Пушков укажа на одговорноста на САД за нападите во Париз

За политиката на САД на Блискиот Исток цената ја плаќа Европа, изјави претседателот на Комитетот на Државната дума за меѓународни работи Алексеј Пушков.

„САД изјавија дека нема никаква закана за нив. Да, за нивната политика на Блискиот Исток цената ја плаќа Европа. Дојде време таа да најде заеднички јазик со Русија“, напиша Пушков на Твитер, пренесува „Взгљад“. 

Според неговите зборови, „НАТО не треба да се препушта на русофобија, туку како одговор на нападот врз членка на Алијансата, согласно член 5 од Вашингтонскиот договор, треба да ѝ објави војна на ИДИЛ“.

„Дали Западот го мобилизира НАТО за борба со ИД? Или Алијансата, мачејќи се од безделништво, ќе се занимава со измислената „руска закана“ додека ИД ја крева во воздух Европа?“, пишува Пушков.

„Обама призна дека појавата на ИД настана како последица од окупацијата на Ирак од страна на САД. Сега ИД го крева во воздух Париз. И ни велат дека САД немаат врска со ова!?“, изјави Пушков.  

Тој потсетува дека „Обама неколку часа пред терористичкиот напад во Париз“ изјави: „Целта на САД беше задржување на ИДИЛ, и ние ги задржавме“.  

„Нека им раскаже на своите „успеси“ на Французите!“, пишува пратеникот.

„Столтенберг на прес-конференциите цело време се вади дека ја задржува Русија. Нека облече панцир и нека оди во Ирак и Сирија да се бори со вистинската закана“, заклучува Пушков.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња