Игор Љакин – Фролов: Најоптимистичкото сценарио предвидува дека денешната власт ќе остане само во Кабул и во поголемиот дел провинцијални центри со поддршка на САД и на НАТО. Извор: ИТАР-ТАСС
Во пресрет на скорешното повлекување на војската на САД од Авганистан, амбасадорот на РФ во Таџикистан Игор Љакин – Фролов во интервју за „Комерсант“, зборува за тоа каков развој на настаните се очекува во Душанбе и каква улога може да одигра 201 руска воена база во случај на заострување на ситуацијата.
Комерсант: Руските експерти зборуваат за три можни сценарија на развојот на ситуацијата по повлекувањето на војската на НАТО од Авганистан: доаѓање на власт на Талибанците, граѓанска војна, раздвојување на сферата на влијание меѓу „Талибан“ и постоечкиот режим. Од ваша гледна точка, кое сценарио е најверојатно?
Игор Љакин – Фролов: Можам да зборувам за погледот од Душанбе. Кон ситуацијата во Авганистан тука се однесуваат мошне сериозно – како владата, така и експертите. Доколку само пред неколку месеци постоеше оценка дека ситуацијата во Авганистан е повеќе-помалку нормална и дека Таџикистан не чувствува директна закана, сега прогнозите стануваат сè попесимистички. Сите тргнуваат од принципот дека треба да се надеваме на подобро, но дека треба да се подготвуваме за најлошото.
![]() |
ОДКБ се подготвува за Авганистан ОДКБ се подготвува за влошување на ситуацијата во Авганистан по повлекувањето на авганистанскиот контингент на НАТО. |
Најоптимистичкото сценарио предвидува дека денешната власт ќе остане само во Кабул и во поголемиот дел провинцијални центри со поддршка на САД и на НАТО. Постои и помалку оптимистичко сценарио кое предвидува дека може да започне голема граѓанска војна која во целост ќе ѝ се заканува на авганистанската држава, а исто така и ќе постои закана и за безбедноста на земјите од Централна Азија.
K: Тоа значи и на Русија?
И.Љ.Ф.: Секако, и на безбедноста на Русија. Затоа треба да се подготвуваме.
K: Се разгледува ли со таџикистанската страна прашањето за враќање на руската погранична војска на границата помеѓу Таџикистан и Авганистан?
И.Љ.Ф.: На меѓународно ниво или во рамките на ОДКБ, колку што ми е мене познато, таквото прашање не е разгледувано. Сега пограничната војска на Таџикистан е во целост комплетирана со офицерски и со обична војска, а нивниот број изнесува околу 16 илјади. Тоа е голема цифра. Таџикистанските граничари се солидно подготвени: многумина офицери минале обука во руските специјални школски установи.
K: Но, многу руски експерти велат дека границата (околу 1.350 километри по планинските предели) се чува лошо.
И.Љ.Ф.: Нашите таџикистански партнери велат дека тие со материјално-техничка поддршка од страна на Русија и на земјите од ОДКБ би можеле да обезбедат добра заштита на границата. Прашањето за враќање на руските погранични служби на таџикистанско-авганистанската граница, пред нив не е поставено.
На септемврискиот самит на ОДКБ прашањето за давање помош на Таџикистан во врска со зајакнувањето на границата со Авганистан беше поддржано од сите земји. Првите доставки на оружје, муниција и некои видови специјална опрема кои се со најмалку трошоци, ќе бидат извршени уште во јануари.
K: Ова е дополнителна на онаа воено-техничка помош која Русија му ја вети на Таџикистан?
И.Љ.Ф.: Да. Постои програма за соработка на билатерална основа, но Русија и другите членови на ОДКБ сметаа дека е потребно на Таџикистан да му се даде насочена помош во врска со ова прашање.
K: Дали може да биде активирана 201 руска воена база која се наоѓа во Таџикистан, доколку ситуацијата во Авганистан се заостри?
И.Љ.Ф.: Секако. Таа може да биде употребена во случај на непосредна закана за безбедноста на Таџикистан и на другите држави-членки на ОДКБ. Ваквата можност е предвидена со спогодбата за условите на разместувањето на руската база. Станува збор за дејства кои се усогласени заедно со раководството на Таџикистан. Во денешниве услови, кога ситуацијата во Авганистан се влошува, значењето на базата расте.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче