Рејтингот на Владимир Путин со рекорден максимум

Рејтингот на претседателот на Русија Владимир Путин достигна до 89%.

Рејтингот на претседателот на Русија го сруши претходниот рекорд и достигна до 89%. Ова се резултатите од анкетата на јавното мислење што ја спроведе „Левада-центар“.

Паралелно со ова на рекорден минимум падна и бројот на оние што не се согласуваат со работата на претседателот – тоа се 10% од граѓаните на РФ.

Анкетата на „Левада-центарот“ беше спроведена од 19-22 јуни 2015 година, на 1600 испитаници во 134 населени места во 46 региони на земјата. Статистичката грешка не надминува 3,4%.

Во Владимир Путин исто така имаат најголема доверба граѓаните на Русија, споредено со сите останати руски политичари и општествени дејци – така се изјаснија 64% испитаници. Второто место го зазеде министерот за одбрана Сергеј Шојгу со 28%. Претседателот на владата Дмитриј Медведев се најде на третото место со 21%.

Во тоа, дека „работите во земјата денеска одат во целина во правилна насока“, веруваат 64% анкетирани, што е рекордно висок показател од 1993 година. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња