Министерството за правда на САД побара од Шведска и Швајцарија да го запленат имотот на руските компании „Вимпелком“ и МТС во врска со тужбата за корупција на пазарот на телекомунникации во Узбекистан, пренесуваат медиумите. За корупција е обвинета и шведската телекомуникациска компанија „ТелиаСонера’“.
Според податоците на „Вол Стрит Џурнал“, министерството за правда на САД се обратило до властите на Швајцарија со молба да се запленат 640 милиони долари имот кои се наоѓаат во банките во оваа земја и „можат да бидат поврзани со корупциска активност“ трите наведени компании. Ова барање на Америка стигнало и на адреса на Шведска, каде под сомнение се наоѓаат 30 милиони долари на една од сметките во банките на оваа држава“, пренесува „Взгљад“.
Американскиот весник наведува дека истрагата „открила дека „Вимпелком“, МТС и „ТелиаСонера“ им дале мито на узбекистанските чиновници со цел добивање телекомуникациски договори во Узбекистан“.
САД тврдат дека овие компании дале големи суми на блиски роднини на претседателот на Узбекистан Ислам Каримов во замена за простап до бизнисот во оваа земја.
Министерството за правда на САД во јули годинава доби дозвола од окружниот суд на Менхетен да ги блокира активите во Ирска, Луксембург и Белгија во износ од 300 милиони долари во врска со истрагата за учеството на компаниите „Вимпелком“ и МТС во корупција во текот на нивното работење во Узбекистан.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче