Страв и паника во Волгоград

Според прелиминарните податоци, експлозивната направа била поставена во средината на тролејбусот и била активирана со далечински управувач. Извор: Reuters

Според прелиминарните податоци, експлозивната направа била поставена во средината на тролејбусот и била активирана со далечински управувач. Извор: Reuters

По вториот терористички напад за 24 часа, се огласија и експертите. Тие сметаат дека овие напади се всушност одмазда за ликвидирањето на предводниците на терористичките групи.

Според првичните резултати, а како резултат на вториот терористички напад за едно деноноќие во Волгоград, загинале 14 лица, неколку десетици се повредени. Претходниот ден, пак, на железничка станица се случи уште една експлозија во која загинаа 17, а повредени беа 40 лица. 

Последниот напад се случи во тролејбус полн со патници кои патувале од едно предградие на Волгоград до центарот на градот. Експлозијата целосно го уништи на тролејбусот, а беа скршени и прозорците на соседните куќи. 

Локалните власти објавија дека 14 лица се мртви, но се додава дека бројот би можел да се зголеми. Министерството за здравство обелодени дека 28 луѓе се повредени. Повредено е едно шестмесечно бебе, а лекарите велат дека тоа се наоѓа во критична состојба. 

18 лица загинаа во терористички напад во Волгоград
При експлозија на железничката станица во Волгоград загинаа 18 лица. Засилени се мерките за безбедност на железничките станици и на аеродромите во Русија..

Според прелиминарните податоци, нападот не е сторен од страна на бомбаш-самоубиец. Експлозивната направа била поставена во средината на кабината и била активирана со далечински управувач. 

„Ја напуштив куќата и слушнав силен тресок и луѓе како врескаa. Најпрво не сфатив дека тоа е тролејбус. Беше толку многу оштетен, целосно разнесен“, изјави еден локален жител за РИА Новости. 

Локалните власти изјави дека експлозивот кој беше искористен при терористичкиот напада на железничката станица на 29 декември бил со јачина од 10 ТНТ. Тој усмрти 17 луѓе, а беа повредени повеќе од 40. 

„ Експлозијата беше толку силна, што нашата зграда се стресе, а ние помисливме дека кај нас се случила експлозијата, - вели вработена во една продавница која се наоѓа во предниот дел на станицата.. – Излеговме на улица, гледаме – на железничката. На главниот влез на скалите лежеа луѓе, експлозијата ги беше искршила сите стакла од зградата, а од прозорците од вториот кат во централниот дел каде се наоѓаа скулптурите излегуваше црн чад.“

Во првичните извештаи се велеше дека експлозијата била поставена од страна на бомбаш-самоубиец, а во некои извештаи се велеше дека станува збор за лице од женски пол. Подоцна, комитетот за истрага објави дека нападот би можело да е извршен од страна на машко лице. 

Волгоград се наоѓа во јужниот дел на Русија, на речиси 700 километри од Сочи, местото каде ќе се одржат годинашниве зимски Олимписки игри. Игрите се закажани за почетокот на февруари. 

Денешнава експлозија е трет терористички напад за два месеци. На 21 октомври терористка-самоубиец разнесе патнички автобус, при што загинаа седум, а беа повредени 37 лица. Серијата напади ги зголеми стравувањата дека исламските милитанти од рускиот немирен северен Кавказ сакаат да го спречат спроведувањето на зимската Олимпијада. 

Претседателот на Руската унија за безбедност Сергеј Гончаров во едно интервју за RBTH рече дека нападите во Волгоград најверојатно се случуваат бидејќи локалните официјални претставници се фокусираат на борбата за власт наместо на антитерористичките мерки во регионот. 

„По првата експлозија во автобус, безбедносните сили ги пронајдоа и ги ликвидираа сите  организатори, па нови напади изгледаат повеќе како одмазда и обид да се докаже дека милитантите сè уште можат да дејствуваат“, изјави Гончаров. 

Гончаров, кој воедно е и претседател на Здружението на ветераните на единицата за антитероризам „Алфа“, која во Русија е елитна антитерористичка единица, додаде дека е малку веројатно дека најновите терористички напади се поврзани со Олимписките игри, бидејќи има повеќе од еден месец до почетокот на Олимпијадата. 

Политичкиот аналитичар на радиото „Гласот на Русија“Дмитриј Бабич се согласи и рече дека нападите најверојатно се поврзани со новогодишните празници. 

„За исламисти, Новата година е најништожен празник“, вели тој. „Постојат две причини: тие сметаат дека овој празник е пагански и оти ги сплотува сите луѓе од поранешниот Советски Сојуз, вклучувајќи ги и муслиманите“. 

Бабич вели дека верува оти нападите во Волгоград нема да имаат влијание врз политичката ситуација во земјата. 

„Поради природата на нашата политика и општество, ваквите напади не се толку важни како оние на Запад. Можеш да убиеш 100 или 200 луѓе во Москва, но нема промена во политиката кон Северен Кавказ или кон терористите“, вели тој. „[Рускиот претседател Владимир] Путин не ја менува оваа политика, дури и под влијание на најсмртоносните терористички напади. Оваа политика е слична на израелската“. 

Бабич додаде дека сега безбедноста во Сочи ќе биде зголемена, а секој обид за напад „многу скапо ќе ги чини исламистите“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.