Професионалци на чело на судирите во Киев

Извор: Ројтерс

Извор: Ројтерс

Според податоците од 19 февруари, како последица на судирите во Киев загинале 25 лица. Заострувањето на ситуацијата и појавата на голем број жртви го привлекува вниманието на руските власти и на јавноста.

Руските парламентарци ставаат акцент на зголемената агресивност на бунтовниците од радикалните движења и ги повикуваат украинските власти да преземат мерки за прекин на крвопролевањето. Експертите, пак, сметаат дека меѓународната заедница треба да се вмеша, за да не се допушти политичката криза да прерасне во граѓанска војна. 

Со програмата и со пукањето раководат искусни професионалци, смета шефот на меѓународниот комитет на Советот на Федерацијата Михаил Маргелов.  

Москва бара од лидерите на Мајдан да го запрат крвопролевањето во Украина и да го обноват дијалогот со властите во земјата, се вели во соопштението од прес-службата на МНР на Русија.  „Русија бара лидерите на немирите да го запрат крвопролевањето до своја страна, веднаш да го обноват дијалогот со законската власт без закани и ултиматуми“, се вели во соопштението, објавено на сајтот на МНР денес.

Рускиот текст може да се прочита на сајтот на РИА Новости.

„Поголемиот дел од коментаторите на настаните во Украина сметаат дека никоја не раководи со Мајдан и со бунтовниците, дека останува збор за 'народна стихија'. Но, настаните на улицата Грушевски веќе ја демантираше оваа идеја – многу умешно и складно бунтовниците вршеа напади на органите за ред и мир, го пополнуваа арсеналот со штитови, шлемови и пендреци и со додатоци ги правеа Молотовите коктели напалм бомби“, изјави Маргелов за новинарите. 

„Зад бунтовничките дејствија се гледа очевидна организираност. Згора на тоа, Мајдан по кусото примирје зема сила и во провинцијата – Лавов, Тернопољ, Ивано-Франковск. Таму сега ги заземаат не само канцелариите на власта, туку и ги напаѓаат одделенијата на полицијата и ги разоружуваат припадниците на Беркут (единица за специјална намена на украинската полиција)“, вели сенаторот. 

Маргелов додава дека лидерот на партијата „УДАР“ Виталиј Кличко и на „Баткившчина“ Арсениј Јаценјук тешко дека поседуваат таков вид воен талент.  „Нивна работа е заедно со Западот да состават план за создавање на опозициска влада и да спроведат уставни реформи, за што се очекува соодветна финансиска помош од Западот“, додаде шефот на комитетот. 

Според мислењето на сенаторот, сега најважно е да се стави крај на уличните борби и да се започне одговорен политички дијалог. Но, и тоа може да не го консолидира украинското општество. „Тоа е разнишано – не ми текнува на ниту еден украински парламент во кој пратениците не се тепале“, заклучува Маргелов. 

Европа зборува за Украина, а мисли на Русија
Европа не ја интересира Украина. Европа ја интересира Русија.

Властите на Украина за спроведување ред во земјата веќе треба да објават вонредна состојба во Киев и да преземат жестоки мерки против учесниците во нередите кои применуваат оружје, смета членот на комитетот на Советот на Федерацијата за надворешни работи Игор Морозов. 

„Треба да се испрати војска во Киев, треба да се воведе вонредна состојба и да се дејствува како во воено време“, изјави Морозов за РИА Новости. 

Според мислењето на рускиот сенатор, претседателот Јанукович сега има „само една можност да воведе ред – со претседателски указ физички да ги потисне оние кои се фатиле за оружје, оние што стрелале во полицајците и во припадниците на Беркут, и да ги осуди во правна рамка оние луѓе кои примениле најжестоки мерки“. 

Шефот на комитетот на Државата дума на РФ за меѓународни работи Алексеј Пушков е уверен дека повикот на потпретседателот на САД Џо Бајден до претседателот на Украина Виктор Јанукович да покаже воздржаност претставува „сигнал“ за екстремистите. 

„Бајден го повика Јанукович, но не и радикалите на „максимална воздржаност“! Така екстремистите повторно добија сигнал за поддршка на САД“, напиша пратеникот денес на својот Твитер-профил. 

Сега само притисокот од страна на меѓународната јавност може да ја реши политичката криза во Украина. Ова е мислењето на извршниот директор на политичкиот центар „Север-Југ“ Алексеј Власов. 

„Без притисок врз опозиционерите од страна на Западот, од страна на информациските политички спонзори е невозможно да се одржи процесот во рамките на преговорите, зашто во ваква ситуација радикалите се чувствуваат безбедно, без никој да ги казнува, па затоа ќе ја преминуваат границата која ја дели политиката од хаосот. И доколку надворешните сили – Русија, Европската Унија и САД – не почнат да влијаат на политичката ситуација во Украина, се плашам дека таа, за жал, ќе се приближи до границата зад која се наоѓа најстрашното – граѓанската војна“, смета тој.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња