Кој да ја штити руската проституција?

Активистите за човекови права решија да покренат парница против Министерството за правда. Извор: PhotoXpress

Активистите за човекови права решија да покренат парница против Министерството за правда. Извор: PhotoXpress

Во Санкт Петербург активистите за човекови права решија да покренат парница против Министерството за правда, откако неговите службеници одбија да ја регистрираат непрофитната организација за сексуални работнички. Активистите ќе го тужат Министерството за правда на суд, затоа што се уверени дека проблемите со кои се соочува оваа категорија луѓе можат да бидат решени откако тие ќе престанат да бидат дел од криминалното милје. Според различни проценки, во Русија со проституција се занимаваат од 700 илјади до три милиони лица.

Проституцијата во Русија не е легализирана. Сепак, со проституција, според приближните проценки на Роспотребнадзор и на Министерството за здравство, се занимаваат околу еден милион луѓе. Според проценките на организацијата „Сребрена роза“, која е невладино движење што се занимава со проблемите на сексуалните работници, вакви лица има многу повеќе: околу три милиони. Со цел да се одбранат правата на сексуалните работници, активистите во мај годинава решија да регистрираат непрофитна организација. Сепак, Министерството за правда го одби ваквиот предлог, па активистите за човекови права се обратија на суд.

Во Русија проституцијата се смета за административен прекршок и се казнува со парична казна која е во износ од 20 минимални плати. Кривично се гони за занимавање со проституција (затворска казна до 8 години) и за основање организација која се занимава со проституција (затворска казна до 10 години), со што се смета дека е извршен тежок прекршок. Сепак Законот за административни прекршоци предвидува и административна казна – парична казна од 2.5 илјади рубли (околу 80 американски долари) – за примање приход од друго лице за занимавање со проституција.

„Сребрена роза настана од други волонтерски и добротворни проекти кои се занимаваа со проблемот на проституција“, вели раководителката на овој проект Ирина Маслова. Претходно таа има работена во една слична добротворна организација, но тој меѓународен проект, кој ја финансирал активноста, бил затворен, така што останала само желбата на Ирина да им помага на другите.

„Имавме многу добро искуство, работевме со уличната проституција во Санкт Петербург, Иркутск и во Челјабинск. Кога проектот беше завршен, службениците од Министерството за здравство имаа намера да ја земат врз себе оваа превентивна работа со проститутките, но, за жал, тоа не им успеа. Самите организиравме неколку конференции, а потоа решивме да се обединиме и да основаме организација“, вели активистката. Таа додава дека нивната помош им е потребна на многумина што се наоѓаат во сферата на давање сексуални услуги. „Наши штитеници се мажи, жени, трансродови лица, на возраст од 18 до 72 години. Сите тие имаат различни приходи, различни социјални статуси. Различни им се и условите за работа. За нашата работа се заинтересирани и сопствениците на јавни куќи кои им се обраќаат на лекарите со кои работиме, со цел тие да извршат преглед на нивните вработени“, вели Маслова.

Таа е уверена дека на основа на човековите права на приватен живот, кои се загарантирани со Уставот на Руската Федерација, може да се одвои проституцијата од низа занимања кои се гонат кривично и да им се допушти на луѓето самите да решаваат за своето тело.

Регистрацијата на непрофитната организација била одбиена од службени причини, објаснува соговорничката за Руска реч на македонски: „Дури и нè обвинија дека поттикнуваме меѓунационална омраза, уште малку ќе нè обвинеа и за екстремизам. Освен тоа, службениците рекоа дека доколку проституцијата не постои во индексот на занимања, тогаш не може да постои ниту организација. Но, организацијата ни е потребна за да можеме да ѝ помогнеме на оваа група од населението и за да ги решиме нивните проблеми, Да ги одбраниме од лошите клиенти и од корумпираната полиција“.

Сексот од времето на дедо
За тоа како изгледал сексот во времето на Сталин, за порнографијата во СССР и за проституцијата пред перестројката!

Ирина Маслова не ги цени многу парламентарците, зашто најчесто наидува на нивната желба да заработат дополнителни поени на проблем кој е сосема очигледен.

Претседателката на Советот за непрофитно партнерство „Правници за цивилното општество“ и членка на Јавната комора на Руската Федерација, Дарија Милославска, објаснува дека голем број непрофитни организации се сретнуваат со тешкотии при регистрацијата, „Министерството за правда има свои барања, но тие во законот не се точно формулирани и тоа доведува до вакви недоразбирања“, објаснува правничката. „Честопати бараат некои зборови да се тргнат, да се додаде или да се измени нешто. И, доколку постојат грешки од службена природа, тогаш се мали шансите да се добие на суд. Ако Министерството за правда има приговори во врска со содржината, многу се поголеми шансите предметот да се добие. На крајот на краиштата, различните територијални пододдели на Министерството за правда можат да толкуваат исти нормативи на различен начин, судот, исто така, може да ги толкува на свој начин, па на тој начин да ја заземе страната на тужителот“.

Милославска е уверена дека „Сребрена роза“ од службена гледна точка има големи шанси да биде регистрирана, но ќе мора сериозно да се запраша за формата на својата организација. „Сметам дека формата на организацијата не е правилно наведена. Ако се работи за помош на луѓето во сферата на сексуалните услуги, тогаш тоа не е организација. Организацијата во себе мора да вклучува работници од таа сфера, а не активисти за човекови права или правници. Всушност станува збор за организација која дава помош или поддршка на сексуалните работници, па таа форма на организација има поинаков статус и други управни органи. Ако е неправилно избрана формата, Министерството за правда може да го одбие барањето“, истакнува правничката.

Бизнис од решетки
Руските власти сакаат да им го подобрат животот на затворениците со поддршка на претприемачите.

Адвокатот на Собранието на Санкт Петербург Виталиј Милонов во интервју за весникот „Комсомолска правда“ изјавува дека организацијата најверојатно нема да биде регистрирана, па дури и дека против организаторите може да се покрене казнена или административна постапка, зашто во основањето на организацијата може да се видат основи за потенцијална проституција.

Кога станува збор за моралната страна на оваа организација, стручњаците најчесто се сложуваат со „Сребрена роза“. И тие сметаат дека проституцијата треба да се одвои од криминалната сфера. „Сметаме дека проституцијата треба делумно да биде легализирана. Во ниту една земја во светот ова подрачје не е целосно легализирано, секога постојат определени ограничувања“, вели Марк Левин, раководител на Катедрата за микроекономска анализа на Високата економска школа.

Со него се сложува и Михаил Виноградов, раководител на Центарот за правна и психолошка помош во екстремни ситуации. Освен тоа, тој е уверен дека луѓето што се занимаваат со овој вид дејност, се повеќе од три милиони и би било подобро доколку би плаќале данок. „Во многу држави од светот секс-индустријата е во целост легална работа и донесува големи приходи во државниот буџет. Како и во која било друга индустрија и тука постои темна страна, но тоа се веќе поединечни случаи. Легализацијата може да ги реши не само паричните прашања, туку и медицинските. Постојат жени, кои од медицински потреби чувствуваат потреба за секс многу повеќе одошто можат да добијат во семејството. Стручњаците сметаат дека постоењето секс-индустрија е сосема нормална општествена карактеристика.

Вакви професионални организации постојат во Германија, Велика Британија, Холандија, Франција, Австралија, Бразил.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.