Македонскиот премиер Никола Груевски го пречекува министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров, пред почетокот на нивната средба во Охрид на 20 Април 2011 година. Министерот Лавров, во рамките на неговата официјална балканска турнеја, беше во еднодневна посета на Македонија, на којашто се состана со државниот врв. Извор: Рoберт Атанасовски / AFP PHOTO
Корените на разновидните врски меѓу народите на нашите две земји досегаат длабоко низ вековите. Нивната духовна блискост, културната и јазичната опшност го направија неизбежен развојот и зацврстувањето на контактите меѓу нив, кои со текот на времето станаа основа за изградба на меѓудржавните односи.
Русија ја призна независноста на Република Македонија на 4 август 1992 година, додека дипломатските односи беа воспоставени на 31 јануари 1994 година.
Важна етапа на овој пат претставува основањето на Рускиот императорски конзулат во Битола во 1860 година – првиот официјален претставник на Русија на територијата на современа Македонија. Бил создаден орган што е повикан да ги акумулира спорадичните врски во одделни области и да создаде целосна соработка, кој ќе биде во корист на двете страни. Работата на конзулатот придонела за зацврстување на повеќегодишното пријателство на народите од двете земји, кое Русија и Македонија, како драгоцено наследство од своите предци, го чуваат до денешен ден.
![]() |
Рускиот конзул кој сочувствуваше со Македонците Минатиот месец се навршија 110 години од смртта на Александар Ростковски, конзул на Русија во Македонија, кој во 1903 година беше убиен во Солун. |
Денес руско-македонските односи претставуваат висок степен на политички дијалог, трговско-економска соработка, која интензивно се развива, како и хуманистички врски, кои постојано се зголемуваат. Важен показател на високиот квалитет на билатералните односи денес претставуваат постојаните посети, меѓу кои и оние на ниво на шефови на држави и на влади, на министри, постојаните културни, научни, образовни и спортски размени.
Како основа за заедничката соработка служи цврстата догворно-правна основа. За дваесет години меѓу нашите две земји се потпишани повеќе од 60 различни договори, од кои половината се меѓувладини. Столб на сето ова е Декларацијата за пријателски односи и соработка, која беше потпишана во јануари 1998 година, а со која беа установени главните принципи на развој на билатералната соработка. Како најсвежи примери на договори се Спогодбата за соработка во рамките на проектот „Јужен тек“, а, исто така, и Спогодбата за отворање на културни центри на двете земји во Москва и во Скопје.
На 6 октомври 1994 година руското претставништво во Скопје прерасна во Амбасада на Руската Федерација. Истата година, македонската Канцеларија за врски во Москва започна да функционира како Амбасада на Република Македонија.
Суштински успеси Русија и Македонија постигнаа и на економски план. Денес Руската Федерација е еден од најголемите странски инвеститори во македонската економија. Во моментов на територијата на Република Македонија успешно функционираат десетина компании со руски капитал. На сите им се познати брендовите, какви што се: „Лукоил“, „САСА“, „Бучим“, „Балкан енерџи груп“, „Гришко“, „Продис“ и други. Вработените во овие фирми, работејќи „рамо до рамо“ со своите руски колеги, секојдневно во практика ја потврдуваат тезата за исклучително позитивните односи меѓу народите на нашите две земји.
Голем придонес во развојот на контактите меѓу двете земји даваат и самите граѓани: бизнисмените, научните и културните работници, туристите. Систематската размена во областа на филмот, на театарот и на музичката уметност, динамичната соработка во сферата на образованието и на науката, активните духовни врски покажуваат дека народите на нашите земји заемно се интересираат за културното наследство, за духовното, професионалното и животното искуство. Имено, ваквата соработка може да го зачува вистинското пријателство што го создале нашите предци и кое треба да биде предадено на потомците како камен-темелник на вистинска рамноправност и на заемно почитување во односите со партнерите, а кој претставува залог за зачувување и за зголемување на насобраниот обем билатерални контакти.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче