Експлозија во центарот на Москва

Во експлозијата се повредени 5 лица.

Вечерта на 7 декември одекна експлозија на постојката за градски транспорт на улицата „Покровка“ бр. 19 во Москва, пренесува „Рамблер.ру“.

Според последните информации што ги објави прес-службата на одделот за здравство на Москва, во експлозијата се повредени 5 лица.

Според информациите од руското Министерство за внатрешни работи, моќноста на експлозивот била еднаква на 50 грама тротил (експлодирала самоделна направа).

Лекар во една од московските болници изјави дека лицата што настрадаа во експлозијата се наоѓаат надвор од животна опасност.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња