САД првпат распоредија во Европа повеќенаменските ловци од петта генерација F-22 Raptor. Четири авиони со стелт-технологија слетаа во американската воена Шпангдалем на западот на Германија, соопшти командантот на Военото воздухопловство на САД Френк Горенк. Тој изјави дека испраќањето ловци во Европа ја покажува заинтересираноста на САД за безбедноста на нивните сојузници, пишува „Взгљад”.
Како што пишува изданието, појавата на F-22 во Германија треба да се оцени како зајакнување на американското воено присуство во Европа.
„Ловците се првенствено авиони предвидени за стекнување превласт во воздух или поддршка за ударните средства, на пример, за стратешките бомбардери“, изјави воениот стручњак и главен уредник на „Арсенал Отечества”, полковник во пензија Виктор Мураховски. „Што се однесува до распоредувањето на F-22 во Европа, треба да се има предвид дека тоа не се прави на постојана основа. Овие авиони доаѓаат во Европа заради освојување нови боишта за нив“, истакна Мураховски.
„Што значи тоа за Русија? Првенствено дека ние заостануваме со испорака на авиони од петта генерација. Кај Американците таквиот авион ѝ е на располагање на војската уште од 2005 година, а ние планираме во 2017 година да го завршиме тестирањето на својот ловец од петта генерација, а во 2018 да започнеме со негово сериско производство“, констатираше воениот експерт.
Според неговите зборови, Русија има средства да се бори со ловци како што се F-22 и воопшто, со авионите од петтата генерација. „Тоа се зенитно-ракетните системи и средствата за ПВО од последна генерација, конкретно С-400, „Бук“, модификациите М-2 и М-3 и другите современи средства за ПВО”, смета аналитичарот. Освен тоа, тој додава дека СССР го имаше најголемиот систем за ПВО, а Русија денес е единствената земја која има комплексен систем за воздушно-космичка одбрана.
Војниот аналитичар на изданието „Росијскаја газета” Сергеј Птичкин наведува дека, според мислењето на руските пилоти кои работат на тестирање на авионите, „во случај на воен судир на F-22 и, на пример, Су-35, ќе одлучи умешноста на пилотите, затоа што според реалните технички карактеристики американскиот „грабливец“ речиси во ништо не предничи во однос на нашите ловци од генерацијата 4++”.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче