2013: Информациска безбедност

Минатата година ни донесе нови проблеми, нови трендови и нови играчи во киберпросторот. Извор: Reuters.

Минатата година ни донесе нови проблеми, нови трендови и нови играчи во киберпросторот. Извор: Reuters.

Сноуден, појава на киберплатеници и ширење на виртуелни валути ја одбележаа 2013 година во светот на информатичката технологија. Што сè нè очекува вo 2014 година, ни откриваат водечките руски експерти.

Во поглед на информациската безбедност може да се каже дека 2013 беше година во која беа откриени многу тајни, што предизвика „тектонски промени“ и натера многумина севкупната ситуација на ја согледаат на нов начин. Нови проблеми, нови трендови, нови играчи во киберпросторот – сето тоа ни го донесе 2013 година, но што ќе се случува понатаму? Своите заклучоци за минатата година и своите предвидувања за тукушто започнатата ги изнесоа експертите од најголемата компанија специјализирана за безбедноста во областа на информациските технологии – „Лабораторија Касперски“. 

Како да се ослободиме од (безбедносно-информативната) „мрежа“?

Главна тема во 2013 година беше загрозувањето на приватноста на секој корисник на Интернетот, што го потврдија и податоците кои ги обелодени Едвард Сноуден, пред сè оние за постоење системи за набљудување како што се „Prism“, „XKeyscore“, „Tempora“ и други. 


Една од наводните фотографии од московскиот живот на Едвард Сноуден. Извор: АР.

„Во средиштето на нашите интереси оваа година не беше некаков компјутерски вирус, туку човекот чие име е Едвард Сноуден“, истакнува еден о главните стручњаци за антивируси од „Лабораторијата Касперски“ Александар Гостев и додава: Одамна е познато дека разни разузнавачки служби вршат шпионажа на Интернет, но Сноуден овој проблем го подигна на едно повисоко ниво, прикажувајќи го во сосема ново светло – она што го изнесе тој значително влијаеше и допрва ќе влијае на многу корисници на Интернетот“. 

Сноуден учи руски и бара работа
Разобличувачот на специјалните служби на САД Едвард Сноуден, кој во август годинава доби привремен азил во Русија, по сè изгледа, ќе остане долго во Русија.

Тој предвидува дека по откривањето на Сноуден, енкрипцијата (шифрирањето) повторно ќе стане мошне актуелна. Може да се очекува дека во годинава што следува пред нас ќе се појават бројни сервиси кои нудат услуги за заштита на приватноста на корисниците од можно следење.

Стари и нови играчи во киберпросторот

Напоредно со поместувањето на хакерското движење „Анонимни“(анг. „Anonymous“) во Азија и сè позачестените акции на група хакери под назив „Сириска електронска армија“ (ЅЕА), минатата година се појавија и нови играчи во киберпросторот – киберплатеници. Суштината на новата професија е во тоа овие хакери да се изнајмуваат еднократно за да изведат брзи напади на некоја цел или за да дојдат до определени документи. 

„Користењето киберплатеници, меѓу другото и за државна шпионажа, претставува моментален тренд. Нашите предвидувања велат дека во 2014 година киберплатениците веројатно ќе се обидат да се легализираат на начин што ќе основаат фирми кои официјално ќе даваат кибердетективски услуги“, вели Сергеј Голованов, еден од главните стручњаци а антивируси на „Лабораторијата Касперски“.

Издигнувањата и падовите на криптовалутите


Иако медиумите сакаат да прикажуваат физички пресметки, нивната реална употреба е занемарлива. Извор: АР.

Стручњаците од „Лабораторијата Касперски“ сметаат дека оваа година киберкриминалците најмногу ќе ги напаѓаат берзите и корисниците на виртуелната валута биткоин („bitcoin“). Кога станува збор за споменатата валута, финансиските пазари во 2014 година веројатно ќе го почувствуваат нејзиното влијание: се очекува дека во биткоини ќе вложуваат инвеститорите од Кина и од други земји. Освен тоа, не е исклучено дека во блиска иднина корисниците ќе почнат да бараат попроверени алтернативи.

„Очекуваме дека во 2014 година биткоинот ќе доживее дебакл. Вредноста на еден биткоин може да порасне на 2-3 илјади долари, но потоа ќе следува ненадеен пад“, вели Александар Гостев.

Вирусите се селат на мобилните платформи

Може да се каже дека 2013 година беше година на експанзија на злобниот софтвер („малвер“, анг. „malware“) за мобилни уреди, особено за оние со оперативен систем Андроид. Светот на „малвер“ за мобилни уреди според својата разновидност и според методите и технологиите што се применуваат сè повеќе го достигнува нивото на штетниот софтвер за класичните компјутери – брзината со која се развива овој нов сегмент е неверојатна. Мобилниот „ботнет“(од анг. robot + network) како систем [регрутирани уреди – заразени вирусни програми кои се поврзани во мрежа – заб. ред.] за киберкриминалците стана мошне примамливо средство кое на големо се користи за добивање пари. 

Во „Лабораторијата Касперски“ проценуваат дека околу 60% од вирусните програми за мобилните уред претставуваат елементи од поголеми или од помали „ботнети“. Стручњаците предвидуваат дека во 2014 година ќе се развие трговијата со програмски системи, кои сè повеќе ќе бидат користени за ширење вирусни апликации.

Дали Интернетот почнува да се распаѓа?

Може многу бргу да се случи да немаме единствен Интернет – зашто тој ќе биде поделен на повеќе десетици национални мрежи. „Тајна мрежа“(„darknet“) би можела да остане единствена наднационална мрежа. 

Сергеј Новиков, „Лабораторија Касперски“

Стручњаците од прочуената антивирусна лабораторија укажуваат на тоа дека во 2014 година ќе се работи на обновување на довербата во Мрежата која беше изгубена по бројните сведоштва за постоењето и за работата на шпионските програми, посредно или непосредно поврзани со службите на определени држави.

Како последица на сето тоа се појави идејата во секоја држава да бидат создадени облици на глобални сервиси. Евгениј Касперски и многу други стручњаци минатата година зборуваа за потребите за создавање на паралелен „побезбеден Интернет“, без можност во него да се вршат анонимни кривични дела. Од друга страна киберкриминалците отидоа чекор понатаму во создавањето сопствени мрежи, кои се нарекуваат „darknet“ („темна мрежа“). 

Со тоа истовремено е започнат процесот а распарчување на Интернетот во национални сегменти. Ова до неодамна беше случај во Кина, но излегува дека тоа нема да биде единствен пример. Во настојувањето да контролира поголем дел од своите ресурси, низа земји, вклучително и Русија, веќе усвоија или имаат намера да усвојат закони кои забрануваат користење странски сервиси. 

„Со понатамошниот развој на настаните во оваа насока може брзо да се случи да немаме единствен Интернет, зашто тој ќе биде поделен на повеќе десетици национални мрежи. Во тој случај ‘darknet’ како концепт притоа би можел да остане единствена наднационална мрежа“, предвидува Сергеј Новиков, раководител на рускиот истражувачки центар „Лабораторија Касперски“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.