2013: 5 најнеобични работни места во Русија

Во Москва пред започнувањето на олимписката штафета беше потребен менаџер за работа со факелоносци. Извор: Рамиљ Ситдиков / РИА Новости

Во Москва пред започнувањето на олимписката штафета беше потребен менаџер за работа со факелоносци. Извор: Рамиљ Ситдиков / РИА Новости

Минатата година на луѓето им беа предлагани работни како менаџер за работа со факелоносци, извиткувач на цевки и конструктор на беспилотни летала.

Новинарите ги избраа петте најнеобични работни места, кои им беа предлагани на Русите во изминатата 2013 година. Излезе дека бил потребен менаџер за работа со факелоносци, извиткувач на цевки, оператор за мешање, конструктор на беспилотни летала и началник на наоѓалиште за злато.

1. Менаџер за работа со факелоносци

Најстариот носач на факел во историјата на Олимписките игри

Во Москва пред започнувањето на олимписката штафета беше потребен менаџер за работа со факелоносци. Барањата за ова работно место беа минимални: најважно беше да се има руско државјанство и искуство со работа со ВИП лица. Исто така од кандидатите се бараше познавање на етикецијата и политичка коректност. 

За работа со факелоносците се нудеше плата од 1.5 до 2 илјади американски долари. Единствен проблем што не се работеше за постојана, туку за привремена работа, односно само за времето на олимписката штафета.

2. Началник на подземно наоѓалиште на злато во прав 

Една компанија за ископување злато од Иркутската област бараше началник на подземно наоѓалиште на злато во прав. Во описот на работното место беше наведено дека началникот на наоѓалиштето е задолжен за организација на работата на наоѓалиштето, за придржување кон противпожарните мерки, за обезбедување на санитарно-хигиенски и други стандарди за соработниците. Сепак, таму одделно беа пропишани и карактерни барања. Началникот на подземното наоѓалиште на злато во прав треба да има лидерски квалитети, а имено да биде насочен, енергичен, да е отпорен на стрес и да е иницијативен.

3. Оператор за мешање 

Операторот за мешање се занимава со контролата на мешање на хемиски средства, ја следи работата на опремата и „ги исправа едноставните проблеми“, се вели во огласот. 

Што е потребно за да се стане оператор за мешање? Секако, тоа е искуство, внимателност, техничко средно специјално или високо образование и знаење англиски јазик на разговорно ниво.

Операторот има целосно работно време, но и плата од 1.3 илјади американски долари.

4. Главен конструктор на беспилотни летачки апарати

Работното место на главен конструктор на беспилотни летачки апарати не е чудно, се дури не дојдеш до местото каде што е напишан работодавачот – „Сончеви продукти“. 

Сферата во која работи оваа компанија е прехранбени продукти, производство, превоз, трговија на мало и на големо. Зошто на „Сончеви продукти“ им се потребни беспилотни летачки апарати е загатка. Можеби тоа е нов сервис за доставка.

5. Бродски извиткувач на цевки 

Во провинцискиот град Грјази бараа бродски извиткувач на цевки. На успешниот кандидат му беше обезбедувано сместување и патни трошоци. Платата на ваков работник се движи од 2 до 2.3 илјади долари. Што треба да се прави за вакви пари? Да се виткаат цевки, но не рачно, туку на алатна машина. Но, во огласот не е кажано колку точно цевки треба да се свиткаат дневно. 

Извиткувачот на цевки не треба да биде постар од 55 години и не треба да има никакви штетни навики. Тоа ќе пречи при виткањето цевки.

Рускиот текст на сајтот rusrep.ru. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња