„Советската војска на Германија ѝ подари иднина“

Дмитриј Медведев го наградува Херман Парцингер со Орден за пријателство (2009), највисокото признание што Руската федерација го доделува на странски државјани. Извор: kremlin.ru

Дмитриј Медведев го наградува Херман Парцингер со Орден за пријателство (2009), највисокото признание што Руската федерација го доделува на странски државјани. Извор: kremlin.ru

Германскиот историчар Херман Парцингер зборува за односот кон сложената историја на руско-германскиоте односи во 20 век, за професионалните совети за надминување на историско-политичките проблеми, како и за тоа зошто во Германија на сојузниците кои доцна влегоа во војната и ги бомбардираа Дрезден и Касел се гледа како на ослободители, додека Црвената армија се смета за освојувачка и насилничка.

Да се пронајдат „допирните точки“, да се одржува дијалог и притоа да не се огреши во вистината – ова е професионалното кредо на професорот Херман Парцингер, претседател на Фондот за пруското културно наследство, најголемата германска културна организација, која активно соработува со Сојузот на музеите на Русија.

Орден за пријателство 

За исклучителните научни достигнувања и а активното учество во развојот на германско-руските научни и културни односи Херман Парцингер го доби Орденот за пријателство, највисокото одликување на Руската Федерација што им се доделува на странските државјани.

Херман Парцингер е еден од најголемите стручњаци за археологија во Европа, има дадено непроценлив придонес во проучувањето на минатото на народите на Русија. Светски познато е неговото откривање на гробницата на скитскиот цар во курганот Аржан-2 во руската република Тува во јули 2001 година, во која се пронајдени околу 6.000 предмети од злато. Друго сензационално откритие на Херман Парцингер е пронаоѓањето на замрзнатиот мумифициран скитски војник во вечниот снег на Алпите летото 2006.

Господине Парцингер, каква историја ги обединува народите, а каква создава судири во општеството?

Херман Парцингер: Секоја историја може да ги обедини народите, доколку не е искривена од страна на пропагандата и доколку не служи како оружје во рацете на политичарите. Политиката е во состојба од историски контекст да извлекува определени факти, а притоа да ги премолчува останатите, уништувајќи документи. Но, во тој случај од манипулација е позаштитено она општество кое со внимание се однесува кон минатото и не се одрекува од непријатните страници на историјата.

Советските војници во германските градови влегувале со сосема поинакви емоции одошто сојузниците. На Источниот фронт се водела војна со која според суровоста не може да се мери со ниту една друга.

Денешна Германија со внимание и со почит се однесува кон своето минато? 

ХП: Важно е да се познава историјата како нешто повеќе од список настани. Во 20 век ние изгубивме две војни. И моравме да одговараме на многу прашања. Зошто започнала таа војна, зошто станавме нација на агресорот, зошто не сме сфатиле каде нè води Хитлер? Зошто Германците молчеле додека нацистите вршеле злосторства на окупирана територија? На сиве овие прашање е невозможно да се одговори одеднаш и тоа од врвот на власта. За секој Германец ова се исклучително лични прашања. Јас им ги поставував на своите родители.

Дали Ви одговорија? 

ХП: Да... „Не знаевме. Не верувавме дека тоа е можно. Мислевме дека станува збор за антигерманска пропаганда“. На незнаењето или на одбивањето да се дознае вистината треба да им се спротивставиме со факти. Но, најважно е овие факти да не станат „формално знаење“.

А, како може да се постигне тоа? 

ХП: Не треба да се одвојуваме од минатото. Ширум Германија постојат меморијални комплекси на местата на некогашните концентрациони логори. Музеите можат да направат многу кога станува збор за паметењето на историјата. Тие можат да пронајдат начини за деполитизирано решавање на болните прашања од историјата кои се создале за време на војната.

Ми се чини дека нас [Русите и Германците] нѐ поврзува сфаќањето за тоа дека СССР со помош на сојузниците од коалицијата против Хитлер нѐ ослободи нас, Германците, од нацизмот, што самите тие не успеаја да го направат.

Пример за тоа се успешните проекти на вашиот фонд и Сојузот на музеите на Русија; „Епохата на Меровинзи“ од 2006 година и неодамнешната изложба „Бронзениот век’, која претставува експонати од руски и од германски музеи, меѓу кои има и предмети од таканаречената „трофејна уметност“ (уметнички дела што советската војска ги однела од Германија во СССР, како компензација за културните вредности кои биле уништени или украдени за време на војната од советската територија). 

Изложбите што ги споменавте за првпат во историјата го покажаа целото богатство на еден слој древни култури. Светот е отворен, можеме да се посетуваме меѓусебно. Најважно е предметите да не лежат затворени во магацините, а во кој музеј и во која земја треба да се наоѓаат е друго прашање.

Но, кога се увиде дека „Бронзениот век“ нема да гостува во Берлин, во Германија можеше да се слушне дека за тоа се одговорни нашите музеи. Всушност, германската страна не сакаше да гарантира дека предметите од рускиот дел на изложбата кои спаѓаат во „трофејната уметност“ ќе се вратат во Русија. 

Враќање на сеќавањата од Големата татковинска војна
Нашата редакција направи ексклузивни интервјуа со петмина ветерани од, кои со нас ги споделија своите спомени од времето кога имале само 17 години и кога нивната главна цел била да се спаси татковината.

Да, Германците, од своја страна, во тој случај би ги заплениле делата од „трофејната уметност“. Според нашите закони, предметите што советските трофејни бригади ги имаат однесено од Германија на крајот и по војната, треба да бидат вратени. Германците многу сакаат да ги поучуваат останатите што треба и што не треба да се прави. И притоа многу сакаат да се повикуваат на „старите демократски традиции“. Но, тие кај нас настанаа дури во 1945 година.

Што го поврзува сеќавањето на војната во нашите земји? 

Трагедија. Иако ја гледаме од различни агли. За СССР трагедијата се брои со повеќе од 27 милиони животи. За нас се изразува со не толку голем број загинати, колку со свеста за тоа дека ние сме агресори. Ми се чини дека уште нè поврзува и сфаќањето дека СССР со помош на сојузниците од коалицијата против Хитлер ги ослободи Германците од нацизмот, што самите тие не успеаја да го направат. 

Парадоксален е фактот што германската колективна свест дека на оние сојузници кои влегоа во војната пред самиот крај на воените дејствија и кои ги бомбардираа Дрезден и Касел се гледа како на ослободители. А, на советската војска, која поднесе неверојатни маки за време на четиригодишната војна, како на освојувачи и на насилници. Зошто е тоа така? 

За жал, во колективната свест на Германците за Русите е создадена негативна слика. Не станува збор само за пропаганда за „руските варвари“ и за „перење мозоци“ во Западна Германија. Секако, советските војници во германските градови влегувале со сосема поинакви емоции одошто сојузниците. На Источниот фронт се водела војна со која според суровоста не може да се мери со ниту една друга. Поголемиот дел од вашите војници ги имаа изгубено членовите на семејствата, така што нивниот гнев е разбирлив. И Германците го доживеале како казна. А, потоа беше подигнат Берлинскиот ѕид, воспоставување комунистичка власт во НДР, следуваа настаните во Источна Европа од 1956 и од 1968 година... Затоа и се формирале ваквите чувства. Но, никако никој не ја оспорил улогата на СССР во победата над Хитлеровата Германија. 

Во паркот Трептовер во Берлин се наоѓа споменик на Војникот-ослободител. Победник и ослободител се различни поими. Ослободител, по мое мислење, е похуман поим. Без сомнеж. Сметам дека советската и сојузничката војска не биле само победнички војски. Тие нè ослободиле од нацизмот. А, на Германија ѝ подариле иднина.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња