Извор: Ројтерс
Указот е потпишан на 20 декември и во истиот момент Ходорковски го напушти затворот. „Раководејќи се од принципите за хуманост, донесувам решение: да се помилува осудениот Ходорковски Михаил Борисович, роден во 1963 година во градот Москва, и да се ослободи од понатамошно отслужување на казната во вид на лишување од слобода“, се вели во текстот на указот.
Според сè, за излегувањето на слобода на најпознатиот затвореник не се заинтересирани само активистите за човекови права и експертите, туку и обичните Руси. Околу 15-10% од испитаниците велат дека „не знаат ништо“ ниту за Ходорковски, ниту за неговиот случај. А, пред десет години по неговото апсење во октомври 2003 година, според податоците на фондот „Јавно мислење“ (ФОМ), 29% ништо не знаеле за апсењето и уште на 28% им било тешко да одговорат. Сочувство кон најпознатиот олигарх изразија мал број испитаници“.
„Ова е сензација на декадава. Сметам дека ова е резултат на заплашувањето со трета затворска казна. Тој веќе издржа две, а сега почнаа да се појавуваат и гласови дека ќе има трет процес – секако, по 10 години тоа би било тешко. Сметам дека доколку Ходорковски напишал молба во втората половина на петте години, Путин ќе го пуштеше„.
Едуард Лимонов
Случајот ЈУКОС останува „на периферијата на сознанието за значителен дел Руси“, изјави за весникот Комерсант претседателот на ФОМ Александар Ослон. Според него, околу Михаил Ходорковски се формирал стереотип: „Од една страна тој е виновен, а од друга тој е премногу сурово казнет“.
Но, без разлика на тоа како Русите го оценуваат случајот ЈУКОС, указот на претседателот за помилување ќе биде „прифатен позитивно“, смета генералниот директор на Серускиот центар за истражување на јавното мислење Валериј Фјодоров.
Експертите, пак, се уверени дека ваквиот чекор на претседателот е поврзан со неопходноста да се подобри имиџот на земјата.
Сергеј Неверов, секретар на Генералниот совет на „Единствена Русија“: Самиот факт на обраќањето на Ходорковски за помилување означува признавање на вината. Со тоа се поништува митот за политичката заднина на случајот. Тој испраќа апел до претседателот како гарант за заштита на правата на граѓаните и бара милост. На сите нас ни беше кажувано дека станува збор за политички монтиран процес, но не е така„.
Игор Бунин, генерален директор на Центарот за политички технологии: Путин секогаш мери што е политички поисплатливо.Тој уште пред неколку години рационално пресмета дека за имиџот на Русија во странство е поисплатливо Ходорковски да биде пуштен. Со тоа ќе се отстранат некои проблеми во врска со заемните односи со западот и со неговиот бизнис. Затоа од моментот на изборот за претседател тој неколкупати меѓу редови велеше дека е подготвен да го пушти Ходорковски, но под услов лично тој да напише молба за помилување.
Бев уверен дека Ходорковски никогаш нема да го направи тоа, зашто таквата молба би значела признавање на вината. Излезе дека тој, иако е херојска фигура, речиси како Мандела, сепак не е до тој степен херој. Тој сака да се врати кај семејството. Принципот на Путин е: јас ќе ти простам, но ти најпрво признај ја вината и побарај прошка. Мислам дека на слобода Ходорковски ќе престане да биде познат и ќе биде еден од многуте општествени дејци.
„Ова во бизнис-јавноста создава чувство дека власта го намалува притисокот врз економијата. На тој начин водењето бизнис во Русија ќе биде помалку опасно„.
Александар Малис
Сергеј Михеев, генерален директор на Центарот за политичка конјунктура: Мислам дека ќе има огромно количество луѓе кои ќе сакаат повторно да го вклучат Ходорковски во политика, ќе создадат околу него партија и ќе го искористат неговото име, како што го користеа и претходно. Разликата е во тоа што претходно го искористуваа како политички затвореник, а сега како човек кој настрадал од правдата. Но, мене ми се чини дека во врска со тоа постои определена спогодба помеѓу него и Путин за тоа дека во блиска иднина тој нема да се занимава со политика. Дури и ако влезе во политиката, за Путин тој како политички конкурент не е опасен. Ходорковски никогаш не бил херој на масите, херој на плоштадите, а и едноставно не бил популарен политичар. Неговото значење за Русија е сериозно преувеличено од страна на либералните борци за човекови права. Но, тој стана икона на Запад, и тоа стана проблем за Русија. Сега Западот ќе биде принуден, дури и низ заби, да го поздрави овој чекор на Путин.
Владимир Рижков, копретседател на демократската партија РПС Парнас: Многу сум среќен! Среќен сум што човек кој беше во затвор повеќе од 10 години, кој во свое време ја создаде најуспешната компанија во земјата, на крајот ќе се најде на слобода. Што се однесува до самиот факт за тоа дека тој напишал молба, никој на него не смее да фрли камен. Тој човек плати со десет години од својот живот, десет години издржливост и храброст, верност на своите принципи. За овие десет години неговото здравје, најверојатно, не е подобрено, туку е влошено, така што тој постапи сосема правилно. Ура!
Едуард Лимонов, писател: Ова е сензација на декадава. Сметам дека ова е резултат на заплашувањето со трета затворска казна. Тој веќе издржа две, а сега почнаа да се појавуваат и гласови дека ќе има трет процес – секако, по 10 години тоа би било тешко. Сметам дека доколку Ходорковски напишал молба во втората половина на петте години, Путин ќе го пуштеше. Тој е архаичен човек, нему му е важно да го замолиш, да ја осознаеш својата вина.. Гледајте, веќе и индексите на берзите скокнаа. Доколку навистина таа молба ја потпишал самиот Ходорковски, тогаш тоа е добар излез од ситуацијата за Владимир Владимирович. И за самиот Ходорковски исто така. Колку долго може да се биде либерална ѕвезда во вакви тешки услови? Се искачуваат Наваљни, Прохоров, а нему што ќе му е тоа?Впрочем, јас мислам дека тој како веќе изморен човек и како човек кој воопшто не е глупав, сега нема да влезе во политиката.
Поранешниот ректор на Руската економска школа Сергеј Гуриев, кој од Русија, меѓу другото, замина и поради истрагата за таканаречениот случај на експертите (поврзан со случајот ЈУКОС), изјави дека помилувањето на Ходорковски може позитивно да влијае на инвестициската клима на Русија.
Претседателот на компанијата Евросет, Александар Малис: Ова во бизнис-јавноста создава чувство дека власта го намалува притисокот врз економијата. На тој начин водењето бизнис во Русија ќе биде помалку опасно.
Според материјалите на весниците Комерсант, Московски комсомолец и Газета.ру.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче