“, нагласи Фернандез, говорејќи за противењето на Западот на кримскиот референдум. 

За волја на вистината, може да се каже дека позициите на Аргентина се двојни. И покрај острата критика која претседателката на оваа земја ја упати на адреса на Западот, Аргентина во Советот за безбедност на ОН гласаше за резолуцијата која ги осудува акциите на Русија на Крим не го признава референдумот. За жал, за американската варијанта на резолуцијата гласаше и Чиле, другата избрана членка на Советот за безбедност од Латинска Америка, и покрај тоа што шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров уште на 12 март лично ја објасни позицијата на Русија кон Украина на амбасадорите на државите од Латинска Америка во Москва.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња