Путин вети дека ќе ги заштити Русите во Украина

Извор: Константин Завражин / Росијскаја газета

Извор: Константин Завражин / Росијскаја газета

Западните земји продолжуваат со политиката на попречување на Русија, смета претседателот.

„Руска реч на македонски“ на своите читатели им ги претставува главните моменти на вонредното обраќање на претседателот Владимир Путин. 

За Крим

За време на своето обраќање Путин го нарече наоѓањето на Крим надвор од границите на Русија „бесрамна историска неправда“. Според него одлуката за предавање на Крим на Украина била донесена од страна на советскиот лидер Никита Хрушчов со нарушување на уставните норми. 

„Оваа одлука била донесена со очигледно нарушување на уставните норми кои постоеле дури и тогаш. Прашањето се решавало во кулоарите“, рече Путин. 

„Сиве овие години и граѓаните и многу општествени работници во повеќе наврати ја покренуваа оваа тема: велеа дека Крим е исконски руска земја, а Севастопољ – руски град. Да, сето тоа ние го сфаќавме, го чувствувавме и со срцето и со душата, но требаше да се тргне од постоечката ситуација и да се изградат добрососедски односи со независна Украина“, рече тој. 

„Крим е наше заедничко наследство и најважен фактор за стабилност во регионот. И оваа стратешка територија треба да се наоѓа под силен, стабилен суверенитет, кој де-факто може да биде само руски“, подвлече тој. 

За Русите во Украина

Што ги поврзува Русија и Украина освен границите и историјата?
„„Руска реч на македонски“ собра приказни на Руси за кои сегашната криза во Украина не е едноставна политичка парола, туку нешто што тие длабоко го доживуваат. strong>

Според зборовите на шефот на државата, рускојазичното население во Украина е изморено од обидите за негова „принудна асимилација“. „Повеќе пати се правеа обиди да Русите да се лишат од историската меморија, а сега и од мајчиниот јазик, да станат објект на принудна асимилација“, изјави Путин. 

Тој подвлече дека Русија секогаш ќе ги штити интересите на рускојазичните граѓани. „Во Украина живеат и ќе живеат милиони Руси, рускојазични граѓани, и Русија секогаш ќе ги штити нивните интереси со политички, дипломатски и со правни средства. Сепак најпрво самата Украина треба да биде заинтересирана за тоа на овие луѓе да им бидат загарантирани правата и интересите, тука е и залогот за стабилност, за украинската државност и за територијалната целост на земјата“, рече тој. 

За иднината на Украина 

Путин подвлече дека Русија не сака распад на Украина. „Сакам да ме слушнете, драги пријатели. Не верувајте им на оние што ве заплашуваат со Русија, на оние што врескаат дека по Крим ќе тргнат и други региони. Ние не сакаме распад на Украина. Нам тоа не ни е потребно“, изјави тој. 

За властите во Киев

„Главни извршители на превратот беа националистите, неонацистите, русофобите и антисемитистите – имено тие во голем дел го определуваат животот на Украина до денес“, рече претседателот на РФ. 

„Јасно е и тоа дека сè уште не постои легитимна извршна власт во Украина, нема со кого да се разговара, многу државни органи се узурпирани од самозванци, при што тие немаат контрола врз ништо во земјата, а самите, сакам да подвлечам, самите често се наоѓаат под контрола на радикалите. Дури и да се дојде на прием кај некој од министрите од актуелната влада е можно само со дозвола на бунтовниците од Мајдан, тоа не е шега, тоа е реалност од сегашниот живот“, изјави Путин. 

За дејствијата на Западот 

„Во случајот со Украина нашите западни партнери ја преминаа цртата, се однесуваа грубо, неодговорно и непрофесионално“, рече Путин. Тој забележа дека западните земји многу добро знаеле за милионите Руси кои живеат на островот Крим. „Русија се најде на граничната линија од која не можеше да отстапи“, изјави Путин. 

За НАТО

Коментирајќи ги изјавите за тоа дека Украина може да ја рашири соработката со НАТО, Путин рече: „Ние не сме против соработка со НАТО, сосема не сме, ние сме против тоа воената алијанса – при сите внатрешни процеси таа сепак останува воена организација – ние сме против тоа воената организација да биде домаќин покрај нашата ограда, покрај нашиот дом или на нашите историски територии“. 

За меѓународното право 

Путин ги нарече „изненадувачки цинизам“ изјавите на ЕУ и на САД за тоа дека Русија ги нарушува нормите на меѓународното право. Според него, ситуацијата на Крим е апсолутно аналогична со признавањето на независноста на Косово од страна на западните држави. Тој го цитираше решението на Меѓународниот суд на ОН во врска со ова прашање: „Од практиката на Советот за безбедност не постои никаква општа забрана за едностраното прогласување на независност. Меѓународното право не содржи каква и да е забрана која може да се примени во врска со прогласувањето независност“. 

Претседателот исто така ја цитираше декларација, која САД ја донесе во врска со ситуацијата на Косово. Во документот се вели дека декларациите за независност можат да го нарушуваат внатрешното законодавство на земјата, сепак тоа не значи дека се нарушува меѓународното право. „Самите тоа го напишаа, го раструбија низ сиот свет, ги убедуваа сите, а сега се бунат. Зошто?“, рече Путин. 

За санкциите 

Подготвеност за последиците
„Руска реч на македонски“ ви претставува мислења на двајца руски експерти, кои говорат за можните санкции од страна на Западот за Русија по спроведувањето на референдумот на Крим. strong>

„Денес ни се закануваат со санкции, но ние и онака живееме во услови на низа ограничувања, кои се мошне важни за нас, за нашата економија, за нашата земја“, рече Путин.

Тој потсети дека уште во периодот на студената војна САД, а потоа и други земји му забранија на СССР да продава технологија и опрема. Оваа забрана е укината само формално, смета Путин. 

„На практика, многу забрани како и претходно остануваат на сила, имаме основи да претпоставуваме дека озлогласената политика за попречување на Русија, која се спроведуваше во 18, 19 и во 20 век, продолжува и денес. Постојано се обидуваат да нè затераат во некој агол зашто имаме независна позиција, зашто се придржуваме на неа, за тоа што стварите ги нарекуваме со своето име и не сме лицемери“, рече рускиот лидер. 

За меѓународната реакција

„Ние со благодарност се однесуваме кон сите оние кои со разбирање им пријдоа на нашите чекори на Крим. Благодарни сме му на народот на Кина, чие раководство ја разгледуваше и ја разгледува ситуацијата поврзана со Украина и со Крим во сиот нејзин историски и политички контекст. Мошне високо ја цениме воздржаноста и објективноста на Индија“, изјави Путин. 

Тој исто така им се обрати и на Германците дека кога се донесуваше одлуката за обединување на ГДР и ФДР, не сите ја поддржуваа таа иницијатива, сепак СССР беше во целост за ова историско обединување. „Уверен сум дека не сте го заборавиле тоа и сметам дека граѓаните на Германија исто така ќе го поддржат стремежот на рускиот свет, на историската Русија за востановување на единството“, забележа претседателот. 

Според материјалите на Интерфакс и на РИА Новости.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња