Природата на повредите на телата на патниците од урнатиот Е321 на руската авиокомпанија „Когалимавиа“ може да укажува дека пред судирот со земјата во авионот настанала експлозија, изјави за агенцијата „Спутник“ египетски медицински експерт кој учествува во истрагата, пренесува РИА „Новости“.
„Големиот број одделни делови од телата може да укажува на тоа дека настанала силна експлозија во авионот уште пред да падне на земјата“, изјави соговорникот за агенцијата.
Според зборовите на експертот, имајќи ја предвид состојбата на повеќето тела, за идентификација на загинатите ќе иде потребна ДНК анализа.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче