Како се пишуваше Уставот на Русија

Уставот на Русија беше донесен на 12 Декември 1993 година, со што беа поставени основите на државниот систем, како и правата и слободите на граѓаните. Извор: ИТАР-ТАСС

Уставот на Русија беше донесен на 12 Декември 1993 година, со што беа поставени основите на државниот систем, како и правата и слободите на граѓаните. Извор: ИТАР-ТАСС

Денес се навршуваат 20 години од денот на донесувањето на Уставот на Русија. За тоа во какви услови се раѓаше основниот закон на државата, се сеќава раководителот на експертската група за креирање на Уставот Андреј Гољцблат.

Со распадот на Советскиот Сојуз на постсоветското пространство се појави сосема нова политичка ситуација. Русија ја објави својата независност. На новата Русија ѝ беше потребно и ново државно устројство. Борис Елцин, како претседател на Врховниот совет на РСФСР, донесе решение за создавање на Уставна комисија на Врховниот совет на РСФСР и за подготовка на нов Устав на Русија. Така во 1989 година започна работата на проектот за Уставот. 

Почнав да работам во Уставната комисија летото 1990 година како раководител на секретаријатот. Тогаш имав 28 години. Одговорен секретар беше мојот врсник Олег Румјанцев. Експертите кои влегоа во Уставната комисија имаа по 50-60 години.

Новинарски поглед на крвавиот октомври 1993
Григориј Нехорошев, московски дописник за Би-Би-Си (1988-1995), зборува за тоа што се случувало во Белата куќа и во телевизискиот центар „Останкино“ за време на пучот од 1993 година.

За да се обезбеди нормален работен процес ни беа потребни најелементарни работа: компјутери, апарати за копирање. Во тоа време, секако, немавме ниту мобилни телефони, ниту и-мејл. Од техника имавме само еден телефакс за целата комисија, а и тој не се појави веднаш. Но, затоа постоеше жива атмосфера, чувство на ново, интересно време. Сите работеа со огромен ентузијазам. 

Јас имав Жигули-13. Можев да го паркирам точно пред вториот влез на Белата куќа. Се сеќавам кога ја добивме првата современа техника за работа. На нејзината основа во огромната спортска сала на управата на Советот на министри на РСФСР беше создадена компјутерска мрежа, во која се обработуваа многу амандмани за проектот за Уставот.

Работата на проектот за Уставот беше некако необична и незаборавна.  Можните интелектуални сили кои околу себе ги имаше Олег, овозможуваа да се реши која било задача. Ние едноставно немавме можност да се опуштиме. Споровите и дискусиите за проектот на Уставот се претвораа во вистински интелектуален натпревар. Се сеќавам како сите од комисијата заминавме во Архангељское во вилата на Советот на министри на СССР. Се сместивме таму и речиси цел месец работевме на проектот. Мислам дека тоа беше најпродуктивниот период од нашата работа. 

Во тоа време, секако, немавме ниту мобилни телефони, ниту и-мејл. Од техника имавме само еден телефакс за целата комисија, а и тој не се појави веднаш.

Најмногу спорови предизвикуваа главите од Уставот кои се однесуваа на ингеренциите на претседателот, на парламентот и на владата. Едни членови на комисијата настојуваа на тоа не само премиерот, туку и клучните министри да бидат назначувани со согласност на парламентот. Други, пак, предлагаа варијанта со која не се предвидуваше учество на парламентот во формирањето на владата. Притоа не беше предвидена функцијата премиер. Претседателот требаше во своите раце да ја има сета извршна власт.

Ги паметам тенковите од 1991 година, помнам како дојдов на работа во Белата куќа, откако набрзина се вратив од Крим, каде бев на одмор со семејството. Беше непријатно, но не беше страшно. Страшно беше потоа, во 1993 година, а во 1991 сè заврши брзо и, се чинеше, дека сè што е лошо остана зад нас и дека во иднина нè очекуваат само убави нешта. 

Кога се пукаше врз Белата куќа
Денес во Русија се одбележуваат 20 години од кулминацијата на уставната криза која заврши со гранатирање на парламентот следниот ден, 4 октомври 1993 година. Последиците од овие трагични настани во земјата сè уште се чувствуваат. Новиот устав, кој беше усвоен во декември 1993 година, му даде на претседателот речиси царски овластувања. Со кршењето на опозицијата на политичката сцена стапија нови партиски водачи, од кои поголемиот дел до денешен ден седат во Државната дума.

На 21 септември 1993 година си заминав од Белата куќа дома. Вечеравме и гледавме телевизија. Одеднаш вечерните вести прекинаа и претседателот се огласи со решение за распуштање на парламентот. По еден час дојдоа по мене и ми рекоа дека сите мораме да одиме во Белата куќа. Отидов. Беше околу 23 часот. Се беше собрал целиот секретаријат. Олег Румјанцев рече дека треба да напишеме проект-резолуција за Конгресот за односите кон указите на претседателот. Почнавме да пишуваме. Румјанцев постојано одеше на заседанието на Конгресот и се враќаше со текст и со корекции. Сите бевме изморени и околу пет часот наутро се прибравме по кабинетите за да поспиеме. Јас заминав дома. Следниот ден повторно се вратив, а Белата куќа беше оградена и веќе никого не пуштаа.

Ситуацијата нагло се влоши, од страста не остана ништо, беше јасно дека сето тоа нема брзо да заврши, а исто така беше јасно дека ни крајот нема да биде добар. Сепак, понекогаш успевав да излезам од Белата куќа. Таму имаше проблем со осветлувањето, со врските, проблеми со канализацијата. Во еден од првите денови на октомври излегов во темниот ходник. Луѓе со оружје се шетаа натаму-наваму. Ја отшрафив табличката на која беше напишано „Уставна комисија“ и ја зедов со себе. Си помислив дека ако е потребно можам повторно да ја зашрафам, а вака ќе си ја земам за спомен. И излезе дека е за спомен. Убаво што успеав да ја сочувам. Потоа му ја дадов на Олег, како на човек кој има полно право да ја чува. 

Потоа почна да се пука, уставната седница заврши, на референдум беше донесен доработениот проект на Уставот, беше избрана Думата. И така сè заврши.

Андреј Гољцблат е кандидат на правни науки. Член на Меѓународната (IBA) и на Американската правна асоцијација (АВА). Од 1991 до 1994 година бил раководител на секретаријатот на Уставната комисија на Врховниот совет на Руската Федерација. Бил на чело на експертите за изработка на Устав на Руската Федерација.

Целиот текст на руски јазик можете да го најдете на следниов линк

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.