Извор: Photoshot / Vostock photo
Првиот и единствен претседател на СССР Михаил Горбачов го искажа своето мислење за тоа дека заканите за санкции кон Русија во врска со референдумот на Крим немаат правна основа. „За објавување санкции треба да има мошне сериозни причини“, уверен е тој. Притоа, според мислењето на Горбачов, искажувањето на волјата на народот на Крим, која заврши „со успех во однос на аспирациите на кримјаните“, не претставува основа за такво нешто.
„Доколку претходно Крим беше присоединет кон Украина според советските закони, без за тоа да се праша народот, сега народот самиот реши да ја исправи таа грешка. Тоа треба да се поздрави, а не за такво нешто да се објавуваат санкции“, изјави Горбачов за Интерфакс.
![]() |
Путин вети дека ќе ги заштити Русите во Украина Западните земји продолжуваат со политиката на попречување на Русија, смета претседателот.strong> |
Референдумот за државниот статус на Крим и на Севастопољ беше одржан на 16 март. Избирачите од регионот требаше да изберат помеѓу раширување на овластувањата на регионот во состав на Украина и присоединување кон Русија (претходно на референдумот се предвидуваше само да се определи степенот на автономијата).
По обработката на сите гласачки ливчиња властите објавија дека 96.77% од оние што гласале се изјасниле за поддршка на влегувањето на автономната република во состав на Русија. Веднаш потоа Врховниот совет на Крим на вонредно пленарно заседание беше преименуван во Државен совет на Република Крим, а „Автономната Република Крим“, официјално стана едноставно „Република“.
Од следниот ден на територијата на Крим повеќе не се применува законодавството на Украина и не се исполнуваат одлуките на Врховната Рада кои се донесени по 21 февруари 2014 година (донесените одлуки пред овој датум се применуваат до донесувањето на други нормативни акти).
Пратениците исто така ја донесоа и очекуваната резолуција „За независност на Крим“, во која се вели дека Република Крим се обраќа „на Руската Федерација со предлог за нејзино примање... во состав на РФ како нов субјект со статус на република“, а исто така и до ОН и до сите држави во светот со повик за признавање на независната држава.
Во Државната дума и во Советот на Федерацијата на РФ веќе изјавија дека нема да има никакви задржувања на документите за примање на Крим. Претседателот на Државната дума Сергеј Наришкин изјави дека независноста на Крим ќе биде признаена од страна на Русија со меѓудржавен договор. Притоа правната регистрација за влегување на Крим во состав на РФ може да трае до половина година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче