„Кампањата за собирање потписи за поддршка на рускиот јазик започнува напролет следната година“, изјавува Татјана Жданок. Извор: РИА Новости.
Претставничката на алијансата, пратеничката на Европскиот парламент од Латвија, Татјана Жданок, за Гласот на Русија проговори за перспективите на рускиот јазик во Европа. Рускиот јазик е еден од петте најраспространети јазици во земјите од ЕУ, покрај англискиот, германскиот, францускиот и шпанскиот. Околу седум милиони Европејци зборуваат руски како втор странски јазик. За уште шест милиони граѓани на ЕУ рускиот јазик е мајчин. Најголемата русофонска заедница – околу три милиони луѓе – живее во Германија. Со руски традиционално се служеа и се служат во источните делови на Полска и на Романија. На устието на Дунав неколку векови живеат потомци на староверците кои ги сочувале рускиот јазик и култура. Повеќе од милион граѓани кои зборуваат во руски живеат во балтичките земји.
![]() |
„Институтите Пушкин“ ве канат Во десетици земји ширум светот ќе бидат отворени бесплатни школи за руски јазик. |
„Сепак, рускиот јазик нема службен статус во ниту една земја на ЕУ, ниту, пак, на европско ниво“, вели Татјана Жданок.
Директен пат би бил делегирање на овој статус од страна на една од земјите од ЕУ. Тоа пред сè би требало да биде Латвија, каде 40% од жителите зборуваат руски и каде рускиот е традиционален јазик. Но, ваквиот статус во Латвија сè уште не постои. Друг пат за користење на рускиот јазик во работата на европските структури е патот од врвот надолу. Поточно, станува збор за усвојување одлука на ниво на европските структури, меѓу кои на иницијатива на Европската комисија. За тоа е потребно да се организира собирање милион потписи.
Според правилникот овие потписи би требало да бидат собрани во најмалку 7 држави во ЕУ. Притоа во секоја земја е потребно да се премине одредена граница на потребни потписи. Така, во Естонија потребно е да се соберат околу 4.500 потписи, во Латвија 6.000, во Германија околу 74 илјади. Татјана Жданок е уверена дека петицијата за руски јазик ќе наиде на поддршка. Во истата таа Латвија за време на референдумот за давање статус на втор службен јазик во државата, „за“ рускиот јазик гласаа повеќе од 160 илјади латвиски граѓани.
„Во ЕУ која ја сочинуваат 28 земји, денес 23 јазици се службени. Последен ваков статус во 2005 година доби келтскиот јазик. Вкупно во ЕУ постојат повеќе од 60 регионални јазици. Федералниот сојуз на европските малцинства оваа година се обрати до Европската комисија со предлог на овие јазици да им се додели службен статус. Но, одговорот беше негативен. Тоа е зашто прашањата поврзани со образованието, државјанствата и користењето на јазиците е во компетенција на самите држави, а не на ЕУ“, изјави Татјана Жданок и додаде: „За жал, зад себе веќе имаме негативно искуство. Но, нема да се откажеме од својата идеја и сакаме да добиеме одговор на нашето барање. По анализата на можните грешки и нејасности, ќе го предадеме нашето барање до Европската комисија.“
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче