Почина конструкторот на легендарниот автомат АК-47 Михаил Калашников

Извор: Ројтерс

Извор: Ројтерс

Во понеделникот, 23 декември, на 94-годишна возраст почина прославениот конструктор на стрелечкото оружје Михаил Калашников.

Вечерта на 23 декември од главниот град на руската индустрија за вооружување, градот Ижевск, пристигна тажна вест – под долго боледување почина Михаил Калашников, кој се прослави себеси и целата земја со создавањето на автоматот, кој специјалистите го нарекуваат најдобар примерок на стрелечко оружје во историјата.

Од 17 ноември Калашников се наоѓаше на одделението за интензивна нега на клиничко-дијагностичкиот центар во Ижевск, каде беше хоспитализиран поради крвавење во желудникот. Во последните пет недели од Ижевск доаѓаа вести за подобрување кај Калашников, но последните неколку дена почнаа да доаѓаат тревожни вести. На 23 декември срцето на легендата на советската епоха престана да чука. 

Најдобрите стануваат „Калашников“
Новиот руски холдинг за стрелечко оружје под заеднички бренд треба да ја засили позицијата на Русија на пазарот на цивилното стрелечко оружје, а исто така и да влијае во борбата со нелиценцираните производи под познатата марка.

Калашников потекнува од обично селско семејство и уште како дете се интересирал за технички предмети. На 18-годишна возраст Калашников бил регрутиран во Црвената армија, каде што почнал да покажува интерес и смисла за истражување, предлагајќи начини за подобрување на инженерската конструкција на тенковските топови.

Во август 1941 година Калашников заминува на фронт, а по два месеци бил тешко ранет и бил донесен во болница, каде поголемиот дел од слободното време го поминувал правејќи цртежи и скици за идниот АК-47, кој подоцна ќе го направи Калашников бесмртен. 

Инженерските идеи кои биле предложени од Калашников, биле забележани од најголемите специјалисти за оружје во тоа време, така што тој бил испратен во Главната артилериска управа на Црвената армија, каде што потоа застанал на чело на конструкторското биро. 

Својот познат автомат Калашников го конструирал во 1947 година. Оттогаш во светот се произведени повеќе од 70 милиони единици од сите модификации на автоматот. Денес АК се користи во безбедносните структури на повеќе од 100 земји и влезе во списокот на 100 најголеми пронајдоци на 20 век.

За време на својот живот Калашников бил награден со десетици државни награди и стана вистинска легенда не само во национални, туку и во светски рамки. 

„Калашников беше наша национална гордост, човек кој се раѓа еднаш во илјада години, според својот инженерски гениј тој надмина цела плејада познати специјалисти за оружје“, вели главниот уредник на магазинот „Национална одбрана“ Игор Коротченко. 

На 18-годишна возраст Калашников бил регрутиран во Црвената армија, каде што почнал да покажува интерес и смисла за истражување, предлагајќи начини за подобрување на инженерската конструкција на тенковските топови.

Токму Коротченко многупати се сретнувал со Калашников и затоа има сочувано најтопли спомени за него. „Михаил Тимофеевич [Калашников – заб. прев.], без оглед на годините, ја имаше сочувано јаснотијата на духот, иако годините, секако, ја покажуваа неговата физичка состојба, - се сеќава Коротченко. – Тој живееше за интересите на фабриката и мислеше глобално“. 

Според зборовите на Коротченко, Калашников активно се залагал за забрана на неконтролираното распространување на стрелечкото оружје и за вршење на испорака исклучиво преку државните структури. „Тој секогаш велеше дека не убива оружјето, туку човекот“, вели Коротченко.

Воениот конструктор Дмитриј Литовкин зборува за тоа дека Калашников бил жива легенда и симбол на тоа дека Русија може да го произведува најдоброто стрелечко оружје во светот. Литовкин обрнува внимание на уникатноста на пронајдокот на Калашников, нагласувајќи ја неговата улога во воената историја. 

„Калашников создаде идеално, мошне ефикасно стрелечко оружје, кое, како прво, е едноставно за производство, како второ самото производство е евтино, а како трето не бара сериозна подготовка на војниците, - вели Литовкин. – Ова е масовно оружје кое си го најде својот потрошувач. Автоматот Калашников може да го потопите во вода, во кал, може долго да не го чистите, а тој сепак ќе пука. Дури и американските војници во Ирак и во Авганистан, доколку за тоа постоеше потреба и можност, секогаш се користеа со автоматот Калашников, зашто тој е навистина поефикасен од М-16“.

Уникатен автомат-амфибија
Во Русија е направено оружје кое може да стрела и под вода и на копно.

Калашников, според Литовкин, работел на создавање оружје кое може да ѝ помогне на Татковината, и го направил најдоброто стрелечко оружје. Кон средината на четириесеттите години од минатиот век, додава тој, во вооружувањето на Советската армија најмногу се користеле пушките Мосин-Наган, а во исто време германската армија поседувала автоматско оружје, така што Вермахтот според огнената сила ја надминувал Црвената Армија. „За да се намалат загубите во борбите, било неопходно да се најде некакво апсолутно оружје. Калашников создал неколку автомати со различни конструкции, - вели Литовкин. – На крајот тој создал автомат кој можел да биде произведен, тој бил релативно евтин и овозможувал превласт над противникот во огненото вооружување“.

Руслан Пухов, директор на Центарот за анализа на стратегиите и на технологиите и член на Јавниот совет при Министерството за одбрана на РФ, забележува дека автоматот Калашников одиграл значајна улога во текот на вoените конфликти во 20 век и тоа во различни делови од светот.

„Мислам дека благодарение на фактот што овој автомат беше произведен во Советскиот Сојуз, толку бргу и се случуваа различни револуции, толку успешно се развиваа разни востанички движења. Автоматот Калашников можеше да му се даде на тинејџер некаде во Африка или на некој селанец во Виетнам, и тој веднаш ќе можеше да војува против веќе подготвен американски војник, - вели Пухов. – Концептот на едноставност и на убиственост е оној уникатен квалитет кој му овозможи на автоматот повеќе од обичен вид на вооружување. Калашников изврши револуција во воениот ресор“. 

Игор Коротченко забележува дека автоматот Калашников е погоден за сите услови, без разлика дали е тоа пустина или некоја поларна област. „Ниту едно западно оружје не може да се пофали со такви карактеристики“, вели Коротченко. Денес, според него, Калашников претставува цел огнен комплекс, кој, меѓу другото, може да биде снабден и со ласерски визир и со ноќен прибор. 

Според Коротченко, Русија треба да вложи напори за да го заштити наследството на легендарниот конструктор. „За жал, денес во некои земји на кои своевремено Советскиот Сојуз им продаде лиценца, почнуваат да пуштаат во промет пиратски Калашников по истекувањето на лиценцата, - забележува Коротченко. – Русија треба со правни и со политички средства да ги брани своите интереси во врска со ова прашање“. 

Во Русија во моментов се завршуваат тестирањата на последната модификација на автоматот, АК-12, по што ќе биде решено дали тој ќе влезе во вооружувањето на армијата.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња